Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

ИНТЕРВЈУ

Грција не може да има монопол врз антиката

Антонио Милошоски, шеф на македонската дипломатија

Димитар Чулев

Господине министер, деновиве имавте средба со генералниот секретар на НАТО. Дали добивте нови пораки и „насоки“ кои треба да ги следи Македонија на патот кон Алијансата? Очигледно дека НАТО е толку далеку колку што е далеку решението за името.

Посетата на седиштето на НАТО, која беше мошне пријателска и конструктивна, е еден показател дека Македонија во Алијансата го има должното внимание. Истовремено, Алијансата во Македонија има еден докажан и стабилен сојузник. Пораките и насоките се заемни, а нивниот заеднички именител е продолжување на најблиската можна соработка во повеќе области.

Процесот на планираното проширување на НАТО и со Македонија не по наша вина е обременет со грчката злоупотреба на наметнатиот спор околу уставното име на Република Македонија, со грубо прекршување на обврските преземени со Привремената спогодба од 1995 година. Сепак, ќе продолжиме да ги вложуваме сите напори за да ја одржиме нашата подготвеност за членство во НАТО, кое ќе се случи во моментот кога ќе се создадат услови тоа да се оствари на достоинствен начин. НАТО е сојуз на слободни нации и Македонија има полно право во Алијансата да влезе како слободна, а не како понижена или уценета нација.



НАТО и внатрешната поставеност и солидарност на организацијата е позната, грчката страт��гија за блокирање на приклучувањето на Македонија се знае. Во таква поставеност на односите постои ли маневарски простор работите да се придвижат од мртва точка или ќе чекаме некои други времиња.

Системот на внатрешно одлучување во Алијансата е познат. Свесни сме дека нема да биде лесно да се надмине грчката политика на попречување на нашето меѓународно етаблирање, која почна уште во 1991 година со блокадата во ОН, продолжи со блокадата кон признавањето на нашата независност од тогашната Европска економска заедница до 1995 година и кулминираше минатата година на Самитот на НАТО во Букурешт.

Но, со една постојаност, со добронамерност, во тесна соработка со мнозинството пријателски НАТО-земји и во едни малку поповолни околности, мислам дека не е неможно да се надмине парадоксот во кој една НАТО-членка го попречува планот на Алијансата да се проширува со земјите кои сакаат и можат да бидат корисен член на Северноатлантската организација.

Дали амбасадорот Зоран Јолевски стави на масата на Метју Нимиц нови идеи за продолжување на преговорите во правец кој Македонија го посакува (да не се загрози македонскиот идентитет, јазик, култура), а сепак да води кон компромис, кој изгледа дека е неминовен?

Македонија е подготвена да води дијалог за постигнување компромис со Грција. Кога би стасале до едно посакувано и праведно решение, согласно со уставниот принцип според кој носители на суверенитетот се македонските граѓани, решени сме тој предлог да го ставиме на референдумско одлучување. Но, грчката стратегија за негирање на македонскиот национален идентитет и наметнување едностран диктат за разликите околу името преку уцена и притисок сметаме дека се отежнувачки фактор во обидите за изнаоѓање компромисно решение.

Со цел да дадеме придонес во подобрувањето на атмосферата за дијалог како и да ги пресретнеме грчките емоционални реакции поврзани со прашања од историјата, амбасадорот Јолевски ја искористи можноста на неговата прва средба во Њујорк да ја реафирмира македонската иницијатива за формирање мешовита македонско-грчка образовно-историска комисија. Би било добар знак ако грчката страна ја прифати иницијативата.



Дали надворешната политика на Македонија се базира на интернационална агенда или повеќе е потпрена на некои внатрешни перцепции. Името е со папочна врска поврзано со НАТО и ЕУ. Дали се согласувате дека изборот на алтернативи е речиси никаков?

Нашата внатрешна политика, која се стреми кон надградба на општеството врз демократски основи, владеење на правото, пазарна економија, човекови права, мултиетничката рамка, регионалната соработка и глобалната одговорност е соодветна со нашата цел во меѓународните односи.

