Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

Се топи популарноста на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

За еден и пол месец поддршката на Груевски паднала за десет проценти, а на неговата ВМРО-ДПМНЕ за осум

Оливера Војновска

Изгледа дека премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го достигна зенитот на популарноста и неговата поддршка почнува да се топи. Последната анкета на Американскиот републикански институт - ИРИ (направена пред десетина дена на 1.200 испитаници) покажува дека поддршката на Груевски паднала за десет проценти, а на неговата ВМРО-ДПМНЕ за осум отсто во однос на истражувањето спроведено пред еден и пол месец.

Ваквиот сериозен пад на популарноста, според оцените на аналитичарите, се должи најмногу на разочараноста на граѓаните во однос на проекцијата на ветувањата. Процените се дека „славата на Груевски достигна кулминација и ѕвездите веќе не му се наклонети, па во наредниот период неговата популарност засилено ќе оди надолу“, главно поради натрупаните економски, финансиски и социјални проблеми.

Политичкиот аналитичар и професор на ФОН, Мерсел Биљали, вели дека заслепеноста на премиерот од „ѕвездените моменти му се враќа како бумеранг“. „Социјалниот сегмент станува одлучувачки за популарноста на политичките партии и нивните лидери. Народот му испраќа јасна порака на Груевски дека не може да го храни со празна лажица. Толку беше од неговата популарност која имаше галопирачки димензии, го достигна врвот и нема повеќе да расте, туку рапидно ќе опаѓа“, прогнозира Биљали.

Според него, луѓето се со празни џебови, изморени од силната национална реторика и не веруваат во политиката базирана на антикизација, туку бараат конкретни решенија. Тој е на мислење дека медиумските кампањи почнале да го даваат ефектот на бумеранг, па наместо да им носат поени, тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе добиваат пенали. „Се случи отрезнување на народот. Никогаш нема да се повтори таква слава на Груевски“, уверен е Биљали.

Професорката Билјана Ванковска очекувала дека ќе се случи пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. „Кога владеете со маркетинг, кампањи и всушност ’предизборно’, иако сте победиле на избори, се соочувате со проблемот на менаџирање на очекувањата. Порано или подоцна, реалноста го покажува своето лице и тогаш на површина повторно испливуваат старите, инаку потиснати, проблеми“, смета Ванковска.

Таа оценува дека ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија потфрли на повеќе полиња: мачната ситуација со штрајкот во образованието, проблемот со стечајците, здравството, отфрлањето на предлогот за донесување закон на бранителите, проблемот со млекопроизводителите, а највознемирувачка слика предизвикал дисциплинираниот марш на припадниците на Армијата. Реформата со бруто-платата погоди огромни категории лица, а хаосот што владее на Универзитетот покажува слаби институционални и менаџерски капацитети.

„Животот е неумолив и е посилен од секоја пропаганда и маркетинг“, додава Ванковска.

Директорот на Центарот за политички и мултикултурни студии, Ризван Сулејмани, смета дека три фактори влијаеле на пресвртот во популарноста на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. „Очекувањата кај граѓаните беа огромни и сега веќе се чувствува замореност, изневереност. Тоа јасно се препознава, луѓето се незадоволни од разни причини, излегуваат на улиците и го искажуваат револтот. Од друга страна, се прекина и машинеријата на владините кампањи, па колку-толку се отвори простор на површина да излезат и други видувања, а не само од едно - на власта. Претседателската дебата покажа јасна поделба на две крајно спротивставени опции: антикизација- словенизација, изолација или европеизација. Сето ова придонесе за уривање на сликата за Груевски и за ВМРО-ДПМНЕ создадена во јавноста“, вели Сулејмани.

Во последната сондажа на ИРИ на прашањето дали премиерот заслужува реизбор позитивно одговориле 51 процент од граѓаните, за разлика од анкетата спроведена во декември минатата година кога поддршка му искажале 61 отсто од испитаниците. Прашани за кого би гласале кога сега би се одржале парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 30 отсто, додека во декември за партијата на Груевски биле 38 проценти од анкетираните. Поддршката за СДСМ се' уште е многу ниска – 10 проценти.

Исто така, во оваа анкета Владата и премиерот добиле помали оцени од претходните. Владата од 3,07 паднала на 2,83, а Груевски од 3,33 на 3,09, што претставува негова најмала просечна оцена откако првпат е избран за премиер во јули 2006 година.

Истражувањето покажува дека процентот на граѓаните кои сметаат дека невработеноста расте се зголемил за 13 отсто, односно од 58 отсто во декември пораснал на 71 отсто. За еден и пол месец се намалил процентот на граѓани кои мислат дека Македонија се движи во вистинска насока од 31 на 25 отсто, на оние што сметаат дека во Македонија се живее подобро од пред една година од 21 на 16 отсто, како и на оние што сметаат дека Македонија е постабилна од пред една година, од 30 на 24 отсто.

Во изминатите три години Груевски и ВМРО-ДПМНЕ постојано бележеа голем рејтинг во анкетите. Трендот на раст на нивната популарност се задржа и по вонредните парламентарни избори во јуни минатата година, кога 37 отсто од анкетираните одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а задоволство од резултатот на парламентарните избори искажале 66 отсто од испитаниците. Според податоците од анкетата на ИРИ објавена во октомври, ВМРО-ДПМНЕ имаше рејтинг од 38 проценти, а на прашањето дали Груевски заслужува да биде реизбран, 61 отсто од испитаниците биле „за“.


Статијата е прочитана 6857 пати.

