Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет

Мирчеа Џоана ги оспорува претседателските избори во Романија

Трајан Басеску освои мала предност од помалку од 1 отсто во однос на ривалот

БУКУРЕШТ - Актуелниот претседател на Романија, Трајан Басеску, победи со тесен број гласови на претседателскиот решавачки круг од изборите, додека неговиот левоориентиран ривал вети дека ќе ги оспори резултатите, укажувајќи на прекршоци. Официјалните резултати од изборите покажаа дека Басеску има мала предност од помалку од 1 отсто во однос на неговиот ривал, социјалдемократскиот лидер Мирчеа Џоана, со освоени 50,43 отсто наспроти 49,57 отсто гласови.

Џоана, поранешен министер за надворешни работи и амбасадор во САД, тврдеше дека победил уште по завршувањето на гласањето во неделата и не признава пораз. Тој вели дека изборите биле лажирани, нагласувајќи дека неговата партија има докази за „масовна измама“, како што се повеќекратно гласање и купување гласови. „Потребното демократско решение е да се оспори исходот од изборите пред уставниот суд“, изјави тој за новинарите, додавајќи дека ќе поднесе жалба.

Изборните посматрачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа изјавија дека гласањето во неделата, генерално, ги исполнило дадените заложби, но побараа од властите да ги испитаат информациите за нерегуларности, за што се пријавени 194 случаи. Напнатото гласање го продлабочи политичкиот спор во оваа балканска земја, парализирана од сериозна економска криза. Минатиот месец, ММФ ја суспендираше исплатата на дел од спогодбата за финансиски спас на Романија, откако опозициските партии го соборија кабинетот сојузник ��а Басеску.

Романците се надеваа дека изборите во неделата ќе ја извлечат нивната земја од најголемата политичка и економска криза за 20 години. Сепак, се чини дека победата со неверојатно тесен број гласови ги дополни нивните проблеми. (Прес ТВ)


#
Статијата е прочитана 208 пати.

Испрати коментар

Од: sk2
Датум: 09.12.2009 04:10:31
Interesna rabota na Makedonija Brisel i zameri za nedemokratski izbori a tuka vo samata EU ima laziranje..Mozebi sega Fuere ke im se zakani na Romancite
Од: dbreak
Датум: 09.12.2009 10:08:43
Jas ne bi sakal da se sporeduvam so Romancite.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2009 11:57:45
Уштен еден ,,дебел допринос,, во урнисување на угледот на ЕУ,примитивно лажирање кое и ние одамна сме го напуштиле,имено вакво однесување е забележано во далечната 1994 год.кога помодрените го добија вториот мандат.Како ќе се однесува Еу во оваа ситуација е мошне интересантно или пак ќе се премолчи во стилот,,није се нама то догодило и Мишко вози даље,,.

Најди! во Утрински
Свет
За два дена 60 загинати од напади
Најголемото шоу на светот мора да успее
ЕУ и ОН го поздравија климатскиот потег на САД
Србија е чекор понапред кон Европската Унија
Серија експлозии убија 118 луѓе во Багдад
За една вечер 2.696 сообраќајки