Промоција на „Две перници“ од Оливера Ќорвезироска
КИЦ и Издавачкиот центар „Три“ вечерва ќе ја промовираат книгата раскази „Две перници“ од Оливера Ќорвезироска. Промоцијата ќе се одржи во Салон 19,19 со почеток во 19,19 часот.
Оливера Ќорвезироска завршила Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи. Автор е на книгите: „Трети кат“ и „Високите бели“ (поезија), „Кифличката Мирна“ и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (романи за деца), „Дедо Миле“ (сликовници заедно со Глигор Костовски-Гишо), „Заклученото тело на Лу“ (роман за возрасни)и други. Застапена е во петнаесет антологии на современиот македонски расказ, објавени дома и во странство. Нејзините раскази се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, турски, чешки, српски, словенечки, бугарски, полски и руски јазик.
Книгата ќе ја промовираат, Весна Мојсова-Чепишевска и Ангелина Бановиќ-Марковска. (Н.П.) |