Испрати коментар

Од: Ostrovo43
Датум: 20.02.2009 00:08:43
Колкав рејтинг има Премиерот и ВМРО-ДПМНЕ ке видиме на 22-ри март, И престанете со лагите од типот:реклами, антиквизација...Поддршка за Владата
Од: Goran
Датум: 20.02.2009 00:09:49
Gi zastitija volcite, a volcite tolku mnogu se nakotija sto napravija neviden masakr vrz stokata. Vovedoa zakon za patriotski softver, a uste pred da go vovedat zakonot im rekoa deka ke padne na ustaven. Nepotrebni stresovi i uplav od kazni po 5000 evra, mnogu pari potroseni zaludno a krajot seuste ne se gleda, uste kolku pak sega ke treba da se plati za da se izvadi softverot. Kompjuteri za sekoj ucenik a ucitelite nepismeni i ucilnicite nespremni za kompjuteri. Zabrana za najlonski kesi a gubre i ponatamu ima kolku sakas, badijala troskovi za hartieni kesi. Vakov zakon ke bide neophoden, no posle edno 10-20 godini a ne sega vo vreme na kriza. Ima uste mnogu naivni gluposti sto gi napravija... Sepak se plasam pak da ne se vrati SDSM na vlast, od niv nema polosi. Taka da izborot ni e za nikade, pesimist sum.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 20.02.2009 00:10:58
Znaci ne se ziveelo od rejting i lazgi so opaski? Sto bi rekol Latas - jaooj, ne mogu da verujem! :))
Од: jane
Датум: 20.02.2009 00:12:24
samo poraz na ovaa vlada e ednakvo na spas na drzavata. se pak mislam deka narodot pocnuva da se osvestuva i svaka vo kolku losa sostojba se naoga. sekoe drugo scenario za mene ke znaci napustanje na mojata zemja
Од: Makedonec
Датум: 20.02.2009 00:13:27
Anketa sprovedena na 1200 ispitanici a vo Makedonija ima 2 milioni ziteli.. Anketa naracana od Sdsm i samo za licnite potrebi na Sdsm koga nivniot rejting i so i bez Vmro Dpmne iznesuva 10% i nisto poveke! Sdsm se predavnici! Mora da se unistat! Sdsm e najgolemata katastrofa so epohalni posledici za drzavata!
Од: struzanec
Датум: 20.02.2009 00:18:01
E bravo,kakvi analiticari prasuvate...alal da vi e!Izgleda sekoj stana " Политички аналитичар". Edinstveno megju ovie"analiticari" ovde fali Frcko.Dobro opravdano mu e,covekot nema vrema da gi druzi ovie,ke stanel predsedatel na drzavata.:)
Од: getbet
Датум: 20.02.2009 00:20:02
Ne veruvam deka ke ima promeni, posto vo Makedonija ima tolku mnogu glup narod sto ne moze da stati deka nema leb za jadenje, a da ne govoreme pak da treba da svati ovoj narod deka sme ubedlivo posledni vo Evropa
Од: Jan
Датум: 20.02.2009 00:21:22
I najdobrata reklama na svetot,bez dobar i kvaliteten proizvod,posle odredeno vreme nosi unistuvanje na toj proizvod za mnogu golem period,a mozebi i zasekogas. Vreminjata od 40 tite g. na minatiot vek se mnogu promeneti.Sega se se doznava so brzina na svetlosta,a i nasava drzavicka e mnogu mala. Stravot i presijata moze da deluvaat nekoe vreme,no koga ke dojde noz do koska,sto se veli,plaslivite stanuvaat nasilnici,i rusat se pred sebe.
Од: Dejan
Датум: 20.02.2009 00:31:07
Jas go podrzuvam Gruevski i vladata, a i site sto gi znam sto go imale toa mislenje,seuste ne go smenile.Dali ova SDS se aktivira ili sto e ne znam ama kako sto rece eden komentar na citatel vo drug vesnik, vremeto na SDSM doaga , za edno 100 godini koga pak ke pobedat na izbori ke gi resat site problemi sto VMRO gi napravi i ke gi pravi.
Од: Шарлатан и манипулатор
Датум: 20.02.2009 00:32:25
Во повеќе наврати предупредував дека измамите и лагите што ги покрива со глупи реклами ќе му се вратат како бумеранг. Казната веќе стигна, а финалето може да биде катастрофално! Скоро сите „проекти“ што ги најавуваше со голема помпа се покажаа како големи утки. Нема и не може да има перспектива земја во која Министерството за култура е најголема градежна фирма (шмизли, споменици, музеи, спомен куќи, театри....)! Премиерот кон буџетот на државата се однесува како да го наследил од неговите родители и дека има право да го троши така како што тој мисли!? Во агилноста да го полни буџетот премиерот настојува да цеди сок од сув дрен, губејќи предвид дека во државата бројот на оние кои гладуваат, осиромашуваат и/ли остануваат без работа постојано расте! Забрзано се ближи крајот на едно арогантно и диктаторско владеење!
Од: jovceska
Датум: 20.02.2009 00:40:27
Rejtingot na VMRO a so toa i na Nikola Gruevski e seuste visok,a toa ke se dokaze na 22mart
Од: k.k
Датум: 20.02.2009 00:42:04
Mislam deka ni najmalku ne e padnat rejtingot na Gruevski no deka e ova mediumska vojna protiv nego a toa ce se vidi dali e vistina ili ne za eden mesec.Nikola samo napred.
Од: strumicanec
Датум: 20.02.2009 00:43:26
trgna vozot nadolu ... kolku pobrzo ke si otide vmro tolku podobro za Makedonija
Од: Филип Јовановски
Датум: 20.02.2009 00:50:15
Редно време е на сцена да настапи вистинскиот лидер на вистинското ВМРО г-динот Љубчо Георгиевски. Преку глава ни е од комунистичкото и диктаторско ДПМНЕ!!!
