Број 3301  вторник, 08 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Странци ќе ни носат странски инвеститори

Откако се виде дека не оди лесно полнењето на слободните зони со фабрики, сега Владата ќе ги дава под закуп

Соња Маџовска



Откако се виде дека не оди така лесно полнењето со фабрики на слободните економски зони, сега тие ќе се даваат под закуп. Владата ќе бара мултинационални компании што веќе се занимаваат со развој на вакви индустриски зони, за да донесат инвестиции во земјава. Ова вчера го потврди министерот за економија Фатмир Бесими, според кој, допрва ќе се прецизираат деталите како ќе се реализира оваа идеја и на колку години ќе се даваат под концесија зоните.

Пред извесно време и првиот човек на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Марјан Јованов, најави дека тие веќе разговарале со заинтересирани менаџери од Турција и од Индија за оваа идеја. Но, според него, за да може тоа да се реализира прво зоните мора да имаат изградено инфраструктура.

„Планираме во делот на слободните економски зони да примениме нов пристап за концесионирање, односно зоните ќе ги дадеме под закуп на некој што има искуство да ги развие тие зони и да привлече инвеститори. Тоа би бил нов модел, за разлика од тоа што сега го прави сама Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Мислам дека ова е добра идеја, но потребни се дополнителни анализи за да се донесе конечна одлука на Влада. Кога ќе се донесе одлуката ќе се дефинираат и условите и концептот, а тоа ќе оди транспарентно на меѓународен јавен оглас“, изјави вчера министерот Бесими.

Тој е оптимист дека странските инвестиции што засега само се најавуваат, сепак, ќе дојдат во втората половина од годинава. Министерот не прецизираше за кои компании е сигурен дека ќе почнат да ги реализираат инвестициите. „Треба уште да работиме во делот на привлекување инвестиции и подобрување на деловната клима. Годинава и претходната имаше многу екстерни фактори што влијаеја на тој елемент, но во иднина со подобрување на одредени политики ќе може да се подобри квалитетот на инвестиции“, изјави Бесими.

Тој очекува да се подобри инвестициската слика за земјава, но засега фактите зборуваат нешто друго. Бројките за СДИ во земјава се поразителни. Лани ја завршивме со 180 милиони евра странски инвестиции, а во првите два месеца од годинава се влезени само 14 милиони евра СДИ. Инаку, според планот на Владата, во земјава треба да никнат вкупно 11 слободни економски зони во повеќе градови низ земјава. Покрај двете зони во „Бунарџик“, 1 и 2, почната е и изградба на уште една поголема технолошко-индустриска развојна зона во Штип, следна е Тетово, а тука се и зоните на локалните самоуправи. Во „Бураџик 1“ сега работат само две фабрики „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“.

Сепак, и покрај поразителните бројки, странските организации што ја мерат бизнис-климата во земјите од регионот постојано потенцираат дека Македонија е топ-реформатор. И вчера на презентацијата на извештајот за индексот на инвестициски реформи ИРИ 2010 изработен од ОЕЦД, беше констатирано дека земјава бележи напредок по сите параметри. Сепак, шефот на повелбата за инвестиции за Југоисточна Европа на ОЕЦД, Алистер Нолан, кажа кои се и слабостите. „Забележуваме дека приватниот сектор во Македонија се жали оти постои некаков јаз меѓу вештините што се обезбедуваат во образовниот систем и оние што им се потребни. Исто така, треба да се обрне внимание и на општиот квалитет на образованието за инвестиции“, изјави Нолан. Според него, Македонија има и низок пристап до финансии и низок резултат на наоѓање капитал. Во извештајот се констатира дека земјите од ЈИЕ треба да привлечат повеќе и поквалитетни инвестиции за да се извлечат од кризата и да изградат основа за долгорочен раст. Со индексот на инвестициски реформи се прави процена на политиките и на институциите што суштински влијаат на климата за инвестирање во 10 економии од регионот.


