МАЈКЛ Џ. ФОКС
Оптимизам спакуван во ТВ-документарец
Американскиот актер Мајкл Џ. Фокс одлучил да сними специјална емисија на американската телевизија Еј-Би-Си посветена на оптимизмот и неговото значење за секој човек.
Во емисијата, актерот, кој е роден во Канада и кој десетина години боледува од Паркинсонова болест, одлучил да проговори за научната страна што го оправдува оптимизмот, како и за своето лично искуство во изминатата деценија. Тоа е период кога тој ги доживеал најубавите моменти од животот, и покрај сознанието за болеста.
Мајк Џ. Фокс и' стана познат на американската јавност по улогата во серијалот „Семејни врски“ и „Лудиот град“, како и во научнофантастичната трилогија „Враќање во иднината“.
Зборувајќи за оптимизмот, актерот го споделил и своето искуство од посетата на Бутан, за чии власти изјавил дека се несекојдневно пристојни со својот народ.
Оваа емисија премиерно ќе биде прикажана во мај на американската телевизија Еј-Би-Си. |