Од: soldier
Датум: 20.02.2009 01:02:29
pa fala bogu veke narodot se osvesti ama pak ista prikazna narodot kako ovci zarem ne gleda narodot deka gruevski so ni naprai ne izolira od svetot vodi pogresna nadvoresna politika vnatre vo drzavata haos socilajni slucaji ekonomska politicka kriza meguetnicki tenzii sto uste ne zarem ne e dosta veke ova narode kazete ednas za sekogas DOSTA E
Од: Pravnik Uni Vienna
Датум: 20.02.2009 01:35:52
Pozdrav do site citateli na Utrinski! Toa sto treba da mu se priznae na Premierot Gruevski podobruvanje vo zemjodelstvoto..i nekoi vnatresni raboti,no ipak za dnevnopoliticki celi, selektivnosta ne izostana,so mnogu mnogu mediumska propaganda,i kratkorocna strategija,summa summarum za da se dobiat izbori,a ne za dolgorocni celi!I mnogu naivnost,mladost i neposlusnost kon ukazuvanjata na ekspertite,ne osporuvam deka nema energija za rabota!Za da se bide uspesen treba da se SLUSA,eden od najvaznite principi koi funkcionira kaj evropskite politicari,iako se ima mandat od narodot i se ponesuva odgovornost za postapkite!Da ne zboruvam za nadvoresnata politika koja ne funkcionira!!A tokmu ovoj sektor treba da bide mnogu silen,osobeno za malite i slabi drzavi,kako makedonija!Ako nemate prijateli i nemate strategija kako da se odnesuvate so prijatelite,komsiite,se izolirate i pagate vo depresija,bilo toa ekonomska depresija,politicka ili socijalna depresija!A koga pagate vo depresija se znae
Од: Deni
Датум: 20.02.2009 01:41:37
Ajde ajde sitno mu e,mu se brojat denovite.Neka e airlija. Pozdrav
Од: goran
Датум: 20.02.2009 03:08:07
Dobar tekst,namalena e podrskata. Sepak opozicijata e daleku taka da seto toa ima vlijanie samo kako diskusija.
Од: mitko gleda spor proces
Датум: 20.02.2009 03:35:56
Grujo i Vladata se katastrofalno slabi i ja unistuvaat zemjata ama toa nasiot narod uste ne moze da go sfati zatoa sto na nea i prethodea Vladite na SDSM. Treba da se poceka malku narodot da sozree, ako ne crkneme pred toa.
Од: Amerika
Датум: 20.02.2009 03:37:32
lazna nades za komunjarite propadnati vo dupka cekaat nekoj drug da gi vadi da zivee VMRO
Од: goran
Датум: 20.02.2009 04:08:42
jas sum clen na vmro dpmne ali ne go podrzuvam gospodinot premier toj saka nie od glad da umreme samo nekoi zakoni nistava pa nebiva taka jas sum i ke ostanam vo vmro ali gruevski treb da leta pod hitno ne ni e potreben toj ne e on glaven da nareduva sto da se pravi treba da e so narodot oti narodot go stavi da lapa kaj sto e ali nema da mu bide vecno mu se brojat denovite ako prodolzi vaka
Од: koko
Датум: 20.02.2009 04:11:27
dali stvarno brat ljube sfati sto e vmro-dpmne , sto znaci i najgolemiot patriot mu svrti grb na grujevski ovde ne mi je jasno ili e samo nekakva si igra pomedju vmro, a za ova za rejtinzive nema nekoja si uloga golema ,sepak mi mirisa na matno i valkavo .
Од: Boban
Датум: 20.02.2009 05:20:55
Nikogas ne sum bil clen nitu na edna partija ...SDSM gi zagubi izborite zaroa sto rabotea loso ...VMRO (po vtor pat )dobi sansa ,no mozam da kazam kako potpolno nmeutralen i kako covek koj nikogas ne dobil nisto od nitu edna vlada na MK ,mislam na vrabotuvanje ili sl .otsekogas samiot sum rabotel vo privatniot sektor i zatoa mozam da kazam deka :Ne postoela (se nadevam deka nema nitu da ima ) polosa vlada od ovaa na Gruevski ...Reklamerstvoto ke mu go drzi rejtingot uste nekoje vreme ( sto e mnogu loso za MK ) no bas zatoa otreznuvanjeto i posledicite ke bidat NESOGLEDIVI.Iskreno bi sakal da gresam ...no znam deka od pokrienost na izvozot so uvoz za samo 3 god. uspea da go svede od 104 % na bedni 58% ...deviznite rezervi od blizu 1milijarda i 800 milioni Evra na 1 milijarda i 400 milioni ...i uste mnogu mnogu uzasni raboti za ekonomijata na zemjava ,I nemoj VMR-OVCITE da velat deka sekade e kriza ...da ama poslednite nekolku meseci a seto ova Gruevski go pravi vo izminative 3 god
Од: Шишко-Охрид
Датум: 20.02.2009 05:50:22
Абе не тресете глупости ако не беше оваа влада до сега и име и нација и нас ке не продадеа а можда и во грција на пристаниште ке работевме како црнците едно време во Америка (робој)ке бевме мене ми е јасно кој се радува на намалување на рејтингот али немој многу да се радвите зш мислам дека ако паднит владава ке плачите.Само не дај боже да паднит.
Од: Petre
Датум: 20.02.2009 06:00:06
Stvarno ste dobri... Bas da vidime kako ce pominete na slednite izbori
Од: realen
Датум: 20.02.2009 06:36:30
ako izleze na tv duel na slednata anketa ke mu padne rejtingot do 0,3 %
Од: Ace od Avstralija
Датум: 20.02.2009 07:14:06
Se kladam deka ispituvani bile grko- bugarot vo EU, Oli Julcovski od Strumica i uste 2-30 kako niv.
Од: Оли Јулчовски - Струмица
Датум: 20.02.2009 07:25:40
