Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

Девалвацијата чука на врата?

Прашање на време е кога резервите ќе дојдат на ниво кога веќе нема да можат да го бранат денарот, велат експертите

Соња Маџовска

Топењето на девизните резерви неизбежно води кон девалвација, сметаат експертите. Тоа може многу брзо да се случи ако веднаш властите не се соочат со вистинските состојби во домашната економија и со можните последици, кои секако ќе излезат на виделина по изборите, но ќе биде многу доцна.

Прашање на време е кога државните девизни резерви, кои сега изнесуваат 1 милијарда и 434 милиони евра и се стопени за околу 300 милиони евра за само три месеци, ќе дојдат на ниво кога веќе нема да можат да го бранат денарот. Трошењето на девизните резерви во последниве месеци е многу поголемо отколку што е приливот на девизи. Ако продолжи топењето со ова темпо, критично ќе биде кон средината на годинава. Ова е опасноста која демне, предупредуваат домашните експерти. Тие порачуваат веднаш да се преземат мерки и во монетарната, но, пред се', во фискалната политика.

Во колумна за „Утрински весник“, економскиот аналитичар Ден Дончев порача дека македонските власти ќе бидат принудени да избираат едно од двете зла - значајно намалување на девизните резерви или девалвација.

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски, пак, предупредува дека нема дилема оти топењето на девизните резерви неминовно води кон итна девалвација на денарот. „По повод дилемата на почитуваниот Ден Дончев, сакам да кажам дека дилема, всушност, нема. Дилемата да се изврши девалвација или да се стопат девизните резерви завршува во едно исто, а тоа е девалвација. Бидејќи, ако се ризикува да се стопат девизните резерви, тоа неминовно и неизоставно води кон итна девалвација на денарот“, вели Поповски и предупредува дека НБМ и монетарните власти не можат да го решат тоа, бидејќи се наоѓаат под удар на економската и фискалната политика наметната од Владата, која е потрошувачки ориентирана.

„За да се спречи ова лудило и извесната девалвација на денарот во рок од неколку месеци, постои еден услов, а тоа е Владата веднаш да ја промени фискалната и буџетската политика. Владата треба веднаш да направи ребаланс и од дефицит кој е речиси 3 отсто, да премине кон буџетот кој е балансиран, па дури и да предвиди мал суфицит. Од друга страна, структурата на јавната потрошувачка треба радикално да се смени и да се елиминираат сите трошоци што не се неопходни. Претстои период во кој стандардот на граѓаните ќе се намалува и тоа ќе биде видливо. Подобро е тоа Владата да го спречи со затегање на ременот и со штедење кое ќе предизвика намалување на стандардот, но ќе ја одржи позицијата на денарот. Во спротивно, девалвацијата ќе го руинира стандардот на сите и ќе предизвика дополнителни макроекономски диспаритети. Владата постои за да ги решава големите проблеми и затоа треба да го реши проблемот со непопуларни мерки“, објаснува Поповски.

И ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини предупредува дека тоа што сега пред избори се кријат вистинските економски показатели, по изборите може да не чини скапо. „Девизните резерви ќе продолжат да паѓаат. Трговскиот дефицит е енормно голем, а намалени се трансферите од странство. Апсолутно крајната консеквенција од ова е девалвација. Тоа нема да биде брзо. Болеста ќе се крие поради изборите. Но, последиците ќе бидат поголеми поради криење на болеста. Лекувањето потоа ќе биде сложено или невозможно. Не треба да се кријат податоците. Граѓаните и стопанството треба да ги знаат за да се соочат со последиците“, вели Хајредини.

Тој ја повикува Владата да штеди. „Владата да води политика на штедење и транспарентно работење. Треба постојано да има информации за реалните бројки и состојби. Да не се релативизираат состојбите и граѓаните и стопанството да знаат дека следува тежок период. Буџетот треба веднаш да се смени, бидејќи е проектиран на нереални параметри. Централната банка не може многу да стори ако тоа не е усогласено со фискалната политика на Владата“, вели Хајредини и предупредува дека за два-три месеци последиците можат да бидат драматични ако веднаш не се реагира.

Од Народна банка на Македонија, пак, тврдат дека има доволно девизни резерви за да се интервенира по потреба на менувачкиот пазар и дека има простор и Владата да преземе мерки за да се одржи стабилноста на денарот. Но, и покрај овие драматични движења на износот на девизните резерви, кои за три месеци се стопени за 300 милиони евра, од Централната банка уверуваат дека по секоја цена ќе го бранат курсот на денарот, односно дека нема да има девалвација.


