Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

Словенците на референдум за членство на Хрватска во НАТО

Словенечките националисти ја уценуваат Хрватска

ЗАГРЕБ - Вонпарламентарната партија Партија на словенечкиот народ (ПСН) вчеравечер најави дека ќе продолжи со активностите поврзани за распишување референдум за влез на Хрватска во НАТО. „Би се откажале од распишување референдум кога словенечкиот парламент би го дополнил своето соопштение дека Хрватска мора да го отстрани граничниот премин Плованија, како и надзорната точка во Хотиз“, изјави доцна прексиноќа за државната словенечка телевизија претседателот на партијата, Зденко Винков Винценц, додавајќи дека ќе се сретне со премиерот Борут Пахор.

Првиот човек на ПСН најави дека ќе продолжат активностите за распишување референдум без оглед на одлуката на словенечкиот парламент, кој прексиноќа на вонредната седница го прифати проширеното соопштение за заштита на словенечките национални интереси во рамките на хрватските настојувања за полноправно членство во НАТО. За него тоа соопштение не е задоволувачко, иако во него се споменува дека владите на Словенија и на Хрватска со Брионскиот договор се обврзаа дека ќе ја почитуваат состојбата на границата од 25 јуни 1991 година.

Марјан Подобник, претседател на Здружението „Завод 25 јуни 1991“, кој вчера и официјално се откажа од организирање референдум, бараше од словенечкиот парламент да излезе со соопштение во кое би пишувало дека на Словенија и' припаѓа целиот Пирански Залив, излез на отворено море и дека се дел од нејзините територии и спорните атари јужно од Драгоња, а исто така и спорните територии по должината на реката Мура. Иако Подобник наводно сношти не бил задоволен со соопштението, се одлучил да се повлече.

Соопштението на нож беше пречекано во Загреб, каде што хрватското Министерство за надворешни работи и европски интеграции негодуваше поради словенечкото прејудицирање на линијата на разграничување со Хрватска. „Наводите изнесени во официјалното соопштение на највисокото законодавно тело на Словенија ги отфрламе, ги сметаме за невистинити, правно неосновани и без никаков меѓународно-правен ефект. Така изнесените ставови на словенечкиот парламент не оставаат простор за решавање на хрватско-словенечкиот граничен спор низ конструктивен дијалог и со тоа го потврдуваат оправданото настојување на Хрватска тоа прашање да се реши пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, како што беше договорено на состанокот на претседателите на владите на Хрватска и на Словенија во август 2007 година на Блед“. (Вијести.нет)

Словенечките националисти ја уценуваат Хрватска

ЉУБЉАНА - Словенечките законодавци во средата одржаа вонредна седница во обид да ги сопрат плановите на националистичката група да го опструира приемот на соседот Хрватска во НАТО. Алијансата планира да ги прими Хрватска и Албанија на самитот што ќе се одржи на 3 и 4 април. Сите 26 членки на Северноатлантската воена алијанса ја ратификуваа кандидатурата на Хрватска, но само Словенија се' уште ја нема доставено конфирмацијата до НАТО. Сега Народната партија, која има пет пратеници во 90-члениот парламент, поведе процедура за одржување референдум за кандидатурата на Хрватска. Ако таа не се откаже од барањето, ќе има 35 дена да собере 40.000 потписи, колку што се потребни за да се распише референдум. Тоа ќе ја задржи ратификацијата на Словенија и по крајниот рок за доставување до НАТО и ќе ја спречи Хрватска да влезе во Алијансата на следниот самит, без разлика дали ќе се одржи или не референдум.

Владејачката партија сега планира да излезе со решение за односите меѓу Хрватска и Словенија во надеж да се убеди Народната партија да се откаже од плановите за референдум. Соседите Словенија и Хрватска со години се спорат околу неколку точки на нивната граница. Народната партија сака парламентот да прогласи дека сите спорни области и' припаѓаат на Словенија, изјава што владата и најголемата опозициона партија мала е веројатноста дека ќе ја прифатат, бидејќи ќе ги уништи сите преговори со Хрватска.

Словенија минатиот месец ги блокираше преговорите на Хрватска за членство во ЕУ, барајќи прво да го решат граничниот спор. Портпаролот на НАТО, Џејмс Апатурај, во вторникот пред хрватските и словенечките новинари изјави дека Алијансата е „загрижена“ од можноста дека словенечката ратификација нема да стигне навреме за самитот. Премиерот Борут Пахор во вторникот инсистираше на тоа дека Словенија сака Хрватска да влезе во НАТО.

Министерот за надворешни работи, Самуел Збогар, призна дека земјите-членки на НАТО „малку нервозно“ ги следат настаните во Словенија. (АП)


Статијата е прочитана 602 пати.

Испрати коментар

Од: realen
Датум: 20.02.2009 09:06:25
Uste ednas se pokaza i dokaza deka od komsijata mozes se da ocekuvas. Hrvatska navistina raboti na svojata opredelenost za NATO i EU, no kapricite na sosedite se za peda povalidni. Dezela e veke tamu. Mesik e vistinski pretstedatel Bivs SDP) koj vo pravo vreme i se obraka na nacijata, zboruva razbrano so mirna glava, no vidno iznerviran. Cinam deka se sepak vo popovolna polozba od nas, a imaat i haraiizmaticen desno orientiran premier. Ne znam zosto pri tolku dobri odnosi so Hrvatska, osven za zdravstveni kartoni so koi nie ke se zagubime, ne kupime malku pamet i dostoinstvo, go splotime narodot, a moznost i dvoecot: pretsedatel-premier.
Од: Igor Mojsov
Датум: 20.02.2009 17:39:18
Nie sme prijateli so Slovenija i podrshka do Slovenskite gragani. Hrvatska e daleku ponazad od nas vo sekoj pogled. So Hrvatska nema potreba od nikakvi odnosi, i tie kartici kaj nas mozea da se vovedat ushte vo 1998 koga edna shvajcarska firma veke gi ponudi.Kojznae od koi prichini ne se vovedoa Hrvatska togash nemashe aber od ovie raboti. Bravo za Slovencite nashite edinstveni prijateli od ex YU site drugi drzavi se neprijatelski raspolozheni kon MK i ne mrazat i omalovazhuvaat. Kade beshe Hrvatska nie koa dobivme veto da dade podrshka???Se sitea i se ligavea deka ke vlezele pred nas.Nie sme vo Partnerstvo za mir pred niv oni vlegoa kako Joker nekolku godini podocna.

Најди! во Утрински
Насловна
Прашка пролет во ЕУ
Се топи популарноста на премиерот Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ
Грција не може да има монопол врз антиката
Зимата пак го покажа своето лице
Поради инцидент откажана трибина во Струга
Грција се одлучила за вето уште во 2007
Сопки за Скопје
Трифун Костовски бара нови правила за „игра“
Девалвацијата чука на врата?
Искубано јато за НАТО
Пчелите во Европа масовно умираат
Жешки точки на изборната мапа
Игор Џамбазов сведочеше за случајот со „План Б-продукција“
Најголемиот жив историчар за Македонија
Кога овците учеа да летаат!