#
Статијата е прочитана 1749 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandar
Датум: 08.06.2010 00:42:18
Бидејќи привлекување на странски инвеститори беше ПРИМАРНАТА цел и ветување на оваа влада, а сега се откажува од тоа и го дава на странски концесионери, можеби треба и самата влада да се откаже сама од себе и да го даде целокупното управувањео со земјата на странски концесионер. Така барем има некакви шанси да ни тргне.
Од: privatnik
Датум: 08.06.2010 01:02:40
Jas sum privatnik poveke god.nashiov minister za ekonomija ne si ja poznava rabotata i sega ke bara koncesioneri ili menadjeri sto ke rabotat so slobodnite zoni Pa ministerot vednash treba da si odi nema nikakvi rezultati vo ekonomijata a rezultatite vo kapitalizmot se najmerodavni mozeme nie da bideme najreformatori i najdobra biznis klima no rezultati koga nema znaci se pagja vo voda,toa e isto kako operacijata e uspeshna no pacientot e mrtov taka i so statistikite nashi.............
Од: debrestanec
Датум: 08.06.2010 07:43:28
Ispraa sto imase za perenje i sega ce gi davale na koncesija. Koj ce vlozi pari vo livadi i grobista? Propadnat koncept na uste popropadnata i bez kapacitet vlada. Makedonija ostana mnogu odamna procitana stranica od edna kniga.
Од: Mira
Датум: 08.06.2010 08:04:27
Vladata e na prav pat da privlece stranski investitori. Rabotite odat bavno poradi svetskata kriza no najvazno e sto nie cekorime na prav pat za koga svetskata ekonomija ke se podobri da veke ima povolni uslovi za stranski investicii vo Makedonija (na sto e pravilno nasocena i vladata)
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 08.06.2010 08:59:06
Владата призна дека биле залудно потрошени парите ( или со нив се офајдија) и дека не ги бива,и дека ќе мора да дојде некој што го бива.Па ако не ги бива. зошто уште го лажат народот дека нешто работат.Штетите полека испаѓаат на виделина, но кој ќе одговара како и за фрлените пари за италијански мермер а нашиот мермер го зема цел свет и.т.н. Ограбувај и ограбувај па потоа оди понатаму....
Од: coco
Датум: 08.06.2010 09:07:31
До Мира и слични:A, бе доста ја фалите оваа катаклизма од влада која претставува какофонинија од типови на луѓе дојдени по не знам која основа , без знаење, компас и идеја. Корупцијата нема да ја дискутирам. Што им фалеше на домашните инвеститори, на пример прехранбената индустрија, текстилната, металургијата. Зошто ним не им помагаат, туку ги оставаат на милост (Сведмилк)? Зошто автобусите не ги направи ФАС 11 Октомври, сто пати поквалитени од оние ретро криминални автобуси? Зошто го упропостаија здравството, зошто не го реорганизираа фондот по економски исплатлив терк? Зошто им требаат скапи консултанти за се и сешто па и за трамвај, а кај нас инжињери колку сакаш? Доста со тие провидни изговори како светска криза. За оваа влада нема криза во инвентивноста за крадење. Дегутантно е да се коментира понатаму.
Од: dedodimo
Датум: 08.06.2010 09:10:30
Aleksandar e vo pravo .poveke vo makedonija ne bi trebalo da ima domashni politichari .Makedonija zemja polna so potkupeni diplomi a znaenje nema oa zatoa politicharite kako i drugite e zaglavija zemjata prifatia neshto shto nikoj vo svetot ne bi dozvolil a toa e za Imeto .Vo zemja bez ime nikoj ne saka da reskira .Se predstavivte pred svetot kako da ne znajte koj ste i koja e vashata zemja.PREDAVNICI.
Од: Nikola-Germanija
Датум: 08.06.2010 09:12:02
So drugi zborovi:Potpolna Kapitulacija!Vladata priznava deka e nesposobna da ja promovira MK vo svetot.Zonite i da gi poklonuvaat na tn.koncesionieri(drug izraz za nedomakinluk),sepak odlucuvacki se opstite uslovi za investicii vo MK i tie se-KATASTROFA!Zarem koncesionerot ke trosi sopstven kapital da promovira tugja zemja bez MKska garancija deka ke se obezbedat najminimalnite uslovi za investicii?Istata metoda vladata ja primenuva i kaj patnata mreza niz zemjata.Vozacite plakjat patarini za da si krsat kolite,namesto da se vlozuva vo patistata,no tie pari se potrebni za Kic-spomenicite vo Skopje.Kako se pravi trajna politika moze da se vidi vo SRB.Sekoja godina zavidno utvrduvam progres minuvajki niz taa zemja,dodeka MK blagoreceno so godini nanazad tapka na mesto.Istata politika vladata ja vodi vo sporot za imeto.SRB gi promovirase poziciite za KS sirum svetot,za na kraj da izdejstvuva kakva-takva mala pobeda,dodeka Gruevski so Baby-face-ot Milososki si sonuvaat "megjunarodni normi"
Од: b
Датум: 08.06.2010 11:36:46
Е пошто нашиве веќе се изморија носејќи, веќе грбот ги боли, кичмите ги свиткаа, сега да им препуштиме на станците да ни носат. Сега ние може 24/7, сите четири во вис!
Од: resenie
Датум: 08.06.2010 12:16:11
ne ne biva ! Toa e fakt ! platete si po 5-6000 evra plata/mesec na 100 parlamentarci Holandjani / Germanci / Danci za da ve dovedat vo red.
Од: До Мира
Датум: 08.06.2010 12:19:26
Ало Мира ти ептен си забегала изгледа. Е колку треба да трае тој прав пат на владата за да стане подобро тука? Уште 5-10-20 години? Преиспитај се што пишуваш. Срамота е. И се согласувам дека треба владата да ја дадеме под закуп на странски инвесититор., 100% ќе биде подобро.
Од: Od Nsto Palioski-Jablanicanecot
Датум: 08.06.2010 13:36:27
Se dodeka gi forsira Vladata Vasite prijateli, i se dodeka gi pre prodava Tenderite vo RM, nema nikoj da investira a pogotovo stranec.Svestitese ednas za sekogas,ako e mislite dobro na drzavata.Davajtegi Tenderite na toj koj podnesol baranje so Revidiran Ideen Proek a ne da tie proekti ki malku proizmenuvate i davate na Vasi poznanici. Ako toa nebese taka tvrdam deka barem eden od moite 4-ri Proekti barem eden da se ostvarese ke vlezea vo drzavata najmalku sto 100 000 000 Milioni Evra za proizvodsvo na Elektricna energija,a dali Hidro ili Solar toa mi e sve edno.No jas ne se prodavam taka lesno i Mizo,Stavrevski i Samak nemozat da mi solat pamet,i se dodeka niv Gruevski ne gi otstrani Partijata ke gubi.

Најди! во Утрински
Економија
Сорос
Кои се грчкит�� банкрот-кредитори?
„Охи“ за полни резервоари во Грција
Доларот се' поскап во менувачниците
Расте обемот на стоковната размена, но и дефицитот
Бензините поевтини за еден денар
Македонските фирми можеле, а не зеле европски пари
За пет години крај на еврото?