Починал по паѓање од тераса на викендичка
Грчки државјанин почина по паѓање од тераса на викендичка во атарот на Кавадарци. Несреќата, според полицијата, се случила вчераутро околу 5,20 часот. Сопственикот на викендичката се јавил во полиција и пријавил дека во месноста Васовград се случила несреќа. Шеесет и шестгодишниот грчкиот државјанин Георгиос У. починал на самото место.
„На местото на несреќата интервенирала екипа на Брза помош и е извршен увуд од екипа од ПС Кавадарци. По наредба на истражен судија, телото на починатиот е предадено за обдукција“, велат од МВР. (Д.Т.) |