#
Статијата е прочитана 4396 пати.

Испрати коментар

Од: Flaster siti
Датум: 20.02.2009 00:10:46
Eee, slepci vmrovski, koj se uste treba da vi kaze deka Pastirot bas ne go biva za svinska? Ke ve lazat i ke ve maltretiraat kako stoka se do izborite, a potoa, otkako nema da im trebaat vasite glasovi ke go pustat frontot. Otpustanja od rabota, naplata na zaostanati smetki so izvrsiteli, dvacija... Ili i ova e politicki marketing na opozicijata i na Branko? Uste eden mesec do izborite, da sme zdravi i zivi pa posle ke komentirame.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 20.02.2009 00:18:11
Centralnata banka kje go brani denarot dodeka moze, no se stava vo ogromen rizik vo slucaj krizata da potrae (a po se izgleda deka kje potrae). Naglata dvacija i nemoznosta da se sledat promenite (poradi nemanje devizni rezervi) moze da predizvika totalen haos.
Од: Milan
Датум: 20.02.2009 00:20:16
Najzadovolni od ekonomskava sostojba se penzionerite i drzavnite sluzbenici a toa e ogromno glasacko telo. Za da moze na niv da ima se pokacat platite i penziite, mora da se pokacat danocite ili da se pokacat kaznite za ostanaite vraboteni po privatni firmi i sitnite dukancinja. Toa mi lici na piramidalna stedilnica. I eden den ke se raspadne piramidata i ete ti dvacija.
Од: mitko za nesposobnosta i nepismenosta
Датум: 20.02.2009 03:14:54
Ednostavno ovaa Vlada vodi katastrofalna ekonomska politika (odnosno ne vodi nikakva). Se sekavate na vetuvanjeto za novi investicii podobro ne se sekavajte na niv zaboravete gi (jasno deka e kriza ama ako Albanija moze da privlece 5 milijardi togas i RM treba da privlece poveke od onaa zamislena milijarda na Cile). Tuku, sekoj Makedonec neka odgovori na slednoto prasanje: Dali ekonomskata politika tolku losa zatoa sto VMRO-vcive se ednostavno nepismeni i nesposobni ili cekaat gadnite merki da gi sprovedat posle izborite? Molete se za vtorovo. Vo sekoj slucaj ke bide gadno stavete si gi pojasite. Mene me interesira uste edna rabota sto ke se sluci so Bukefalizacijata koja ke trokira stopanstvoto? Ama za toa podocna, po izborite.
Од: Nabljuduvach
Датум: 20.02.2009 04:19:28
„Ден Дончев порача дека македонските власти ќе бидат принудени да избираат едно од двете зла - значајно намалување на девизните резерви или девалвација.“ (Утрински весник) Има повеќе од двете зла. Третото зло е: „ново значително надворешно зајмување за да се стабилизираат резервите“ (најновиот извештај на ММФ за Македонија.)
Од: Gpari
Датум: 20.02.2009 04:20:42
Smeski zivi, kakva dvacija, pa uste i vladata kriva... prvo, so evrA ne snabdeva evropskata centralna banka, i taa gi odreduva marginite na devizniot kurs... vtoro, rasteckiot trgovski deficit koj go imame go kontrolira ECB i IMF.. treto, budzetski sredstva se vo denari, i vladata sekogas moze da ispinta svezi denari i da gi plasira vo ekonomijata i vo budzetot (kako sega amerikancite so dolarot).
Од: marko
Датум: 20.02.2009 04:33:22
Makedonija = Titanik! SDSM tolku vreme stedese, za VMRO da dojde i da gi stopi rezervite. Tesko na makedonija, zalano e sto nemame jaka opozicija bidejki VMROvcive so premierov koj ima zavrseno ekonomski fakultet vo prilep ja nosat makedonija vo politicki i ekonomski nepovrat.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 20.02.2009 07:34:27
Mnogu ste smesni: Svetskata kriza ne ja izmisli ili napravi VMRO. Ovde rezervi se stopija i prerastopija, samo sreca sto nema " eksperti " kako FLASTER CITY... da kritiuvaat.
Од: Sale
Датум: 20.02.2009 08:07:00
Bravo za temava, odlichen napis. Napravete sporedba medju ovaa analiza i naslovnata strana na Vecer.... Krali Marko i televizija.
Од: Оли Јулчовски - Струмица
Датум: 20.02.2009 08:21:29
Леле мајко овој ќе не врати не сто чекоти ами сто векови назад.Сеуште не сме заборавиле што и направи Војводата Лупчо со неговите Комити на Македонија овој е многу, многу по опасен и БЕТЕР. Како што одат работите ќе треба често да си ја потпевнуваме народната ,,ЗОШТО СИ МЕ МАЈКО РОДИЛА,,
Од: Petre
