Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Забава

ГВЕН СТЕФАНИ

Заедно во када со еколошката свест

Пејачката Гвен Стефани и нејзиниот сопруг Гевин Росдејл, по се' изгледа, одлучиле интензивно да ја развиваат еколошката свест кај јавноста. Имено, поранешната фронтменка на групата „No doubt” се одлучила постојано да се бања со својот сопруг, но како причина не го навела фетишот ниту љубовта која ги поврзува, туку еколошкиот поглед на целата ситуација.

„Сметам дека за почеток е одлично и целото семејство да практикува заедничко бањање. Така, пред се', ќе заштедите вода, која во иднина ќе претставува сериозен проблем, а потоа и сите токсични материи, како што се шампоните, ќе ги потрошите во помала количина и со тоа ќе го намалите загадувањето“, појаснила Стефани.

Освен оваа идеја, Стефани одлучила на покривот од својата куќа да стави и соларна плоча, како и да го стартува проектот за рециклирање. Ваквите погледи на животот Стефани започнала да ги применува по раѓањето на своето прво дете, а особено се активирала откога станала мајка и по втор пат.

Иако звучи малку контрадикторно и нелогично, нивната посветеност кон екологијата, бројните организации за заштита на Земјата ги поддржуваат нивните обиди да ги мотивираат граѓаните на зголемување на еколошката свест.

 


Статијата е прочитана 501 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Второ учество на Хрватскиот радиски фестивал
Тешка сообраќајка на босанскиот пејач
Оптимизам спакуван во ТВ-документарец
Враќање во топ-форма