Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет

ЕУ и ОН го поздравија климатскиот потег на САД

САД признаа дека гасовите со ефект на стаклена градина се закана за човечкото здравје


КОПЕНХАГЕН - Официјални претставници на ОН и ЕУ ја поздравија декларацијата на САД дека гасовите со ефект на стаклена градина се закана за човечкото здравје. Портпарол на ЕУ изјави дека највата покажува „степен на решителност“ од страна на претседателот Барак Обама да одговори на климатските промени. Американскиот потег следуваше откако делегатите на 192 земји се собраа на Самитот за климатски промени на ОН во Копенхаген.

Данскиот премиер Ларс Лоеке Расмусен изјави дека Самитот е „можност која светот не може да си дозволи да ја пропушти“. Американската декларација би можела да значи дека Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) може да нареди намалувања на емисиите на гасови без одобрување од Конгресот.

Рахендра Пачаури, претседател на Американската научна мрежа за климатски промени, рече дека администрацијата на Обама „покажува што може да направи, дури и додека се донесе легислатива“. „Тоа, исто така, испраќа силен сигнал до Конгресот. Покажува степен на решителност од страна на претседателот“, изјави тој за новинската агенција Асошиетед прес.

Министерот за животна средина на Шведска, чија земја се наоѓа на чело на претседателството на ЕУ, изјави дека исходот од Самитот, главно, зависи од тоа „како ќе се изјаснат САД и Кина“. Андреас Карлгрен рече дека би бил вчудовиден доколку американскиот претседател Барак Обама не понуди натамошни отстапки кога ќе дојде на Самитот следната недела.

Дописникот на Би-Би-Си од Вашингтон јави дека американската најава била очекувана некое време, но се' уште испраќа важен сигнал до лидерите што присуствуваат на Самитот дека Обама има намера да донесе закон за намалување на емисиите на гасови.

На отворањето на Самитот во Копенхаген, Расмусен им порача на делегатите дека светот очекува од нив да го заштитат човештвото. Тој додаде дека е потребен „цврст и амбициозен договор за климатските промени“. „До крајот на Самитот мора да бидеме во можност да му го возвратиме на светот она што ни беше дадено денес тука: надеж за подобра иднина“, рече тој.

Кони Хедегаард, претседател на конференцијата, рече дека политичката волја да се одговори на климатските промени никогаш не била - и нема да биде - поцврста. „Ова е нашата шанса. Ако ја пропуштиме ќе ни бидат потребни години додека добиеме нова и подобра. Ако некогаш имаме“, рече таа.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, ја поздрави Франција што презеде политичко водство во дебатата за климатските промени. Тој изјави дека претседателот Никола Саркози бил „инструмент во донесувањето на сегашната фаза од преговорите до состојба каде што сме сега“.

Во меѓувреме, британскиот премиер Гордон Браун изјави дека сака европските лидери да се заложат за поголеми намалувања на емисиите на јаглероден диоксид отколку што беа претходно договорени. Европската унија досега беше подготвена да ја зголеми целта за емисиите доколку биде постигнат меѓународен договор на Самитот во Копенхаген. Коментарите на Браун следуваа откако британското официјално надзорно тело за климата соопшти дека е потребна нова воздухопловна политика за да се ограничи зголемувањето на летовите. Во извештајот на независниот Комитет за климатски промени се истакнува дека биле дискутирани идеи, како што се наметнување дополнителни даноци и издавање дозволи за летање за да се намали воздушниот сообраќај.

Главните области за дискусија на Самитот во Копенхаген се: цели за намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, особено од страна на развиените земји; финансиска поддршка за ублажување и приспособување кон климатските промени од страна на земјите во развој; трговска шема за јаглероден диоксид, чија цел е да стави крај на уништувањето на шумите во светот до 2030 година. Каков било договор постигнат во Копенхаген е со намера да се замени Протоколот од Кјото за климатски промени од 1997 година, кој истекува во 2012 година. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 278 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
За два дена 60 загинати од напади
Најголемото шоу на светот мора да успее
Србија е чекор понапред кон Европската Унија
Серија експлозии убија 118 луѓе во Багдад
Мирчеа Џоана ги оспорува претседателските избори во Романија
За една вечер 2.696 сообраќајки