Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Премиера на „Скопје и се' е можно“ во „Фросина“

Вечерва во 20 часот во киносалата „Фросина“ во Младинскиот културен центар премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Скопје и се' е можно“ на етнолог Соња Ризовска-Јовановска, виш научен соработник во Институтот за старословенска култура - Прилеп/Скопје. На премиерата ќе говори градоначалникот Трифун Костовски, а филмот во истиот термин ќе се прикажува секоја вечер до 11 април.

„Скопје и се' е можно“ ги презентира елементите на секојдневниот живот на граѓаните на главниот град погледнати од научен, културен, историски, социолошки и економски аспект. Визуелно ги доловува модалитетите на етничкиот соживот, верската (не)толеранција и (не)можноста да живеат сите етнички заедници со сите притисоци и предрасуди кои се присутни на различни нивоа. „Покажуваме каков модул на комуникација изградиле граѓаните на Скопје, што е тоа што ги зближува или дистанцира луѓето од различни нации, религии, родови, возрасти, различни културни средини и социјални структури. Во филмот е направен пресек на повеќе нивоа на свеста на обичниот човек, на познати и заслужни личности кои преку својата заложба и уметност дале, или даваат посебен културен белег за градот Скопје за да се надминат сите препреки на општа или институционална комуникација. Во него се користи музика од многу музичари кои пееле за Скопје од различни националности како и од различни културни средини, за да се покаже дека не постои никаква граница меѓу луѓето и дека во името на градот и културните белези на соединување на сите граѓани, ќе успееме да го доближиме градот Скопје поблиску до светот. Филмот е формула за претставување на одредени нивоа на свеста кај луѓето кои живеат во Скопје, како и на начините кои ги користат свесно или несвесно во надминувањето на границите на верско, национално, социјално, родово и просторно ограничување. Преку визуелната презентација се претставува нашата урбана култура со сите секојдневни елементи на лошото и доброто, како и посебноста на културниот простор како што е Скопје, еден шаренолик мозаик кој важи за значаен сегмент не само во Ма��едонија, туку и во културната политика на Балканот“, посочи авторката на филмот, Соња Ризовска-Јовановска. (К.Б.)


Статијата е прочитана 135 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Легендарниот Бен Хур почина во 84. година
СВП не потврдува дали Фатос Арапи е лауреат на „Златниот венец
Романтично патување низ машко-женскиот свет
Заокружено дигиталното дело на Драги Михајловски
Скопскиот фестивал ја разбранува атмосферата во градот