Надградувањето на државата врз база на овие принципи е полезно за развојот на Македонија, а истовремено е постигнување на критериумите кои се најзначајни при зачленувањето во Европската унија. Тоа е нашата цел.



Дора Бакојани ја заобиколи Македонија на последната турнеја и со тоа упати уште една порака дека дијалогот Атина – Скопје е далеку. Уште повеќе, грчката политичка гарнитура, сега и со приклучувањето на Андонис Самарас, го има истиот ментален склоп од почетокот на ’90-тите. Значи, работите ќе се усложнуваат. Има ли план како понатаму да се игра оваа шаховска партија, а да не биде завршетокот пат-позиција.

Во ноември 2004 година, веднаш по признавањето на нашето уставно име од страна на Вашингтон, грчката влада усвои забрана за остварување билатерални посети меѓу Грција и Македонија. Таа забрана, за жал, се' уште е во сила, и тоа ги ограничува нашите грчки колеги да не' поканат или да не' посетат кога ги повикуваме на билатерална средба. Сепак, претседавањето со ОБСЕ дава можност да се оствари контакт преку тој мандат и очекувам дека колешката Бакојани ќе ја искористи оваа прилика за посета на Македонија во текот на оваа година.

Истовремено, враќањето екстремисти како Самарас во реконструираната грчка влада сериозно не' загрижува. Изгледа дека ваквите потези се најава за уште поагресивен притисок врз Македонија од грчка страна. Ваквите политички рокади се уште еден показател дека македонското прашање во Грција и во периодот пред нас ќе продолжи да се употребува за владина манипулација на домашната јавност и за дефокусирање на вниманието од некои корупциски афери или социјални нереди. За жал, ваквите постапки ќе ги усложнат работите.



Искрено, како ги оценувате прекрстувањето на автопат во „Александар Велики“, стадионот во Скопје во „Арена Филип Втори“ и предлогот на Бакојани заедно со нејзиниот ирачки колега да гради споменик на Александар во Мосул, Ирак. Дали е ова најава за нова „трка за вооружување“ со антички споменици?

Во цивилизираниот свет, земјите, градовите, невладините здруженија и, пред се', поединците имаат полно право да ја искажат својата почит кон личностите од нивното или светското културно и историско наследство. Се работи за принцип. Во 1988 година, грчката влада донесе одлука за преименување на името на нивната покраина северна Грција со новото име Македонија и Тракија. Во 1992 година, Грција го преименува солунскиот аеродром „Микра“ во аеродром „Македонија“. Затоа, Република Македонија нема ништо помало право од Грција да го користи овој универзален принцип. Хистеричните реакции од некои грчки националисти и политичките притисоци врз Македонија не го девалвираат овој принцип, а имаат само контраефект во дадениов контекст. Грчкиот монополистички однос кон антиката и' дава привид на забрането овошје и со тоа ја прави контроверзна. Ваквиот монополистички пристап е главната причина за недоразбирањата на темите поврзани со историските великани. Затоа мислам дека основањето една заедничка образовно-историска комисија ќе биде корисна работа и ќе им помогне и на Грците и на Македонците да научат да споделуваат некои нешта од богатата историја, која се напластила во оваа наша тесна балканска географија. И конечно, заедничката комисија е добра работа затоа што историјата е најпаметно да им се остави на историчарите.

 

Забележливо е дека односите со Европската унија речиси целосно се префрлени на вицепремиерот за европски интеграции.

Настапот во однос на приоритетите на Македонија поврзани со ЕУ ни се солидно координирани со вицепремиерот Боцевски. Тој и Секторот за европски прашања вложуваат многу во процесот на евроинтеграциите, што високо се цени во Министерството за надворешни работи. А, во однос на Вашиот коментар би рекол дека во нашата работа има сосема доволно надлежности, а уште повеќе обврски, така што има доволно простор за секого.



