Заокружено дигиталното дело на Драги Михајловски
Четиринаесет дела од македонскиот професор, преведувач и писател Драги Михајловски, од неодамна станаа бесплатно достапни за преземање од веб-порталот за авторски содржини од македонски автори и уметници www.cc.org.mk.
Од Михајловски досега на порталот се објавени: „Секое зло за арно“ од Вилијам Шекспир за кое преводот е на Михајловски, следуваат уште десет драми од Шекспир, збирката раскази „Раскази од Шестиот кат“, романот „Мојот Скендербеј“ итн.
Збогатувајќи го електронскиот пишан збор на македонски јазик, Драги Михајловски влијае на ширењето на македонската литература и култура воопшто и помеѓу луѓето кои од финансиски или географски причини не секогаш се во можност да дојдат до неговите дела. (Н.П.)
|