Кривопаланчанец загина при сечење бука
Кривопаланчанец загина при сечење бука. Несреќата, како што информираат од полицијата, се случила завчера околу 16,40 часот во селото Нерав, Кривопаланечко. Четириесет и седумгодишниот Славе А. сечел буки во месноста Вирови во близина на селото. Притоа, го потиснала една гранка, по што починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Крива Паланка. Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа. (Д.Т.) |