Како ги оценувате кандидатите за шеф на државата, бидејќи со идниот претседател ќе мора да соработувате?

Мислам дека еден дел од кандидатите влегоа во трката за претседател со желба да победат, додека има поединци кои се влезени во игра со првенствена цел да повредат, да навредат и омаловажуваат некои актуелни политичари. Во однос на мојата процена, без намера да ги потценам другите, таа оди во полза на професорот Иванов. Имам добро мислење за него и сметам дека има солиден капацитет за да се носи со обврските и надлежностите.



Да се вратиме во Европа. Целата енергија на македонската надворешна политика како да е насочена кон укинувањето на визите. Дали само со укинувањето на визите ќе станеме дел од Европа?

Нашата енергија првенствено е насочена кон добивање датум за почнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. Преговорите за членство во ЕУ се приоритетот на Македонија. За визите и за ЕУ би рекол дека Македонија и денеска е дел од Европа, и културно, и географски, и цивилизациски, и политички. Укинувањето на визите само ќе ја засили двостраната врска со земјите од ЕУ и ќе биде особено корисен за продлабочување на културната, стопанската и образовната размена. Тоа ќе даде дополнителен импулс на европеизирањето на целото македонско општество. Безвизната политика кон Македонија ќе биде полезна и за ЕУ и за нас.



Годинава ќе добиеме еден месец порано извештај од Европската комисија. Колку Македонија темелно се подготвува тој извештај да биде позитивен како услов да добиеме датум за почнување преговори со ЕУ?

Македонската Влада посветено работи на реформите кои се важни за евроинтеграциите. Претходниот извештај на ЕК ни служеше како патоказ за усвојувањето на Скицата за реализација на клучните препораки. Целта ни е да ги реализираме зададените услови со што меѓу нас и политичката одлука на ЕУ за определување датум за преговори не би имало неостварени одредници. Во целиот овој процес Европската комисија ја сметаме за партнер со кој имаме заедничка цел.



Доколку на изборите пак се случат онакви инциденти и неправилности како лани во јуни, може ли воопшто да се најде начин како тоа да им се објасни на македонските граѓани и пријателите во ЕУ и во НАТО или, пак, дефинитивно ќе ја запечатиме претставата за незрела демократија.

Ниедна држава не е тотално имуна на ризиците од инциденти од различен вид и во различни околности. Пред некое време, бевме сведоци на несакани инциденти кои го потресоа грчкото општество, оставајќи зад себе многу неред и уште повеќе неодговорени прашања. Но, важно е функционирањето на системот, неговата отвореност и ефикасност. Важно е секој политички чинител во општеството, а пред се' Владата, да се справи со преземената одговорност. Во тој контекст, сметам дека Македонија има капацитет и политичка волја да спроведе добри и успешни избори. Најголемиот капитал за тоа е демократската зрелост на македонските граѓани.


