ХАЛИД БЕШЛИЌ
Тешка сообраќајка на босанскиот пејач
Популарниот босански пејач Халид Бешлиќ тешко е повреден со сообраќајна несреќа што се случила минатата ноќ околу 4,20 во Сараево. По сообраќајката, доведен е во Клиничкиот центар Кошево и се наоѓа надвор од животна опасност.
Бешлиќ, од неутврдени причини, ја изгубил контролата над возилото и излетал од патот, кога се враќал од својата бензинска пумпа во една сараевска населба. Притоа, ги повредил коските на лицето. Тој бил сам во автомобилот и не бил врзан, а на патот имало многу лоши услови - врнело дожд и снег.
Бешлиќ бил опериран вчера на Очната клиника во Сараево од 5 часот утрината до попладнето, а портпаролката на болницата изјавила дека лекарите не се оптимистични за неговото десно око.
Пред еден месец, Халид Бешлиќ завршил во болница поради исцрпеност.
|