Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

Игор Џамбазов сведочеше за случајот со „План Б“


Осомничениот за изнуда му бил соработник на Џамбазов

Познатиот актер и водител рече дека станува збор за долг, а не за изнуда

Скопјанецот Александар Ристовски, осомничен дека од сопственикот на „План Б-продукција“ изнудил 500 евра, по неколкучасовен распит пред истражниот судија, си заминал дома, откако судијата донел решение за алтернативна мерка - куќен притвор.

Од извори блиски на истрагата дознаваме дека осомничениот Ристовски се бранел со зборовите дека сопственикот на „План Б-продукција“ должел одредена сума пари - и тоа нему и на познатиот шоумен Игор Џамбазов, со кого соработувал. Наводно, долгот настанал по еден од настапите на Џамбазов, за што требало да им бидат исплатени 500 евра. Ристовски појаснил дека сопственикот на продукциската куќа ги договарал настапите на Џамбазов, а за секој настап требало да им биде исплатен хонорар што бил однапред договорен, а износот што го надминувал договореното, му бил исплатуван на сопственикот на „План Б-продукција“.

Осомничениот не негирал дека во неколку наврати имал разговори со продуцентот околу неисплатениот хонорар и дека, наводно, му било одговарано дека не им должи ништо, бидејќи тој имал одредени трошоци поврзани со настапите. Имено, поради долгот од 500 евра дошло до прекин на соработката меѓу сопственикот на продукциската куќа и Џамбазов и Ристовски, од друга страна.

Нашите сознанија говорат дека сопственикот на „План Б-продукција“ не негирал дека постоеле одредени несогласувања околу барањето за доисплата на парите. Тој пред судот изјавил дека имал отворени закани од Ристовски, но исто така кажал дека средбата во кафе-барот „Дием“ бил по негов телефонски повик.

Од она што успеавме да го дознаеме, на Ристевски му биле дадени бараните 500 евра, но тој се согласил со сопственикот на „План Б- продукција“ дека треба да задржи одреден дел од парите што биле инвестирани како негов реален трошок за еден од настапите. Сепак, сопственикот на продукциската куќа се согласил неговиот дел да му биде исплатен во некоја друга прилика, но само малку подоцна, полицијата го уапсила Ристовски и кај него ги нашла претходно обработените 500 евра.

Пред истражен судија завчера, во својство на сведок, се појави и нашиот познат актер и ТВ-водител Игор Џамбазов. Од она што го изјавил тој пред истражниот судија може да заклучи дека навистина постоел должничко-доверителски однос, односно дека по неколкумесечна соработка со „План Б-продукција“ дошло до прекин на соработката, наводно, токму поради неисплатените 500 евра. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 4445 пати.

Испрати коментар

Од: План А
Датум: 19.02.2009 19:44:20
Е што дочекавме, на Игор Џамбазов некој да му должи пари. Па Игора да го тепаа за 500 евра, од него ништо не ќе останеше.
Од: Nikola
Датум: 20.02.2009 00:13:29
Bre, bre. I toa go docekav, da vidam kako nekoj i na Igor mu duzi pari. A i ova so reketarive dogro go naucil, ima praksa.
Од: Buden
Датум: 20.02.2009 00:24:00
Koj e toj Igor? Onoj sto se potpisa za Ivanov? Se sama bratija...
Од: nikola
Датум: 20.02.2009 00:36:56
aj sega belja rabota,kobozem ne znae makedonskata javnost koj e igor dzambazov i kolku vreme se kriese po dupki zaradi dolgovi i sega toj najde da svedoci deka nekoj nemu mu dolzi nesto...smesno
Од: goran
Датум: 20.02.2009 04:14:02
me isponasmeja ovoj segadzija i dolznik igor lele be igore dojdi jas ke ti dadam 500 evra da gi iskockas ke te castam jas od mene zivi smeski e ovoj mn pari mu dolzat nemu

Најди! во Утрински
Насловна
Прашка пролет во ЕУ
Се топи популарноста на премиерот Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ
Грција не може да има монопол врз антиката
Зимата пак го покажа своето лице
Поради инцидент откажана трибина во Струга
Грција се одлучила за вето уште во 2007
Сопки за Скопје
Словенците на референдум за хрватското членство во НАТО
Трифун Костовски бара нови правила за „игра“
Девалвацијата чука на врата?
Искубано јато за НАТО
Пчелите во Европа масовно умираат
Жешки точки на изборната мапа
Најголемиот жив историчар за Македонија
Кога овците учеа да летаат!