Претставка за „Космос“ до Градежниот инспекторат
Инвеститорот на „Космос“ пиша претставка до Сашко Дуковски, директор на Државниот градежен инспекторат, како реакција на извештајот на инспекторот дека Општина Гази Баба не го прекршила Законот во случајот „Космос“. Од „Фине“ сметаат дека извештајот е непрофесионален, нестручен, несамостоен и субјективен. Од „Фине“ имаат низа забелешки на работењето на надлежните, поради што случајот ќе се пресели во судските сали во земјава, но и во Стразбур. „Ве уверуваме дека времето ќе потрае, меѓутоа последиците ќе бидат ваши, а тоа ќе го докажат аргументите и доказите со кои располагаме“, пишува инвеститорот на станбениот комплекс „Космос“. (Г.А.)
|