Датум: 20.02.2009 08:42:21
treba pod itno da se SMALAT platite i brojot na budjetarite...kako moze sekoe cinovnice, ucitelce i slicno da zema po 300eu plata pa i poveke ?? ( a ova e maslo na SDSM i sindikatot na budjetarite).. pa vo Bugarija doktor vo ambulanta ima 100 EU a cenite i trosocite za zivot se pogolemi od kaj nas.... tocno deka so dvacijata ke im se potkastrat i nim platite, no i na mnogumina rabotnici koj rabotaat od 06 do 18h za 60eu mesecno...
Од: kemba
Датум: 20.02.2009 08:46:15
Точно дека донекаде проблемот со намалувањето на дев. рез. се јавува поради зголемените средсва на јавната админ. Но тоа е така поради што тие средсва се насочуваат во автомобили, бела тех,увозна скапа облека идр производи кој не се од ДОМАШНО ПРОИЗВОДСВО. Замислете да беше обратно кој позитивни ефекти би го имало ова покачување. Затоа предлагам да се вратат платите од пред една година за да можат горе споменатите повеке да ги ценат МАКЕДОНСКИТЕ ПАРИ И ДА ЗНААТ ОД КАДЕ ИДАТ.
Од: anita
Датум: 20.02.2009 09:23:49
Malku mu e na ovoj narod!!Ne razbira koga mu zboris so arno za nego da mu bide podobro!Neka teraat po pastirot i neka otid vo ambis!!
Од: vlado
Датум: 20.02.2009 09:25:13
Koj mozese da veruva deka premierot ce vleze vo film,i toa akcionen,abe covek treba da ima najmalce 50 godini za da upravuva so drzava, budzetot e ogromen,kamsikot po narodot ,a koj narod onoj koj sto ne e vo budzet,udri po sitniot zbiraj arac i daj si na sebe-budzetarite.E povlasteni se penzionerite i toa kako glasaci ama zatoa da crkat mladite koj ne se u budzet za da glasaat penzionerite.Toa ti e Makedonija
Од: elena
Датум: 20.02.2009 09:25:57
dvacija ne e mozna se dodeka ne se smeni zakonot za narodna banka. Spored toj zakon politikata na NBM e na fiksen valuten kurs. Za valutniot kurs da stane "sloboden" treba sobranieto da izglasa promena na zakonot za NBM.
Од: девичанецот
Датум: 20.02.2009 10:00:39
Најдобар рецепт е веќе испробаниот на Бранко Црвенкоски. Акција на специјалците во Тетово и Гостивар заради знамето и во истата вечер објавување на девалвацијата. Вниманието на граѓаните ќе биде веќе насочено кон првата работа, ( демек бранење на сувереното ни знаме), така да девалвацијата ќе биде во втор план кај народните маси.
Од: Bitola
Датум: 20.02.2009 10:12:27
Ami so ovaa vlada-nevlada nisto nee sigorno,oti niv samo rejtingot gi interesira.
Од: Prerodbata opstojuva
Датум: 20.02.2009 10:31:26
Vidi Bogati !!! Ovie eksperti povikuvaat vladata da stedela, da vogi cvrsta monetarna i fiskalna politika i da se ostkaze od site nepotrebni trosenja. Cekajte ber ludje.uste ja nemame dovrseno " Prerodbata" Treba da se napravat uste sporski sali( nerodot6 e prenajaden pa so fizicki vezbi vo salite da ja trosi visokot na energija) uste nemame dovrseno so gradba na spomenicite, so crkvite , so muzeite , so arheoloskite iskopuvanja. Pa sega ako zapreme so prerodbata, kad ce odi Grujo da go slikaat so lopata, kako stava kameni temelnici. Ma ajde Boga ti prestanete .! Samo napret vo prerodba!!!
Од: deki
Датум: 20.02.2009 10:51:44
Koj da mu kaze na pastirot nesto on ne zivee vo ovoj svet. Ke ja izgubime Makedonija poradi nepismeni deca sto ja vodat drzavata nakaj hunzite pa uste malku ke bideme kako niv vo pleme a moze da go izvadime denarot i da vovedeme zlatnici so likot na grujo od edna i aleksandar od druga strana
Од: nekoj
Датум: 20.02.2009 11:04:51
"Makedonec vo EU", "ekspert" za SE.....kaj i da sme, si ostanuvame Makedonci...
Од: до сите коментатори
Датум: 20.02.2009 11:17:36
Ќе ве молам грујо да не го нарекувате *Пастир* (српски збор) туку *Овчар*,кој е македонски збор.Мислам дека тој е овчар, не заради што сака туку заради нас сите кои не води.
Од: Srgan S.
Датум: 20.02.2009 11:43:38
Koj eksperti.Tie istite velea deka barelot nafta ke bide 200 dolari i ni na kraj pamet ne im bese deka ke ima svetska recesija.Vo Makedonija samo Samakot go predvide toa a pro-SDS-ovci mu se smeea.Kaj bea togas tie eksperti.
Од: milan
Датум: 20.02.2009 11:44:25
