Број 3301  вторник, 08 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Бензините поевтини за еден денар

Бензините од денеска се поевтини за еден денар, а цената на дизелот останува непроменета. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 68 денари за литар, а на еуросупер БС-98 ќе чини 69,5 денари. Се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство за 0,5 денари и ќе се продава по 45,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, исто така, се намалува за 1,386 денари за килограм и ќе се продава по 31,479 денари.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14- дневен период изнесуваше 71,886 долари за барел и е за 4,28 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта, по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 50,0804 денари за долар и е за 1,28 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 443 пати.

Испрати коментар

Од: Љупчо
Датум: 08.06.2010 07:30:41
А авто-гасот најверојатно ќе си остане ист или пак ќе поскапи?
Од: mene
Датум: 08.06.2010 10:52:56
Za vreme na olimpijadata vo Peking naftata na berza bese okolu 140 dolari za barel, a kaj nas maloprodazna cena bese 80-ina denari za litar benzin. Denes, so berzanska cena od 72-75 dolari za barel, maloprodaznata cena e nesto pod 70 denari. Kade e logikata, normalno VO POLNENJE NA PRAZNIOT BUDZET na tovar na gragjanite i ekonomijata.
Од: b
Датум: 08.06.2010 11:51:46
Браво за власта. Фала ви! Вака се работи за својот народ!

Најди! во Утрински
Економија
Сорос
Кои се грчките банкрот-кредитори?
„Охи“ за полни резервоари во Грција
Странци ќе ни носат странски инвеститори
Доларот се' поскап во менувачниците
Расте обемот на стоковната размена, но и дефицитот
Македонските фирми можеле, а не зеле европски пари
За пет години крај на еврото?