Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хроника

Бошкоски по втор пат ограбен, сега му ја снема „ланчијата“

Нова кражба во куќата на притворениот лидер на Обединети за Македонија

Горан Адамовски


Се случи нова кражба во куќата на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Украден е автомобилот на поранешниот министер за внатрешни работи, а што е одземено однатре - ќе се утврди по увидот, кој вчера не можеше да биде извршен, бидејќи никој од сопствениците на куќата не беше дома. Од ОМ се сомневаат дека и овој случај е поврзан со неодамнешното апсење на Бошкоски.

Од скопската полиција велат дека вчера околу 10,50 часот кај нив било пријавено оти насилно било влезено во куќата на Бошкоски на Водно.

„Било извршено претурање, одземен е автомобил ‘ланчија‘, најверојатно, со оригиналните клучеви, но не можеше да биде извршен увид, бидејќи ниту еден од сопствениците на куќата не е дома“, велат од СВР - Скопје. Инспекторите од Крим-техника ја запечатија куќата и внатре не може да влезе никој. Дури и сопругата на Бошкоски, Виолета, кога ќе се врати од Хрватска, ќе мора да побара дозвола од полицијата за да влезе дома, по што инспекторите ќе извршат увид.

„И ова објаснување од полицијата е дополнителен сомнеж дека станува збор за добро искоординирана работа“, изјави Наталија Ивчева-Тасева од ОМ.

Во куќата на Водно нема постојани станари откако Бошкоски е во притвор, а сопругата често е во Хрватска. Нивната внука, како и мајката на ексминистерот биле задолжени да проверуваат дали е се' во ред. Но, ноќта спроти понеделникот немало никој. Системот за безбедност, инсталиран во куќата, не работел веќе две години. Еден од сопартијците на Бошкоски, минувајќи по улицата, забележал дека го нема возилото на лидерот, кое со недели стоело пред куќата.

„Кој би можел да го украде тој автомобил, кој беше на вештачење во полицијата откако полицијата тврдеше дека во багажникот пронашла 100.000 евра, кои Бошкоски ги зел во изборната кампања? Нема полицаец што не го знае тоа возило, ако го забележат - веднаш ќе знаат дека станува збор за украден автомобил. Од таа причина, таа ‘ланчија‘ не може ниту да се вози ниту да се продава, па затоа се сомневаме дека кражбата е смислено сценарио на службите“, обвинуваат од ОМ.

Сеф во кој имало неколку пиштоли беше украден од куќата на Љубе Бошкоски пред неколку недели. Овие кражби во куќата на Водно се случуваат додека Бошкоски е во притвор и го чека почетокот на судењето. Тој беше уапсен само еден ден по парламентарните избори во јуни годинава по обид да прими 100.000 евра, со кои требало да ја плати изборната кампања. Неговите приврзаници се убедени дека акцијата „Кампања“ е одмазда на власта спрема лидерот на ОМ.