Статијата е прочитана 2384 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 20.02.2009 00:05:11
Silni zborovi, mizerni dela. Tipicno za ovcarot i negovite.
Од: Valentina
Датум: 20.02.2009 00:11:29
Dobri poraki. Mlad e ., no mi sedopaga umerenosta na ovoj covek.
Од: Mihajlov
Датум: 20.02.2009 00:22:16
Znachi sega pokraj Grcija i Makedonija ima monopol na antikata, a zoshto ne, nie shto zboruvame slavjanski jazik, ne e bitno, toa shto antichkite makedonci se del od grchkata kultura i Aleksandar deka shirel grchka kultura i toa nema veza, toa shto Samuil, bugarskiot car, se izvinuvam makedonskiot car se borel protiv Vizantija, i toa nema veza, so cvrsta volja se mozhe da se postigne, pa duri i istorijata da se koregira.
Од: marjan
Датум: 20.02.2009 00:50:55
Se cuvstvuvam gord sto sum makedonec i sto vakvi lugje kako nasiot minister Milososki, so vakvo znaenje, posvetenost i smisla za vodenje na drzavata vo vistinska nasoka se na celo na drzavata vo ovie teski vreminja. Ve podrzuva cela Makedonija i samo taka prodolzete.
Од: demokrat
Датум: 20.02.2009 01:54:54
ponesposoben minister nemalo i ke nema. bakojani napraila strategija uste pred 1 g t.e. koga i go zapalija fitiljot so aerodromot , mobilizirala i dijaspora i sve zivo a ovoj setase po selskite atari i uste zbori za antika mesto da napravi kontraofanziva i strategija
Од: Pravnik Uni Vienna
Датум: 20.02.2009 02:46:26
Zosto nacionalisticka Grcija ne go spreci Premierot Buckovski koga dobivme kandidatski status vo 2005!Ne se zanimavase so vakvi gluposti-preimenuvanja!!!Buckovski vodese aktivna pro evroamerikanska politika.Vie baravte predvremeni izbori,spored vas bile zabaveni evroatlanskite integracii,toa bese vasata predizborna propaganda!Gi dobivte izborite i go preimenuvate aerodromot!Dali ova bese vasata strategija za pobrzo clenstvo vo NATO i EU?!!A znaevte deka nacionalisticka grcija ima pravo na veto za NATO i EU!!A gi znaevte i ovie fakti deka grcija taa vasa naivnost ja cekase,edna najmala najmala greska,ZATOA STO IMASE VREMENA SPOGODBA 1995(od 1995 sklucuvanjeto na spogodbata nemase provokaci od grcite)a vie preimenuvate aerodrom i preminavte vo direktna konfrontacija so bakojani,toa go cekaa grcite,a i vie go sakavte toa,da se dokazaete deka grcite ne vi mozat nisto i ve blokiraa.Takva politika ni turcija ne moze da vodi sprema grcija a ne makedonija gospodine!Zal mi e za narodot!
Од: rakita
Датум: 20.02.2009 03:01:45
Ja sam glupan, ama Oko je Totalno odnesen. Taka nekade procitav vo edna polemika.Deka moze Ministar za nadvoresni Rabote da ide u zvanicna poseta vo grad vo istata drzava? Dane bil ministar za vnatresni rabote? Mora dasi gresis, Oko. Deka procita ovaja glupos pa nas da ni gu kazuas ovde. Pa Tetovo, bar za sega, jos je u Makedonija. Daj proveri toa deka si procital, da ne e nekoa sega.Tokmu taka ministerov bese vo Tetovo pred nekolku vreme da gi sredi medju drzavnite raboti pomedju ilirida i Mk.Pa medju slavjanite vo geografska makedonija ima ;Srbi, golem procent Bugari i Albanci i sto da pravime so niv?
Од: pameten
Датум: 20.02.2009 05:23:58
Mihajlov: "so cvrsta volja se mozhe da se postigne, pa duri i istorijata da se koregira." Istorijata e edno neshto na svetot shto NE mozhe da se koregira. Aleksandar ne bi grk, no bil dovolno grciziran. Na Samoil nikogash ne mu teknalo deka e Makedonski car. No Makedonskiot narod denes postoi so svoj jazik, identitet i mora da ima idnina kako takov.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 20.02.2009 07:27:59
