Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

ЧАРЛТОН ХЕСТОН

Легендарниот Бен Хур почина во 84. година

Легендарниот холивудски актер и оскаровец Чарлтон Хестон почина ноќта помеѓу саботата и неделата на 84-годишна возраст во својот дом во Беверли Хилс.

Семејниот гласноговорник Бил Пауер не сакаше да изнесува детали околу причините за смртта на славниот актер, само рече дека покрај него постојано била неговата сопруга Лидија.

На Хестон пред шест години му беа дијагностицирани невролошки симптоми слични на Алцхајмеровата болест.

„Никој не може да побара поисполнет живот од оној што го имаше Чарлтон. Ниту еден човек не би можел да им даде повеќе на своето семејство, професијата и на земјата. Со негови зборови: ’Живеев толку прекрасен живот! Живеев како за двајца‘“, се вели во официјалната изјава на семејството.

Хестон во 1959 година освои „Оскар“ за улогата на Бен Хур во истоимениот спектакл, а се истакна и со други интерпретации на херојски ликови, како што се Мојсеј, Микеланџело... Во јавноста ќе остане запомнет и по ролјите надвор од филмското платно - беше претседател на Здружението на филмските актери и претседател на Американскиот филмски институт, а во педесеттите години на минатиот век го поддржа и движењето за граѓански права. Со тек на годините стануваше се' поконзервативен и поддржуваше политички кампањи на кандидати од десницата, а најконтроверзна беше неговата улога на претседател на националното здружение за оружје од 1998 до 2003 година, функција од која се повлече откако му се влоши здравствената состојба поради Алцхајмеровата болест.

Претседателот на САД, Џорџ Буш, во 2003 година го одликуваше Хестон со претседателски медал за слобода, што е највисоко државно цивилно одликување.

Чарлтон Хестон беше роден како Џон Чарлс Картер во Илиноис на 4 октомври 1924 година. Тој го зеде презимето Хестон откако неговата мајка се разведе и повторно се премажи кога тој имаше десет години. Покрај сопругата, Хестон зад себе остави син, ќерка и три внучиња.


Статијата е прочитана 168 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
СВП не потврдува дали Фатос Арапи е лауреат на „Златниот венец
Премиера на „Скопје и се' е можно“ во „Фросина“
Романтично патување низ машко-женскиот свет
Заокружено дигиталното дело на Драги Михајловски
Скопскиот фестивал ја разбранува атмосферата во градот