За една вечер 2.696 сообраќајки
Москва- Градоначалникот на Москва, Јуриј Лужков упати критика до синоптичарите поради неточната прогноза за количината на завчерашните врнежи од снег.
Синоптичарите завчера прогнозираа снежна покривка од околу еден до два сантиметри, но снегот наврнал околу 12 до 15 сантиметри.
Таквите грешки доста скапо го чинат градот и им предизвикуваат непријатности на жителите на Москва, бидејќи наложуваат истовремено користење на шест илјади машини за чистење снег. Доколку имаше точна информација за времето, снегот ќе се чистеше постепено и немаше да се создадат проблеми во движењето во градот.
Во текот на вечерта главниот руски град беше практично парализиран поради работата на општинските служби за чистење на снег. Регистриран беше и рекорден број од 2.696 сообраќајни несреќи. (МИА) |