Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Сопки за Скопје

Билјана Ангеловска

Скопјани имаат полно право да им се лутат на државните органи кои прават се' да ги спречат проектите што се од капитално значење за градот. И на институциите кои би требало да се независни, но за жал, дејствуваат како продолжена рака на Владата, па измислуваат секакви (не)издржани причини да ја стопираат реализацијата на идеите на градоначалникот Трифун Костовски.

Кој, всушност, прави сопки за Скопје? Кои се мотивите и со каква цел?

Наместо да се даде максимална поддршка за воведувањето трамвај во јавниот градски превоз, Антикорупциската комисија прави се' да ја запре реализацијата на веќе изготвениот проект. Во отсуство на релевантни аргументи се измислуваат недоследности за да се запре распишаниот тендер. Најавите за кривично гонење поради одбивањето на градоначалникот да го поништи распишаниот тендер, антикорупционерите ги објаснуваат со изборниот процес. Притоа, претстојните избори ги врзуваат со обемноста на тендерот поради што, како што велат, неговата реализација токму сега е недозволива.

Истовремено, три пати се поништува тендерот за набавка на нови автобуси. Последниот пат, кога се мислеше дека скопјани конечно ќе добијат нови автобуси, бидејќи надлежните изјавуваа дека светски познати фирми се заинтересирани за двокатни автобуси, се покажа дека светските производители, всушност, биле две кинески, од кои едната во конзорциум со бугарска фирма, една словачка и една домашна компаниј��. Но, иако реално никој и не очекуваше светски бренд да се заинтересира за Скопје, пропадна и тој тендер.

Објаснувањата, исто како и за трамвајот, беа недоволно убедливи. Оти јавна тајна беше дека тендерот се токми за фирма што ја преферира државата. Но, откако се покажа дека тоа тешко може да се изведе безболно, работата пак се врати на почеток. Да му дозволеше Владата на Костовски уште лани да се задолжи за да купи нови автобуси, сега веќе тој проблем ќе беше симнат од дневен ред. Вака, и натаму останува нерешен.

Веќе станува дегутантно да се зборува за квалитетот на јавниот превоз во главниот град. Последниов снег уште еднаш покажа што значи за Скопје отсуството на квалитетен, брз и безбеден јавен превоз. Колоните возила заглавени на подмрзнатите сообраќајници се најдобар доказ дека на градот му е повеќе од потребен трамвајски систем.

Но, очигледно никој не сака да ги продолжи проектите на Костовски. И Владата и Антикорупциска прават се' да ја запрат реализацијата на трамвајот додека не дојде новиот градоначалник. Тој, пак, може ќе го продолжи проектот, а можеби и не. Факт е дека Костовски не влегува во изборната трка, тој нема политичка партија зад себе, па нема ни свои членови, што значи, во иднина нема да може никако да влијае на одлуката да се гради трамвај или не.

Сизифовска работа го чека новиот градоначалник доколку сака главниот град да го направи пристојно место за живеење, а се' да почне одново. Или можеби ќе биде доволно доблестен да ги продолжи проектите што ги иницираше Трифун Костовски.

И за трамвајот и за автобусите. Не би требало да има проблем да се купат автобусите, бидејќи никој не очекува Владата да се повлече од понудената помош. Но, идниот градски татко никако не смее да се откаже од трамвајот, оти тоа е најкапиталниот проект што го имал Скопје досега.

Ако со тоа се реши проблемот со јавниот превоз во главниот град, никој нема да му забележи што бил проект на претходниот градоначалник. Напротив. Скопјани ќе му бидат благодарни и иако евентуално воведениот шински сообраќај ќе го паметат како трамвајот на Трифун, заслугите за неговата реализација ќе му ги припишат на новиот градоначалник, па како и да се викал тој: Коце, Тито, Лазе...


Статијата е прочитана 858 пати.

Испрати коментар

Од: ma-ne
Датум: 20.02.2009 07:38:42
Зошто никој од надлежните неможе да свати дека на гаѓаните на Скопје автобусите и трамвајот и тебаат за вчера, а не за во недоглед. Се претера со обеќавањето па на крајот на граѓаните ќе му преседнат и автобуси и тие што обеќаваат. Зошто да нема континуитет во зацртаните планови за градот, туку секој сака да биде по неговото, да импровизира , без можност граѓаните да се искажат. По се изгледа граѓаните станаа играчка само за една употреба. Ова не води никаде. Се игра со парите на граѓаните кој како ќе стигне.
Од: Букмејкерот
Датум: 20.02.2009 10:23:46
Јасно е зошто се сопките. Треба да дојдат НАШИТЕ дечки да менаџираат со Милионите евра на Градот. Експертите за „транспарентни“ тендери мајка ќе расплачат на градските пари.
Од: Dosta
Датум: 20.02.2009 10:33:51
Za sve e krivo dpmnero.
Од: amelija
Датум: 20.02.2009 14:07:35
Se ke si dojde na svoe mesto koga ke si izbereme gradonacalnik od redovite na VMRO, veruvajte mi ! Druga alternariva ne gledam jas a sigurno i Vie?
Од: До Трифун
Датум: 20.02.2009 16:08:38
Луѓе, бидете реални, што направи овој Трифун за Скопје. Па не го бива, мислеше и сакаше преку Скопје да дојде до Претседател на Македонија. И сега на крајот ќе правел трамвај, ама ајде, да грабnе пари. Трамвајот нека го прави тој што ќе ја добие довербата наша на 22 март. Трифун требаше тоа да го почне пред 4 години а не сега. До сега само филозофираше и кукаше дека законот не му е добар.

Најди! во Утрински
Насловна
Прашка пролет во ЕУ
Се топи популарноста на премиерот Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ
Грција не може да има монопол врз антиката
Зимата пак го покажа своето лице
Поради инцидент откажана трибина во Струга
Грција се одлучила за вето уште во 2007
Словенците на референдум за хрватското членство во НАТО
Трифун Костовски бара нови правила за „игра“
Девалвацијата чука на врата?
Искубано јато за НАТО
Пчелите во Европа масовно умираат
Жешки точки на изборната мапа
Игор Џамбазов сведочеше за случајот со „План Б-продукција“
Најголемиот жив историчар за Македонија
Кога овците учеа да летаат!