Серија експлозии убија 118 луѓе во Багдад
Кланица во која уште околу 200 луѓе беа повредени
БАГДАД - Во серија експлозии на автомобил-бомби во центарот на ирачкиот главен град Багдад загинаа најмалку 118 лица, а 197 се повредени. Првата експлозија погоди полициска патрола во квартот Дора во Багдад. Четири други експлозии се случија во близина на официјални згради во растојание од неколку минути.
Ирачкиот советник за национална безбедност, Мовафак ал-Рубаи, ги обвини за нападите милитантите на Ал Каеда. Тој изјави за Би-Би-Си дека целта била да се дестабилизира земјата пред општите избори што треба да се одржат во февруари. „Ал Каеда неодамна беше активна во Багдад“, рече Рубаи. „Целта е да се покаже дека владата не е способна да ги заштити цивилите и сопствениот народ и, исто така, да ги заплаши луѓето да не излезат на гласачките места“.
Вчерашните експлозии погодија куќи во главниот град. Официјалните згради во близина на местата на експлозиите се Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјални прашања, универзитет и Институтот за ликовни уметности. Во експлозиите има цивилни и жртви од безбедносните сили, јавија официјални лица.
Преживеаниот Ахмед Џабар, кој се извлече од оштетена зграда на едно министерство, рече за новинската агенција АП: „ Какво злосторство сме направиле? Под урнатините се затрупани деца и жени“.
Според податоците на ирачката влада, насилството, генерално, опадна во последните 18 месеци. (Би-Би-Си) |