Со свој камен по глава.Така рекол овој древен Македонски народ.Но како што изгледа Вождот не ги знае вистинските народни поговорки или ги заборавил па упорно продолжува со неговото популистичко и апсолутистичко владеење.Но се си има своја граница така и Џо Далтон ги излижа своите каубојки,Народот свати дека го ВОЗИ А од друга страна тој и фамилијата си ги полнат џебовите многу стручно обвинувајки ги политичките противници за корумпирани,Сите се Лопови само тој не.Но Гаволот како што изгледа ги Скина Опинците.Ама штетата од неговото владеење тешко ќе се поправи,Ја направи Македонија без образ.
Од: MLEKARKA
Датум: 20.02.2009 07:38:24
Balonot-vlada ke PUKNE skoro skoro, ne se zivee od reklami, spomenici, sali i slikanje, dobro e sto mlekoproizvoditelite gi ZEDOA parite od Svedemilk.
Од: opulete se
Датум: 20.02.2009 07:53:25
Za kakvo topenje na poularnosta pisuvate? Golemite "analiticari" Biljali, Vankovska, Sulejmani i sl. neka malku prosetat niz narodot i ke vidat deka nivnite izjavi nemaat vrska so toa sto go mislat gragjanite. Na ovie izbori Gruevski i VMRO ke pobedat uste poubedlivo od lanskite. Ako togas gi osvoija polovina od pratenicite, sega ce gi dobijat bezmalku site gradonacalnicki mesta.
Од: Maja
Датум: 20.02.2009 07:56:03
Jupiiiiiiiiiiiiii Bravo Ušte malku i premierot i negovata DPMNE ke gi odnese cunamito vo nezaborav Bravooooooooooooooooooooooo
Од: jovan
Датум: 20.02.2009 08:05:47
I toj rejting sto go imase bese blagodarenie na "pomosta" od SDSM. Glupostite i utkite sto mu gi servirase Branko najmnogu doprinesoa za "uspehot" na Grujo. Valjda nekoj vo SDSM se ima osvesteno i ke prevzemat nesto seriozno, bidejki vaka ne ide
Од: sdsmovec
Датум: 20.02.2009 08:29:56
Ej luge sdsovci za zalenje sme nie. Se raduvame deka rejtingot na VMRO padnal na 30% , a vopsto ne sme zagrizeni deka nasiot rejting seuste e ednocifren. Toa znaci deka ni vodat so 3 sprema 1.Dali treba da go vklucime alarmot koga ke ni vodat 4 ili 5 prema 1 . Ne sme go ocistile gubreto vo svojot dvor , a samo zborime za drugite. Ne odi taka.
Од: flying-monaco
Датум: 20.02.2009 08:31:10
Koj so toa si go mami svojot mozok? Narodot progleda, i mu dojde umot, umre SDSM i negovite komunisti... Uste CUBA i Kastro ostanaja. Vo makedonija nema mesto za komunisti. Narodot poleka poleka dobiva se`povekje i povekje leb ako prodolzeja na vlast komunistite narodot ke umirase za leb
Од: stole
Датум: 20.02.2009 08:32:05
koga brodot pocnuva da potonuva ne moze da go spasi nisto taka i nasava vlada. kako pravi "junaci"- premierot i negovite pajtasi (ekipazot) treba da potonat zaedno so brodot, narodov da se kurtuli od niv za sekogas, vecnaim slava. bog neka im gi prosti grvovite.
Од: lav from world
Датум: 20.02.2009 08:33:48
Do g.Gruevski.Pred nekolku moi komentari kazav raboti sto poleka izleguvaat na videlina.Site klon vmrovci vi ja krojat sudbinata za vasiot pad,sto za zal ne sakam ni na son toa da se sluci-ve pocituvam-no morame edno da svatime deka posle 22 mart site TIE luge na B.C.(branko) sto tokmu sega gi ima kaj vas tolku ke mu ja olesnat rabotata za povtorno da ja prevzeme vlasta.Do kolku ne prevzemete merki za zastita na VMRO do nova godina moze da se sluci presvrtot.Da zivee VMRO,da zivee MAKEDONIJA!!!!!!!!!!!
Од: stojan
Датум: 20.02.2009 08:41:19
vakva vlada nema nikade na svetot,bukvalno sredija se vo drzavata,bruto plata,najlonski kesi,mlecna kriza,otkup na jabolka,skoro da nemame prijateli nadvor vo svetot,sproveden zakon za pushenje i sve ostalo i kapak na se e postavuvanjeto na SHMIZLI I MACKI PO ULICITE lele majko sto uste nema da vidime.Ps;za da vi bide polesno gledajte sitel vesti so onoj gulabarot od covek ili glasot na narodot i ke mislite deka ziveete vo las vegas ili vo swiss...neka ni e gospod na pomos samo toa ostana...
Од: ELENI
Датум: 20.02.2009 08:45:08
Poraka do Nikolche.....Prestani da gubish vreme vo analizi na spiskovite na drugite politichki partii.Sramota e da se zakanuvash........deka imash mok za otkaz i novo rabotno reshenie.....So sila ubavina nikogash ne biduva.....Izleguva na videlina celata farsa....i sposobnost.Narodot e razocharan....srekni se samo tie shto im kape od politichkata podrshka....Sitno broite....otstapete gi mestata ....nemate kapacitet.Bidete gordi....i priznajte ...deka tolku mozete......
Од: mirco strumica
Датум: 20.02.2009 08:51:43
Ovoj Oli Julcevski navistina gi poznava rabotite.Alal mu vera. Sigurno go fali Zaev zatoa sto i dvajcata se od Murtino kade sto Zaev ima 75 % procentna podrska.
Од: bo
Датум: 20.02.2009 08:57:38
problemot e vo toa sto celiot narod iskreno veruvase vo premierot i vo nego gledase posledna iskra nadez a toj i celata vlada pocnaa da go vrtat grbot na napateniot makedonski narod.razocaruvanjata doprva ke bidat
Од: Nikola - Germanija
Датум: 20.02.2009 08:59:36
