Откако актерката Џенифер Гарнер пред два месеца по вторпат стана мајка, одлучила веднаш да се ослободи од вишокот килограми и да си ја поврати формата на телото. Според пишувањата на медиумите, таа и нејзиниот сопруг Бен Афлек секојдневно поминуваат по неколку часа во трчање и спортување, па за многу кратко време успеала да се приближи до совршениот изглед.
Гарнер, која повеќето свои улоги ги добила благодарение на својот надворешен изглед, а помалку поради актерскиот потенцијал, веќе прави чекори во обид да и' се врати на старата љубов - филмот.
По ангажманот со серијалите, актерката во неколку наврати се обиде и на филм, но по бракот со Афлек ја стопира кариерата и му се посвети на мајчинството.
Еден од нејзините поуспешни ангажмани е оној во филмот „Перл Харбор“ од 2001 година, каде што игра со Афлек, а потоа се појави и во филмот „Џуно“, кој исто така и' обезбедил слава и добра финансиска мотивација.