Број 3301  вторник, 08 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Расте обемот на стоковната размена, но и дефицитот

Стоковата размена покажува знаци на заживување, па нејзиниот обем во првите четири месеци од годинава е за 8 отсто поголем во однос на истиот период од 2009 година. Сепак, процесот на закрепнување на размената не е доволен за да го ублажи натрупувањето на трговскиот дефицит, кој од јануари до април достигна 670,6 милиони долари. Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава изнесувала 897,5 милиони долари, а на увозот 1,56 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 57,2 отсто.

Трговската размена по производи традиционално покажува дека во извозот е најголемо учеството на производите од железо и од челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу застапена останува суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 отсто и земјите во развој.

Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Русија. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 396 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupenia
Датум: 08.06.2010 14:35:47
Годишниот дефицит ќе достаса околу 2милијарди евра? Машала. А кој сето тоа ќе го покрива ако подолжи зголемувањето на дефицитот?

Најди! во Утрински
Економија
Сорос
Кои се грчките банкрот-кредитори?
„Охи“ за полни резервоари во Грција
Странци ќе ни носат странски инвеститори
Доларот се' поскап во менувачниците
Бензините поевтини за еден денар
Македонските фирми можеле, а не зеле европски пари
За пет години крај на еврото?