Do VRM-Ovcinjata:Znam deka ne vi se dopagja rezultatot od anketata.Aj da pretpostavime,deka anketata bila poracana od SDSM-sepak gragjanite ne zaboravaat na slavnite vetuvanja na Premierot.Edinstveno budzetarite imat korist od vladinata politika-obicnite gragjani,vraboteni vo privatni firmi ili zavisni kako zemjodelcite na primer od "Svedmilk",ziveat od den na den.I tie bogami,se uste go pretstavuvaat mnozinskoto naselenie i se doblizuva momentot,koga segasnata vlada ke bide prinudena da dava otcet za dosega srabotenoto-sto e ednakvo na NULA!Stravuvam samo deka vladata ke inscenira kriza vo pogolemi razmeri,kako sto go napravija toa vo 2001 so kofliktot so ONA,samo da go svrti vnimanieto od neuspesnata poilitika!Gospod neka vi e na pomos so takva vlast (zaedno verovatno so iden pretsedatel "Who is Gjole?" Ivanov).Ve zalam!
Од: goran
Датум: 20.02.2009 09:17:35
Tolku zlo donese grujo, tolku steta napravi, tolku milioni ukradia i ispraa, tolku razdor donese...sto ne smee da mu se prosti!
Од: zabegan
Датум: 20.02.2009 09:20:21
колку што можам ДА ЗАБЕЛЕЖАМ рејтингот се држи се уште со страв.МНОГУ граѓани не сакат јавно да се произнесат,,,,, а кога не формално се разговара признават дека направиле грешка што гласале ЗА ВМРО,,, има познавам ПРИАТЕЛИ јаки вмровци кои се тотално разочарани.и сега преаѓат во ДУИ. во моментов рејтингот на вмро реално неје повисок од 15 до 20% со тренд на опаѓајне. СВАТИ народот дека е изманипулиран.
Од: Vodno
Датум: 20.02.2009 09:22:56
PANIKA! Gi citam komentarive, gi gledam izjavite na Premierot i Boceto, i moze samo edno da se primeti, gi fatila nevidena panika za pocetokot na nivniot kraj. Koga cel svet ti veli deka ne ti cini politikata i koga narodot konecno ja svati lagata i ne veruva na tvoite reklami-lagi, treba da ja cukne glavata i da zakoci, no vlasta e toklu slatka da sami si odat vo propast. Ve razbiram clenovi na Stabot, bidejki so odenje na ovaa vlada ke se vratite tamu od kade sto dojdovte na ulica!!
Од: Bitola
Датум: 20.02.2009 09:58:46
Taka ami kako.
Од: slartibartfast
Датум: 20.02.2009 10:04:14
Ajde luge pobrzo da gi smenime. Vaka ne se zivee. Diktatura ne se trpi. Sega i konji ke kupuvale, za na sobir da ne smee covek da ja kreni glavata. Vie vmrovcinja i veruvate na onaa so crni bumbari i mislite oti site taka mislat (bumbar da ve kasni). A kriminalot cveta. Bugarstinata se siri kako nikogas do sega. A grujo se reklamira.
Од: prilep
Датум: 20.02.2009 10:09:15
I ako Prilep se smeta za VMRO-ski grad za ovie izbori smetam deka nema da bide bas taka. Lugeto od VMRO sto se na klucni pozicii zboruvam na lokalno nivo, se poveke mi zalicuvaat na onie VMRO-ci sto vladeea pred poveke godini.Tvrdoglavi, ograniceni i samobendisani, postavuvajki po sekoja cena nivni kadri sto ne se soodvetni kadrovski resenija. Seto toa smetam deka ke im se vrati kako bumerang, a za pravo i go zasluzuvaat toa.
Од: b
Датум: 20.02.2009 10:11:47
ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ!!!!!!!! Има надеж за Македонија, не е се загубено! Урааааа!!!
Од: Kav Kavadarci
Датум: 20.02.2009 10:25:26
Nikogas nema da padne rejtingot na Gruevski. Za prv pat rabotnicite nama da morat da se plasat dali nivnite gazdi im plakaat penzisko ili ne. Toa e za pofalba . A za pokacuvanjeto na platite i da ne zboruvame. Jas mnogu dobro pamtam deka vo vremeto na SDSM nastavnicite strajkuvaa dve nedeli oti ne im bea isplateni platite za dva meseci.I sega ke mi zboruvaat od SDSM zosto platite docnele po edna nedela, smesno. Manipulaciite sto gi pravat nema da vrodat so plod bidejki nie sme zreli gragani i mozeme da gi prepoznaeme nivnite nevkusni igri. Na 22 mart samite ke se uverat deka so ovie igri sobiraat negativni poeni.
Од: alek
Датум: 20.02.2009 10:26:03
E Грујчо, Грујчо. Уште ке пагаш, се до забивање носот во кал. А кога ке ни дојдес во раци, а ке биде многу скоро. Ке одговараш за сите твои глупости !..........
Од: seuste normalen
Датум: 20.02.2009 10:32:21
Od Murtino bese i pokojniot Predsedatel Trajkovski, pocituvan "mirco strumica". Nekoi ludje brzo zaboravaat ocigledno. VMRO so ovoj pretsedatelski kandidat uste poveke ke se dvira i rejtingot u bezdna ke mu otide, medutoa i site nas ke ne povlece. Bel bumbar - crn bumbar, na bumbari ne svedoa bidejki taka i se odnesuvame! Pastiru stapot u ruka i brkaj bumbari !
Од: smizla
Датум: 20.02.2009 10:35:59
I smizla znae deka na gotovo mu dojde znakceto tocka. Smizla ja ceni situacijata i se javuva vo IRI da gi informira deka situacijata na terenot e drasticno polosa od nivnata anketa. jurisnoto stampedo go socinuvaat bas tie makedoncinja na koi portokalovoto im se pretvori vo gnev. Situacijata ne e win win. Momentot e za podsmev poradi toa sto facite od Bihacka neznaat toa da go valoriziraat. DPA i DUI se vo samoilovata bitka. Vakva politicka dezorjentacija ne sum sretnal vo nitu edna analiza na politickite zagubi. So sreca Makedonijo.