#
Статијата е прочитана 5297 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 23.08.2011 01:25:56
Sega od obedinetite ke se javat i ke kazat deka Gruevski e kriv, toj go ukral avtomobilot :)))))
Од: Диктатурите имаат одброени денови
Датум: 23.08.2011 02:13:35
Се е како во времето на Хитлер и неговите јаничари. Но, едно не е- НЕ Е ТОА ВРЕМЕ луѓе и повеќе нема да биде толерирано самоволието и диктатурата на непринцип��елната коалиција на арамии, криминалци и терористи. Денес диктатурите се требат и се во ИЗУМИРАЊЕ. Така ќе биде и со оваа!
Од: jimmy1
Датум: 23.08.2011 06:36:10
Ne misteriozno tuku rezirana krazba od aramiite na VMRO. Sigurno nemozat da mu e urivaat kucata pa se osvetuvaat so kradenje. Toa e delo na VMRO-ovskite aramii i lopovi. Ovaa partija ima sekakva stoka vo nivnoto clenstvo, aramii, lopovi, tepaci, mineri, kriminalci i sto ti ne, a gi baraat vo drugite partii. Neznaev deka nie narodot makedonski deka sme tolku zaspani pa dozvoluvame eden gavol Grujo da si gi leci kompleksite so site nas. Ova sto im se pravi na makedoncite os "svojot" premier da im se plavi na siptarite ke izlezan sve zivo da protestiraat ili da gi zastituvaat, a nie samo nemo gledame. Do Zrak; Navistina skros si zabegal. Nema potreba da go kritikuvan B.C. B.C. nee na vlast. B.C. ne uriva zgradi i ne zatvora televizii, B.C. ne donesuva zakoni pod hitna postapka, B.C ne vrsi diktatura protiv svojot narod. Dokolku eden den toj dojde na vlast ke go kritikuvam so polna parea dokolku ne raboti za dobroto na drzavava i za dobroto na makedonskite gragani, a vas vo sonot ve maci.
Од: sando nepartijec
Датум: 23.08.2011 06:39:48
kako što ja gledam kučava dobro i pošteno rabotel boškovski vo makedonija a da ne zborime vo hrvatska što ima TITO kako predsedatel za 45 godini ništo ne ostavil na sinovite ne znael da raboti kako našiot eks minister
Од: Коста Стоименовски
Датум: 23.08.2011 07:37:05
Со цел да го изразам својот револт спрема актуелната, но и спрема претходната власт решив да се ангажирам во кампањата на Љ. Бошковски за претседателските избори! По собраните околу 11.000 потписи се повлеков! Видов дека човекот „лебди“ во воздухот, дека си вообразува оти е „НАЦИОНАЛЕН ХЕРОЈ“ и дека не за „џабе“ некои медиуми го третираат како циркузант! Народот/гласачите на парламентарните избори го „полија“ со ладна вода и го отрезнија! Ветуваше дека ќе му носи храна на Н. Груевски во штипскиот затвор и самиот заврши во затвор, по онаа народната „Кој на друг му копа гроб.....“! Меѓутоа, веќе и на врапците им е јасно дека човекот е наместен од оние на кои им се закануваше! Тоа повеќе им штети на „местачите“ отколку на Љ.Б.! Пуштете го! Верувам дека вака „избањат“ (со ладна вода) и „отрезнет“ ќе си замине во Хрватска и дефинитивно ќе се откаже од политиката каде што очигледно залутал!
Од: cobe
Датум: 23.08.2011 07:53:26
Providno.................
Од: Moris
Датум: 23.08.2011 07:55:06
Najverojatno Ljube ima nekoi dokumenti koi ne mozat da gi najdat so koi se diskreditira nekoj pa nema da e isklucena moznosta da mu ja ograbat i kucata vo Hrvatska. I kako toa vo makedoija se ograbuvat kuci pa ima li policija vo ovaa drzava.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 23.08.2011 08:21:15
Aj sega,komparacija so Tito!Sustinata e vo odgovorot na prasanjeto,ima li i kolku se i bile cesni i doblesni politicarive sto ja praktikuvale vlasta vo dolgata i macna ,nasa,tranzicija?Koga sum na vlast,gi detektiram ,,ne- bulozite,,na politickiot oponent i obratno!Makedonski Gordiev jazol,sindrom i okrutna realnost!Ima li kraj?!
Од: markos
Датум: 23.08.2011 08:33:33
bravo za kosta . dosta ni bese od komedianti vistina e deka nasiot narod e nepismen i deka e lesno so nego da se manipulira no takvi cirkuzanti kako brat ljube vistina golema lupost e da imame i da gi narekuvame Makedonski politicari!
Од: od mene
Датум: 23.08.2011 10:58:38
Neka si odi vo Hrvatska da im pravi na istrani kebapi i gravce tavce.... Koj nego go donese ovde da se pravi politicar? I ajde neka mi kazat tie sto go namestija od VMRO od kade mu na nego tolku pari za da napravi odma kuka na Vodno? Kolku pari cini toa? A be ne pravat budali so godini nekoi kafandzii be i uste mu se mislime... Go znaeme koj e Boskovski ko trcase doma mu sekoj faks da go cita sto ke mu go pratese Ljubce bugarinon ...
Од: milica
Датум: 23.08.2011 11:53:21
Prasuvate od kade mu e toj imot? Javna tajna e deka Ljube i Ljubco gi prodadoa makedonskite braniteli 2001 i bea plateni debelo da go potpishat porazot taka narechen Ohridski/Ramkoven dogovor, posle potpishaniot poraz koj fati Hrvatska koj Bugarija, i sega pak istite tie se vrakjaat kako spasiteli na Makedonecot, kako ne im e sram.
Од: девичанецот
Датум: 23.08.2011 12:16:09
Таков бизнисмен во Хрватска...политичар и Министер во Македонија...а да биде наместен??? Е тоа навистина не може да ми биде јасно!!! А Коста пак нека собира потписи за човекот што рецититра!
Од: jas
Датум: 23.08.2011 12:54:37
vo zivotot se se vraka i se se plaka. Gospogata Ivceva ocigledno zaboravila koga dosla vo skopje kako gi stanuvala lugeto od nivnoto stolce na nivnoto rabotno mesto za taa da sedne dojdena po nalog na partijata, zaedno so nejzinata togasna sefica Dosta Dimovska.
Од: ОНУФРИЈЕ
Датум: 23.08.2011 13:54:10
Као дошло така ошло веллат кај нас
Од: забеган.
Датум: 23.08.2011 16:17:06
Лелеееее СОНЧОГЛЕДИ до вчера за Љубча и Љубета се бесеа а сега?.Небре несте вие зрели за Држава.Затоа отиде на рабуш.

Најди! во Утрински
Хроника
Претставка за „Космос“ до Градежниот инспекторат
Над 400.000 евра се штетите од последното невреме во Прилеп
Украдени 18 илјади евра од две куќи
Пукал на свадба, си ја погодил ногата
Починал по паѓање од тераса на викендичка
Кривопаланчанец загина при сечење бука

"""