Grcite ne me sekiraat sto ni ja kradat Antickata Istorija, ama Mihajlov i grko- bugarskiot OVCAR vo EU... ce mora svadba ovde da im pravime na Mardi Gra vo Kings Cross vo Sydney.
Од: trajce
Датум: 20.02.2009 08:28:59
Vo bestraga veke so antikata, Aleksandar i stupidnata politika (ako moze da se narece politika toa sto go pravat) na aktuelnata vlast ... se bara progres, ekonomski napredok, zgolemuvanje na standardot na ziveenje na gragjanite ... ne e Milososki toj, sto treba da kazuva koj ima i koj nema pravo na antikata .... neka go ostavi toa prasanje na arheolozi, istoriografi, naucnici. Negovata rabota e sosema nesto drugo !!!
Од: Марјан 2
Датум: 20.02.2009 08:29:01
Марјане се чувтвуваш горд Македонец а несакаш да пишуваш на кирилица.
Од: Trajko
Датум: 20.02.2009 08:31:19
Tochno e deka nashata vlada deka se deca,no mnogu bavno sozrevat.Dali tie sakat Makedonija da ja pretvorat vo Bejrut.Ne treba da se raduvat deka mechkata igrala vo sosedite,nedaj boze ke zaigra i vo tvojot dvor.Isto taka svatija deka grcite nemat pravo na monopol vrz Makedonija,no treba da svatat deka i Makedonija so 33% od makedonskiot del nema pravo na monopol.
Од: pogled
Датум: 20.02.2009 08:33:34
Умереност, аналитичност и реалност во одговорите.
Од: andrej
Датум: 20.02.2009 09:13:43
Kako e mozo ;ik kako ovoj da bide minister za nadvoresni!Sco li pgresivme!!?
Од: Alexandros
Датум: 20.02.2009 09:33:48
Vie ste nemaate nisto so Antickata Makedonska civilizacija. Megas Alexandros zboruval i pisuval Grcki i veruval vo Grcki bogovi (Zevs). Alex-andros na Grcki znaci branats na mazite, Fili-ppos znaci prijatel na konia i Vou-kefalas znaci glava od bol. Ova se fakti na svetskata istorija i nieden kvazi-istoricar-minister ne moze da gi smeni.
Од: Aerodrom
Датум: 20.02.2009 10:09:49
Dobar e covekov, ama sefot negov e za nikade. Veruvam deka koga bi mozel sam da odlucuva bi vodel podobra nadvoresna politika. A sto se odnesuva do preimenuvanjata na se i sesto vo MK, toa e mozda najdebilnata akcija dosega.
Од: Skok pa op!
Датум: 20.02.2009 10:14:38
Abe g-dine Milososki, sto se pravis naiven. Vo svetot koga ce se spomne "antika ' prvo sto im padja na um na ludjeto toa e stara Elada, stariot Egipet ,Vavilon, Persija Rim i anticka Makedonija9 koja opstojuvala pred 2400god). Nikoj nema protiv za imenuvanje na odredeni objekti so iminja od svetskata istorija, no ako e toa so cesni nameri, no ako se pravi so cel na prisvojuvanje na tie licnosti kako svoi i " kradenje" na Istorijata , togas normalno e deka ce ima odredeni reakcii. A za vizite ne "seejte magli " kaj narodot , deka vo tek na 2009 ce imalo ukinuvanje na vizite. Prvo sprovedete fer i demokratski izbori i izlezete od lavirintot na na nacionalna zaslepenost i ekonomska propast i resete gi korupcijata i sudstvoto pa posle toa cekajte vizi. Prvo skoknete , a posle vikajte op!
Од: istoricar
Датум: 20.02.2009 10:18:34
vmro ja vodi mak vo ponor,dali ovoj navistine nema vrska od istorija ili se pravi na toso poradi dnevna politika na grujo da ostane na vlast?ako grcite nemat monopol na antika jas neznam koj go ima?pa vo ev i svet vo gimnazii se izucuva predmet mitologija i antika koj 90% e grcka anticka istorija,a na ter. na rep.mak. nemalo ni eden grk t.e.anticki makedonec koga nie sme dosle tuka vo 7.vek,znaci i hrvati se rimjani po logika na milosevski?a amerikanci se indijanci a avstralijci se aboridzani ?alo Milosevski mak ce ja snema so vakvi nenaucni gluposti.