Од: Мечкарот од Дебармаало
Датум: 20.02.2009 10:38:12
Не се тревожете за неговиот рејтинг. Растопувањето ќе дојде понатаму, со поплави, со многу удавени. Но дотогаш „нема лето“ за Него. Детска игра е да понуди уште некој концерт на Калиопи, па и некој „хуманитарен“, па и по некоја поправена куќа, за студентите некој денар плус и слично. Познато е дека „кленот“ најлесно се закачува, не бира. Тоа што тепачи (самоиницијативно, од убедување) растураат собир на граѓани, тоа никого не загрижува. Ама, велат: „Кога мечка играа во комшии, чекај ја и на твоја врата“.
Од: citatel
Датум: 20.02.2009 10:39:52
site komentari na tekstot pokazuvaat deka ovoj narod ne razmisluva so svoja glava. ne me interesira nicij lazen rejting., ke go podrzam onoj koj smetam deka ke mi ovozmozi da ziveam evropski. ke go podrzam i gruevski koga ke mi ovozmozi i ke mi ja otkkrie tajnata kak0 da kupam tri stana so edna plata, da platam parno, struja, telefon, benzin, mleko....
Од: m-r
Датум: 20.02.2009 10:40:02
Makedonceto tesko se osvestvuva, ama koga konecno ke se osvesti... da ne bide docna?!
Од: Kavadarcanec
Датум: 20.02.2009 10:42:06
Jas pa mislam deka naprotiv rejtingot im e ist. Mozebi na SDSM im paga so svetkavicna brzina, zosto narodot ne e glup (za getbet-ako toj e glup neka mu e na zdravje) pa gi vidoa valkanite igri na SDSM i sega i tie ostanati simpatizeri sto gi imaat gi gubat..
Од: Даки
Датум: 20.02.2009 10:43:59
Ништо добро не видовме од оваа влада го доведоа народот на просјачки стап затоа на наредните избори ке падне
Од: sdsm grevcinja
Датум: 20.02.2009 10:45:16
За греота се СДСМ кога се радуваат што рејтингот на Груевски му паднал на 30%. Па ќе излезе човекот на ТВ ќе соопшти покачување на пензиите или на платите и ете го пак со преку 60 пратеници. Се додека не направи огромен кикс не паѓа. А дали се запрашале сдсм како веќе три години по ред не мрдаат од 8-9 % . И ДУИ е пред нив. Дали мислат дека се додека на направат коренити промени можат да се вратат на власт. Па зар пак со исти лица што го дотераа на ова дереџе. На што личи Макрадули да трча по Фрчковски кој го направи резил Црвенковски во колумната, а Црвенковски пак треба да биде лидер после изборите. Така партија не добива избори.
Од: zelezara
Датум: 20.02.2009 10:46:25
Milosevic imase edno vreme visok rejting kako gruevski pa znaeme kako zavrsi.I opozicijata vo Srbija imase super slogan mislam deka ke odgovara i za vo Makedonija.GOTOV E.
Од: nekoj
Датум: 20.02.2009 11:01:00
"Nikola Germanija" se soglasuvam za mnogu raboti sto gi pisuvas tuka obicno. No nekogas preteruvas, i kritikuvas i sto treba i sto ne treba, Se znae deka Makedonija e mala, ima mal kapacitet vo sekoj pogled, a uste zgora i mentalitet koj ne pomaga, NO sepak toa se LUGE..ako ne znaat samite treba da im se pomogne...zosto da gi kritikuvame non-stop. Koga togas, nesto ke se smeni, toa e dolg proces, no tolku "omraza" ne e vo red. Mi se cini deka si prifatil mnogu od toj "Germanizmot" ...Pozdrav i do tebe. Jas isto ne ziveam vo Mk, no toa e toa, kakvi se takvi se, nasi se.
Од: Командант Шптим
Датум: 20.02.2009 11:04:45
Туку ај ќе падне рејтингот, ќе изгубат, добро.... ама кој ќе дојде после ? Надвор браќа магла од оваа вукој**бина, нема друго.
Од: Koj ce se radvit?
Датум: 20.02.2009 11:05:40
Do Sisko od Ohrid: ako padnit Vladata , pametnite vo Makedonija navistina ce se radvaat, a takvi kako tebe ce placat.
Од: boris
Датум: 20.02.2009 11:32:44
Vo red e da go gledate rejtingot na VMRO i vladata, ama utrinski ste mozele da se potrudite vo dve recenici da go opisete i rejtingot na sds koj ne mrdnal od tie 10 % poslednive tri godini i zatoa ve molam realno da gi prikazuvate nestata.A sto se odnesuva do narednive izbori i so vakov rejting vmro ubedlivo ke pobedi zoso pak e 3:1
Од: d.t.a od Kavadarci
Датум: 20.02.2009 11:33:43
Ne e bitno koj ja pravel anketata sepak ovaa vlada i nejziniot premier nema da padnat od taa lista na popularnost. A na krajot na kraistata na kogo mu znaci nesto taa popularnost, bitno e vladata da prodolzi vaka da raboti i da redi uspesi na sekoe pole. Na 22 mart ke se dokaze taa popularnost, a dotogas eden sovet : ne slusajte sekogo i sekogas.
Од: gradjanin od Karpos
Датум: 20.02.2009 11:51:08
Kolata Vmro e trgnata udolu i vece nikoj ama bas nikoj ne moze da ja zapre,a namalku toa moze da go napravat nekoi kako:"ostrovo,Dejan, Jovcevska,Amerika"itn.koi bea del od dezurnite poddrzuvaci na ovaa ,sega vece moze da se konstatira,neuspesna vlada.Eve vece gi nema i "komentarite" (bozem od Kavadarci) koi doagjaa direktno od Ilindenska bb. Seto toa e dobro.ZA MAKEDONIJA.
Од: do koga
Датум: 20.02.2009 11:55:17
Do"Makedonec"Abre tokmak eden!Anketite napraveni od ovaa"IRI"za VMRO-ovcite bea najvalidni i na niv se povikuvase diktatorot koga mu rastese.Slednata anketa od pusti srav nema nikogas da ja vidime.
