Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

СВП не потврдува дали Фатос Арапи е лауреат на „Златниот венец

Директорот на „Струшките вечери на поезијата“, Илјаз Османи, вели: „Стрпете се уште неколку часа“

Невена Поповска

Настаните околу годинешните „Струшки вечери на поезијата“ продолжуваат на ист начин и со истото темпо. Никој од повиканите, од членовите на Управниот одбор на манифестацијата не беше достапен откако беше објавена веста дека годинешен лауреат на „Златниот венец“ на Струшкиот поетски фестивал е албанскиот поет Фатос Арапи. Откако три недели наназад се заседава по разни прашања од значење за манифестацијата, кога дојде на ред најзначајниот избор, некако работите застанаа и одеднаш станаа мистериозни. Досега официјално бевме известувани за сите одлуки на Управниот одбор, а за најважната одлука некако се молчи. Зошто?


Фатос Арапи

Уште на состанок кој се одржа минатиот петок во седиштето на СВП изборот одеше тешко. Копјата се кршеа околу Фатос Арапи и Љубомир Левчев. „Имаше и политички натегања“- ни изјави тогаш директорот на СВП, Илјаз Османи. Тогаш одлука не се донесе. Во текот на целата измината недела членовите на Управниот одбор не можеа да се усоглсат со термините за да одржат состанок. Нели е тоа малку неодговорно. За донесување на најважната одлука за манифестацијата од светски ранг не може да се најде термин. Смешно. Во петокот ни беше соопштено дека претседателот на Управниот одбор, Данило Коцевски патува во Струга. И потоа молк. Треба ли да нагаѓаме? Се одржа ли таму мистериозниот состанок? И зошто се да се одвива под некои мистериозни околности? Па нели се залагаме за транспарентност во работењето? Во Струга ли беше донесена конечната одлука? Натежна ли влијанието на членовите на Управниот одбор од локалната самоуправа, кои спред статутот и немаат право да се членови на Управниот одбор? Овие прашања остануваат неодговорени поради недостапноста на ниту еден од членовите на Управниот одбор на СВП. Преку разни, напати смешни изговори, останаа недост��пни за јавноста. Единствено директорот на „Струшките вечери на поезијата“, Илјаз Османи, имаше краток коментар: „Стрпете се уште неколку часа. Деновиве ќе се одржи конференција за новинарите каде официјално ќе ја соопштиме одлуката.“ А зошто да се чека до среда ако одлуката била донесена уште во петокот?

Без оглед на се, ваквите игри не му одат во корист никому, а најмалку на лауреатот и на манифестацијата. Зошто толку мистификација? Зарем некој се плаши да застане зад оваа одлука или не стои зад одлуката? И повторно Зошто? Затоа што Арапи е поет од Албанија? На познавачите им се сосема јасно дека станува збор за исклучителен автор. То е еден од водечките поетски имиња во Албанија и светот. Досега учествувал на Струшкиот поетски фестивал и веќе е преведувана неговата поезија, така што македонската книжевна јавност имала можност да се запознае со неговото творештво.


Статијата е прочитана 116 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Легендарниот Бен Хур почина во 84. година
Премиера на „Скопје и се' е можно“ во „Фросина“
Романтично патување низ машко-женскиот свет
Заокружено дигиталното дело на Драги Михајловски
Скопскиот фестивал ја разбранува атмосферата во градот