Од: Македонец без кубура.
Датум: 20.02.2009 10:19:12
Приказни, приказни.... Нашата мака произлегува од таму што се е испревртено. Министер за надворешни работи се бави со историја, владата се бави со пропаганда, одговорни за проблемите се комунистите и опозицијата, пријателите ги прават непријатели а непријателите ги тинтраат, докторите се бават со шпиунирање, медиумите ја величаат владата а ја напаѓаат опозицијата, економијата колабира а владата вели чекајте да пројдат изборите, се повеќе луѓе се осиромашуваат а рејтингот на премиерот расте... Тоа е „Македонецот со кубурата“.
Од: gimce
Датум: 20.02.2009 10:54:43
Vistina e deka Grcija saka da ima monopol vrz antikata, ama vrz koja osnova denesnite Makedonci se poistovetuvaat so antickite. Go pocituvam nacionalniot identitet, so site elementi koi go pridruzuvaat edna nacija so etnos, historija, drzavotvornost , fakt e deka deneska imame makedonska nacija (iako vo minatoto toa e osporeno od sosedite) koja zivee na svoite vekovni ognista ama od 7-8 veka i navamu sto znaci deka osven sto go nasledile geografskiot poim MAKEDONIJA nemat nisto zaednicko ama bas nisto so antickata Makedonija
Од: zoki
Датум: 20.02.2009 11:36:42
Solidno intervju. Vo sekoj slucaj ne e lesno da se vodi seopfatna nadvoresna politika, vo sostojba koga mnogu nasi sogragjani se uste imaat problem so identitetot i strateskite interesi na drzavata.
Од: utrinski muabet
Датум: 20.02.2009 11:45:56
Poraka do site citateli: Nemojte da pravite greska i da mislite deka "Ace od Avstralija" zboruva vo imeto na Makedoncite vo Avstralija - vakva neobrazovana tikva, kade i da odi ce bide tikva. Makedonec od Sidnej, Avstralija.
Од: Irina
Датум: 20.02.2009 11:58:13
Sekoja cest....Samo treba da i dademe poddrska na Vladata i premierot vo resavanjeto na sporot so Grcija
Од: ilija
Датум: 20.02.2009 12:56:26
Vo poslednive 2-3 godini se povekje se somnevam deka mentalniot sklop na povekjeto moi sogragjani e totalno izvrtoperen i demoliran...Pa kako moze da postojat lugje koi mislat deka Grcite ni ja kradat Antichkata istorija!!!??? Pa na eden najmal grchki ostrov ima povekje arheoloshki naogjalishta otkolku vo cela Makedonija...A toa shto za Pasko sekoja koska od umreno magare e del od "stapot" na Bukefal e rabota za psihijatri...se vadi od zemjata se i seshto i bez nikakva nauchna znaliza i obrabotka se objavuvaat fakti za neshto edinstveno i najvredno od artefaktite dosega iskopani vo celiot svet... Za zal toa pali kaj ogromen broj lugje na koi poludebilnite tv stanici i vesnici im se edinstven prozor kon svetot...Se plasham deka vo vakva postavenost na intelektualnata elita vo Makedonija,brzo kje ne snema od kartata na svetot...
Од: mitko
Датум: 20.02.2009 13:47:48
Slovenite dojdele do gevgelija ,sakale da odat na dole no ne dobile viza i ostanale do granicata .Kakov apsurd na perenje mozoci grcite anticki a nie cekame oni da nikazat koi sme i sto sme. tie sto ja pisuvale istorijata sigurno i togas se bile pod embargo pod veto i razni uce .kako sto deneska se naoga Makedonija .
Од: Виктор
Датум: 20.02.2009 14:15:34
Штета, мислев дека ова дека има храброст да зборува искрена дипломатија. Со фалсификувана Историја ќе дојдеме во ситуација кога нема да остане народ во Македонија. Што ќе ни е името, кога ќе го немаме народот,
Од: Perunika
Датум: 20.02.2009 14:29:28