Од: rakatanatato
Датум: 20.02.2009 12:30:04
i najlosata opcija na vmro e podobra od najdobrata na sdsm...ova veke e dokazano spored toa moze da se smeta za zakon
Од: acko
Датум: 20.02.2009 12:32:12
Ne znam zosto makedonskiot graganin sekogas gi osoznava rabotite na poteskiot nacin.Se nadevam tragata sto ke ja ostavat ovie ke bidi podlaboka za da se pamti koga bile na vlast i se razbira da ne se povtori.......
Од: Verag
Датум: 20.02.2009 13:27:46
Популарноста се должи само на големите очекувања и на наивноста на луѓето. Тие сеушто очекуваат чудо од Груевски и му веруваат,но за следните избори ќе бидат прегазени.
Од: Stefan
Датум: 20.02.2009 13:31:02
opaaaaaa snema reklamen materijal snema i podrska za EPP vlada ....toa sto uste ima 30% podrska e deka seuste gi laze lugeto po stabovite deka ke gi vraboti ama taa drzavna administracija raste raste kako balon i koga togas ke pukne ke snema pari site da gi plati a toa mu e i edinstvena nadez da vrabotuva posto fabriki ne se otvaraat pa da zazivee pazarot na rabotna sila...jas sum komoten opusten fakam seir na pocetokot na krajot za DPMNE...a za ovie izbori? pred se se biraat licnosti kako za gradonacalnik taka i za pretsedatel sekoj odlucuva za svoeto selo taka da ne veruvam bas vo partiskoto glasanje za ovie izbori ova go mislam vo odnos na neopredelenite koj se najgolem procent
Од: pero
Датум: 20.02.2009 13:33:56
gi procitav site komentari i do kakov zaklucok dojdov, site se ednoglasni,deka grujo gresi,pr:vmrovec vika deka vrabotenite ke sme znaele deka se plateni pridonesite,akolku se plateni neznae pausalna izjava,na namalena plata za 45%,vazno znae deka mu se plateni,nepismen vmrovec,nego da dijde nikola ama popovski ,malku da ni zastedi nekoj denar zosto rezervite otidoa posle ne ne spasuva gospod,jas imam eden predlog ,site gragani vraboteni da se otkazeme od edna bruto plata vo korist na budjetot ,ama pod uslov grujo da ne go cica vise i taka osiromaseniot narod,soliden predlog,neli mozebi ke bide tofgas zadovolen tesko nas luge so vmro
Од: Кичево
Датум: 20.02.2009 13:45:17
Дали во овааа анкета се испитувани и оние кои се на определено време на работа и кутрите мораа да направат список од 20 до 30 луѓе неопределени кои ќе гласаат за ДПМНЕ. Кој што не верува нека провери кај тендерашите во РЕК Осломеј. И СДСМ правеше вакви анкети во 2006 година и се знае што ги снајде. По се изгледа кај нас пак ќе биде онаа народната „Народе Македонски, доста беше,свести се не спи ти :::“ Поздрав...
Од: amelijar
Датум: 20.02.2009 14:04:37
Samo vie sonuvajte za namalen rejting i za Vasite napusteni udobni fotelki. Uste dooooolgo, dooooolgo ke sonuvate !
Од: struzanec 1
Датум: 20.02.2009 14:06:27
Сите вие читачи на колумни и коментатори на истите,во кои спаѓам и јас,Ве молам да најдете еден колумнист кој пишува нешто позитивно за влкадата,за нејзините реформи ,за законите кои неможат да се применуваат, кои паѓаат на Уставен суд, за пропаднатите тендери итн итн. Дали постои таков колумнист и бидејќи не постои пак ќе си најдете оправдување,ќе речете дека пишуваат по нарачка на владата.Алал да ви е само залажувајте се.Не се пишувачи по нарачка ни Ванкоска,Тричкоски,Героски,Крамарска,Мицкоски,Биљаљи и безброј други,нека не ми се лутат оти не ги спомнав ,но доста се толку и по националност и по пол.О стружани што беше тоа вчера во Струга.Се обрукавме.Дозволивме група хулигани на не посрамотат.Не им треба нив Европа доста им се Хунзите.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 20.02.2009 14:16:30
Ne sum partiski vojnik, ama sakam da kazam da nema lazna i nametnata vistina od strana na opozicijata. Dolgi godini, nema da se povtoruvame, pravea sto pravea od drzavata. Sega vo ovie momenti, kako posleden obid za spas, vrsat nevidena mediumska i propaganda po kafani, po restorani i sl.Propaganda preku zdruzenija na gragani i navodno nevladini organizacii. Nema mesto za nadez na nekoj koj ne ja saka Makedonija, od Anticka do deneska. Nema nadez za nekoj koj seuste ne odi vo crkva i ne ja priznava.Se drugo e lazna vistina i nadez, koja koga nema da go izdrzi ova, se nadevam veke deka konecno ke sfati deka e utopiska i nameneta za licni bogatenja i interesi.
Од: dime
Датум: 20.02.2009 14:31:08
se e ok,ete jas sum protiv ovaa vlada zatoa sto ne donese na dnoto na siromastijata ama ne mozam da sfatam so se mesaat tie od avstralii od ameriki?da dojdea malku tuka da poziveat pa da imaat pravo na zbor.kako golemi patrioti neka si sedat tamu zatoa sto od goelm patriotizam ja napustle ovaa zemja I NE SE GLADNI nitu pak se cudat kako ke gi pratat decata na uciliste.sramota.i da prosetajte malku megju lugjeto i ke sfatite dali padnal rejtingot ili ne!ne vaka so anketi koi sekoj moze da gi namesti!
Од: Perunika
