Украдени 18 илјади евра од две куќи
Околу 18 илјади евра биле украдени од две куќи во Скопје и во селото Пласница, Македонски Брод. Според полицијата, првата кражба се случила пред два дена во попладневните часови, кога крадецот насилно влегол во куќа на улицата „Лисец“, од каде што одзел 3.000 евра и златен накит. Арамијата му предизвикал на сопственикот штета од околу 600 илјади денари.
Втората кражба се случила во периодот од 18 до 21 август годинава во селото Пласница. Крадецот, користејќи згодна можност, влегол во куќата на А.Н. (64), од каде што одзел метален сеф во кој имало околу 6.000 евра и златен накит во вредност од 2.000 евра. Полицијата трага по крадците. (Д.Т.) |