eeeeeeee Makedonce,znaci ke ima evtini zemodelski proizvodi i pojacani kontroli po privatnite firmi i zanaetcii.Namesto drzavata da pomaga, privatniot sektor ke bide zrtva za planovite na nasata vlada,na zdravje.
Од: acko
Датум: 20.02.2009 12:25:20
Bas me interesira kako Prilepskiov ekonomist sega ova ke go objasni na graganite.....Ili iza ova e kriva opozicijata.....
Од: Dimitar
Датум: 20.02.2009 12:43:42
Zarem i za ovaa pojava ke bide kriv SDSM? Gospodine Gruevski i Slaveski, koga MMF i Svetska Banka vi sugeriraa navreme da otpocnete so reformi vo fiskalnata politika vie prosto ostanavte nemi na nivnite predlozi! Iako go znaevte ishodot od vasata ekspanzivna fiskalna politika cij prioritet bese obezbeduvanje na partiskiot budzet za sproveduvanje na vasata populisticka politika i drugi partiski predizborni celi, sepak realnosta STIIGNA! Kako sega ke gi ubedite nasite gragjani deka i za ovaa vasa nepromislena posledica e kriv SDSM!
Од: Лазе
Датум: 20.02.2009 13:14:30
Очигледно е овој од коментарите 'gpari' дека е вмровец и дека нема појма од економија можеби и тој и неговиот овчар има завршено во Прилеп.Денарот кога и да е се гледа дека оди кон девалвација бидејки ке завршат и девизните резерви кои го бранат.Во моментот нашата валуута е преценета што значи има мала куповна моќ,односно нема вредност во однос на другите валути.За тоа дека Македонија позајмува од ECB тоа е точно меѓутоа се позајмува во евра и ке се врака во евра ,а не во денари.Значи уште одливи на девизи.Друго курсот на денарот го одредува Народна банка,а не ECV i IMF.Тие само сеирот ни го гледат од страна.
Од: marko
Датум: 20.02.2009 13:24:33
More kjutete lugje sto ni e liderot "magister" vo cetiri oci. Ako doktorira kaj ke ni bide krajot.
Од: sime
Датум: 20.02.2009 14:02:40
Aku dojde do dvacija za mnogu lugje vo MK ke bide katastrofa.
Од: Горан
Датум: 20.02.2009 15:25:23
Светската криза и вакви статаии влијаат врз психолошкиот аспект на граѓаните да ги префрлаат своите заштеди од денари во девизи, До сега голем број од македонците ги префрлиа штедните влогови што се рефлектира со вакви показатели, Релно кај нас нема многу одпуштања и извозот не е во толкави рамки загрозен,
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 20.02.2009 16:14:04
Стравувањата за девалвација на денарот е наметната се разбира од опозицијата, која сака да наметне немир кај граѓаните и вината да ја бараат во ВМРО ДПМНЕ, Владата троши онолку колку треба, нема потреба од паника.
Од: PhenomX4
Датум: 20.02.2009 16:58:36
Овие сегашниве „преродбенички патриоти„ на власт, ќе не удават и запустат за следните 100 години. Пак ќе се повтори 98-2002, следните кои ќе дојдат да мора прво неколку години да ги санираат последиците од „преродбата„ па дури потоа да почнат пак од нула. Претпоставувам дека сегашната камарила која глуми водач на држава ќе ги зголемува даноците, ќе удира по секоја најмала клетка во стопанството која како-така опстојува во сегашнава констелација во општеството, можеби и ќе не задолжи до гуша со кредити од странство со цел да продолжи со шминкање и китење на реалноста. Од се срце посакувам што поскоро да дојде крајот на оваа власт ама во исто време и ги жалам следните што ќе дојдат поради амбиентот што ќе го наследат бидејќи овие си тераат „после мене потоп„ (извинете ме ама не паметам кој римски император го има кажано ова). Поздрав.

Најди! во Утрински
Насловна
Прашка пролет во ЕУ
Се топи популарноста на премиерот Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ
Грција не може да има монопол врз антиката
Зимата пак го покажа своето лице
Поради инцидент откажана трибина во Струга
Грција се одлучила за вето уште во 2007
Сопки за Скопје
Словенците на референдум за хрватското членство во НАТО
Трифун Костовски бара нови правила за „игра“
Искубано јато за НАТО
Пчелите во Европа масовно умираа��
Жешки точки на изборната мапа
Најголемиот жив историчар за Македонија
Игор Џамбазов сведочеше за случајот со „План Б-продукција“
Кога овците учеа да летаат!