Датум: 20.02.2009 14:32:31
Рејтингот ке го видиме на 22 март.Тешко нас со опозиција која цека од светска криза да улови некој поен.
Од: perica
Датум: 20.02.2009 15:08:06
Dojdoa na vlast so mediska kampanja, ama vlasta ke ja cuvaat so stap.Ednostavno zatoa sto si go znaat narodot -mozes lesno da go lazes, a pod stapot samo go vedne grbot i slusa pokorno ponatamu. Zatoa ke vladeat navistina uste 100 godini ( ili veke kolku dolgo ke ja ima drzavata). a za ova anketive,rezultatite se vakvi zosto stapot uste ne pocnal da igra kako sto znae. Ke se vidi posle izbori, totalitarka -Pretsedatel, Vlada, Parlament, lokialna administracija, mediumi, sudstvo, policija, vojska, crkva,NVO ...sve. togas da gi gledame anketite vednas ke im se vrati popularnosta i nagor ke odi.
Од: elikavadarci
Датум: 20.02.2009 15:08:28
uspesite na edna vlada ne se merat so anketi nego so toa sto e napraveno, ovaa vlada postigna mnogu i vo obrazovanieto i vo zdravstvoto,posebno vo zemjodeliite ,ovaa e prava makedonska vlada koja konecno se svrte kon narodot,a onie od sdsm ne ni postoeja kako vladi,zatoa sto go gledaa samo licniot interes za niv nite promeni iskreno se sekavam ,no bea samo aferi.platite kasnat no koga stanuva za promena i toa se slucuva ,vo vladite na sdsm nemase ni plati ni promeni.
Од: vlatko
Датум: 20.02.2009 15:36:59
poddrska za Premierot Gruevski, a sdsm da prestanat so malograganstina, plukanje po podobriot i rabotenje zad grb.
Од: kavadarci
Датум: 20.02.2009 16:24:47
Padnal rejtingot na VMRO, Kako da ne,,,ovaa sigurno nekoj go sonuval pa sega go raskazuva svojot son koj nikogas nema da mu se ostvari.Podrskata za VMRO prodolzuva a i se poveke se zgolemuva
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 20.02.2009 16:35:33
Како само и потфрлуваат на ВМРО ДПМНЕ невистини во смисла на тоа колку лошо работи, само за потсетување ВМРО ДПМНЕ им ги зголеми пензиите на пензионерите, платите во образованието, на работниците, издаде голем број на субвенции, измените во законот за социјална заштита и законот за заштита на децата, изгради дури 38 спортски сали низ цела Држава, реновира голем број на училишта и ред други работи. После сите овие работи да бидеш незадоволен, навистина не е фер.Само така нека продолжи ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.
Од: lenin
Датум: 20.02.2009 16:35:47
Tie sto go donesoa na vlast tie i ke mu sudat. Ova mu e pocetokot ! Negovite ke mu gi udrat klocite pa zaedno so carot od pakistan neka si gi bara korenite Jas nemam namera da bidam potomok na Aleksandar I nedaj boze zosto posle filmot napraven za nego vidov kakvi moralni vrednosti imal ALEKSANDAR THE GREAT.
Од: toso kocani
Датум: 20.02.2009 16:58:14
ni vo shvaicarija vladata neme tolkav rejting kaj nas e podobro od tamo neli
Од: МЗ
Датум: 20.02.2009 17:22:07
Коментар не е баш на место мо ке кажам .Да остават рејтинзите малку на страна и да се фатат за работа и власта и опозиција(ако можат да се здушат бар малку)ова надворешна и внатрешна криза народот да ја помине што побезболно. Како почна, незнам дали по овие избори ке има чаре и корист да се биде прв меѓу последните.
Од: ljupco,bitola
Датум: 20.02.2009 17:30:01
Рејтингот на власта можеби и паднал за некој процент, тоа е логично,после рекордите постигнати ланската година,но дали за таа сметка пораснал рејтингот на опозицијата?Или тој и натаму строго е фиксиран на едноцифрена стапка.Пак си правите некои весели матаматики, или што ќе рече народот, си правите со умот Бајрам.
Од: alex ljubljana
Датум: 20.02.2009 17:40:31
Mislam deka i obekaniot iznos od 10 posto pokacuvanje na studentskiite stipendiji ne go spasuva Grujo od veke sigurniot poraz.
Од: mima
Датум: 20.02.2009 18:19:19
Vladata na VMRO ima dobri potezi. Mnogu poveke storija od site drugi prethodno. Rejtingot mozno e da opaga, toa e se od vtoriot esalon na luge. Pod hitno da se izvrsi provetruvanje na opstinskite komiteti. Ne sekoj treba da bide pretsedatel. Mnogu luge izbegaa i ke begaat ako ne se promeni nesto. Posebno vo Centar. Tuka kocat rabotite a drugoto e i ke bide OK.
Од: h.kavadarci
Датум: 20.02.2009 18:37:29
Рејтингот допрва ке расти на владеачката партија затоа ве молам да не манипулирате со анкетите кои не се валидни и ги вадите од ракав.

Најди! во Утрински
Насловна
Прашка пролет во ЕУ
Грција не може да има монопол врз антиката
Зимата пак го покажа своето лице
Поради инцидент откажана трибина во Струга
Грција се одлучила за вето уште во 2007
Сопки за Скопје
Словенците на референдум за хрватското членство во НАТО
Трифун Костовски бара нови правила за „игра“
Девалвацијата чука на врата?
Искубано јато за НАТО
Пчелите во Европа масовно умираат
Жешки точки на изборната мапа
Игор Џамбазов сведочеше за случајот со „План Б-продукција“
Најголемиот жив историчар за Македонија
Кога овците учеа да летаат!