Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет

Србија е чекор понапред кон Европската Унија

До јуни наредната година и новата проценка за соработката на Србија со Хашкиот трибунал, одложена е одлуката за почетокот на ратификацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација на Србија и ЕУ.

До одлуката за деблокада на Трговската спогодба дојде по презентацијата на главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц, кој во разговор со европските министри во Брисел ја оцени позитивно соработката на Србија со Меѓународниот суд за воени злосторства. Холандскиот министер за надворешни работи Максим Ферхаген, по одлуката за деблокада на Трговската спогодба изјави:

"Минатиот јуни го прашав господинот Брамерц дали Србија прави сее' што може во сорботката со трибуналот во Хаг. Тој тогаш ми одговори дека Србија може и повеќе. Сега, на истото прашање, ми одговори дека српските власти прават сее' што е во нивна моќ, како и дека луѓето што се занимаваат со сорботката со Трибуналот се сериозни и посветени на нивната работа, иако работат во тешки и опасни услови."

Ферхаген изјави дека е момент да се стимулира таквиот позитивен развој на ситуацијата во Србија, но додаде и дека е неопходно да се продолжи притисокот врз Србија за да се одржи ваквото задоволително ниво на соработка со Хаг. Најважното прашање, според Ферхаген, останува апсењето на Младиќ и Хаџиќ. Шефот на холандската дипломатија најави дека за шест месеци ќе биде направена нова проценка на соработката на Србија со трибуналот во Хаг и, доколку тој извештај биде позитивен, би можело да се пристапи кон ратификација на Договорот за стабилизација и асоцијација.

Што се однесува до можното поднесување на кандидатура на Босна и Херцеговина за членство во ЕУ, Советот на министри на Унијата уште еднаш повтори дека за тоа неопходен услов е трансформацијата на Канцеларијата на Високиот претставник (ОХР). Иако европските министри сметаат дека уставните реформи не се предуслов за затворање на ОХР, се истакнува дека Босна и Херцеговина мора да го донесе пакетот уставни реформи за да создаде функционална држава и да ја усогласи уставната рамка со Европската повелба за човекови права. Советот на министри на ЕУ уште еднаш изрази загриженост поради развојот на политичката ситуација во БиХ. Неопходни чекори за напредок на земјата, како што се вели, се "заедничката визија за заедничка иднина" и политичката волја да се исполнат условите за евроинтергација на земјата. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 591 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 09.12.2009 10:17:42
Со убавата политика која ја води нашата влада,Македонија е слепо црево на балканот.Да се крстиме на Србија и да чекаме таа да не повлече кон ЕУ,како и добивањето на ослободување на визниот режим.

Најди! во Утрински
Свет
За два дена 60 загинати од напади
Најголемото шоу на светот мора да успее
ЕУ и ОН го поздравија климатскиот потег на САД
Серија експлозии убија 118 луѓе во Багдад
Мирчеа Џоана ги оспорува претседателските избори во Романија
За една вечер 2.696 сообраќајки