Милошоски е умерен и мудар политичар.Како ли само може да остане смирен наспроти опозицијата која самата го негира македонскиот народ и некако е на иста линија со грците.
Од: anticka tikva
Датум: 20.02.2009 14:36:48
Bidejki nemame nikakva vrska so antikata mu predlagam na ,,anticki muabet,, antickite teatri vo Ohrid,Heraklea,Stobi i mnogu drugi anticki artefakti da im gi predademe na Grcite i da go zavrsime antickiot tikvarski muabet.
Од: Kiril
Датум: 20.02.2009 14:41:43
Antonio iskreno bravo za tvojata intelegencija i stavovi vo odnos na nasiot spor so Grcija......Se nadevam deka ke dojde i vremeto koga ke treba da se formiraat i nekoi drugi mesoviti komisii (od istoricari) so eden nas drug sosed :):)
Од: Горан
Датум: 20.02.2009 15:55:40
Министре! Само вака продолжете и не ги слушајте и читајте ваквите глупави и мизерни изјави на сите СДСМ-овци. Како не им е срам. Немам видено некој да не си ја сака државата колку СДСМ-овциве што не ја сакаат својата држава и името Македонија. Кој знае како ќе се викавме сега ако беа тие на власт. Фала му на бога што ВМРО ДПМНЕ е на власт и Вие сте Министер за надворешна работи. Најдобриот и најпаметен министер за надворешни работи што до сега го имала Македонија.
Од: Irena
Датум: 20.02.2009 16:14:38
Navistina neobicno e kade isparile Antickite Makedonci? Kako e mozno gospoda da ispari cel eden narod? Tazno e sto mnogumina koi ne znaat za sebe koi se go negiraat pravoto da se narekuvame Makedonci i da imame pravo na antickoto nasledstvo. Vusnost, site Balkanski narodi imaat pravo na antickoto nasledstvo isto tolku kolku sto imaat i Grcite. Za zal Grcite stanale milenici na golemite evropski sili vo matniot XIX vek i dobile i drzava, no i pravo na antickoto nasledstvo. Vazno e sto tie si imaat celo vreme cel socuvuvanje na osvoenite negrcki teritorii. Toa kaj nas ne se razbira. Tazno!
Од: kavadarci
Датум: 20.02.2009 16:31:26
Bravo za ministerot Milosevski,PODRSKA do celata VLADA
Од: Antonio
Датум: 20.02.2009 16:51:50
Samo edno moze da se kaze za ovoj ljubitel na todor aleksandrov i vanco mihajlov(namerno so mali bukvi): VESTINA-PRAZNINA,ili obratno.
Од: kole
Датум: 20.02.2009 16:52:17
ХаХаХа, ја читам Перуника и не можам да не се изнасмеам, мудар и умерен политичар Милошоски, ами златна перуниче па гледаш сиротион е бистар како БОЗА, и уште нешто, ако некој го донесе Андонис Самарас на власт е токму тој Милошоски и неговата неписмена булумента...во право сум нели...
Од: Do Irina
Датум: 20.02.2009 17:03:47
Abe Irino, pa ti si genije, ti si stvarno dosledna na samata sebesi odnosno na ona sto ti go diktirat vo Stabot. Za promena ne e loso da dades barem eden argument, ako voopsto posti, zosto davas podrska na Vladata i Cavez????
Од: ljupco,bitola
Датум: 20.02.2009 17:23:23
Браво Министре,одлично интервју.Само така продолжи.Не се осврнувај на зајадливите сопки од сите страни,само терај напред.

Најди! во Утрински
Насловна
Прашка пролет во ЕУ
Се топи популарноста на премиерот Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ
Зимата пак го покажа своето лице
Поради инцидент откажана трибина во Струга
Грција се одлучила за вето уште во 2007
Сопки за Скопје
Словенците на референдум за хрватското членство во НАТО
Трифун Костовски бара нови правила за „игра“
Девалвацијата чука на врата?
Искубано јато за НАТО
Пчелите во Европа масовно умираат
Жешки точки на изборната мапа
Игор Џамбазов сведочеше за случајот со „План Б-продукција“
Најголемиот жив историчар за Македонија
Кога овците учеа да летаат!