Број 3301  вторник, 08 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

„Охи“ за полни резервоари во Грција

Сите транспортери што ќе влезат таму со повеќе бензин од дозволеното, ќе плаќаат плус половина евро за секој литар

Александрија Стевковска


Македонските транспортери почнаа да ги пресметуваат загубите, кои наскоро ќе почнат и да ги книжат поради ограничувањето што го воведе Грција за количината гориво, која камионите и автобусите можат да ја поседуваат при влез во земјата. Сите што ќе сакаат да влезат со повеќе бензин од дозволеното, ќе мора да плаќаат дополнителни давачки од половина евро за секој литар. Резервоарите на камионите и на автобусите грчките цариници ќе ги проверуваат на сите гранични премини.

Грција ја спроведува нафтената бариера за да ги натера превозниците таму да точат гориво, каде што еден литар се продава за 1 евро и 35 центи. Одлуката важи за транспортните возила од сите земји, но од неа се изземени патничките возила, бидејќи тие и не поседуваат големи резервоари за гориво. Македонската царина веќе е запозната со оваа последна одлука на Грција.

„Грција објави дека од денеска ќе биде дозволено камионите и автобусите да влегуваат во земјата со 200 литри гориво во резервоарите, а камионите со ладилници смеат да влезат со 300 литри гориво. Не е забрането резервоарот да има гориво над тие количини, но за секој литар гориво над дозволеното ќе се плаќаат дополнителни давачки“, вели првиот човек на македонската Царина, Ванчо Каргов.

Транспортерите се жалат дека оваа грчка одлука ќе предизвика нивни крах и дополнителни трошоци, кои тие нема да бидат во состојба да ги покријат.

„Влезот на камионите со помалку бензин од капацитетот на резервоарите ќе значи дека тие нема да можат да стигнат до крајната дестинација доколку не наполнат бензин во Грција. Тоа значи дека ако тука се полни бензин на почек, таму ќе треба веднаш да се плати и тоа по цена многу повисока од овдешната. Друг проблем е што таму има и недостиг од бензин, што би значело дека камионите може да останат без гориво на половина пат. Сето тоа ќе предизвика огромни финансиски загуби за сите транспортери“, вели Билјана Муратовска од „Макамтранс“.

Таа вели дека станува збор за нестандардна и вонредна мерка што ја вовела грчката влада за да се заштити себеси и одливот на пари, најмногу поради еуфоријата што ги зафати грчките возачи во последниот период резервоарите да ги полнат со бензин во Македонија поради пониската цена.

„Станува збор за нелојални мерки што ќе го дотепаат и онака опаднатиот промет на транспортерите, кои освен што возат за Грција, одеа и транзит низ таа земја откако претходно ќе ги наполнеа обичните и вградените резервоари во камионите. Сега наместо од 500 до 1.200 литри гориво, обичните камиони и автобусите ќе треба да влезат во Грција со 200 литри, а ладилниците со плус 150 литри, што е премалку за овој вид возила“, објаснува Муратовска.

Ограничувањето за внесот на гориво во резервоарите на камионите и автобусите наложено од грчката влада личи на слична мерка, која лани ја донесе Бугарија. „Лани ваквото ограничување што го воведе Бугарија траеше 7-8 месеци, со тоа што Бугарите беа поригорозни во одлуката и имаа дозволено внес на една количина гориво, без притоа да се прави разлика меѓу камиони со ладилник и без него“, објаснува Муратовска, според која, не доаѓа предвид воведување реципрочна мерка од наша страна, бидејќи тоа би требало да важи за сите земји и ќе значи ставање трн во здрава нога.

Грција е честа дестинација за камионските транспортери од Македонија.

Солун и Атина се редовни линии каде што се носи и се зема стока, но, сепак, домашните камионџии најмногу го користат јужниот сосед за транзит.

„Оваа најнова мерка на грчките власти ќе удри по нашиот џеб, бидејќи не можеме да ја поминеме Грција со двесте литри нафта. Ќе треба таму да точиме, а на нивните бензински пумпи нафтата е поскапа отколку што е кај нас и ете ни дополнителен проблем“, објаснува Борис Насков, превозник. „Не само што ќе ни се зголемат трошоците туку ќе ни се зголеми и одговорноста. Ќе треба однапред да планираме колку нафта ќе ни треба, кај треба да одиме и секако со нас треба и да носиме повеќе пари“, вели неговиот колега, Сашо Цветановски.

Во МНР не знаат за новата мерка на грчките власти, велејќи дека станува збор за одлука на ниво на царинските власти.

Во меѓународната практика вакви потези се преземаат кога една земја е во голема криза, што е случајот со Грција.

(Во изработката на текстот

учествуваше и дописникот од Струмица)


#
Статијата е прочитана 1697 пати.

Испрати коментар

Од: Boshko
Датум: 08.06.2010 01:58:27
Ushte edna gnasna zamka za nashiot soobrakaj pa chare ima da se najdi sepak ke bide po sporo.reciprocet ne e vozmozen no moze namesto so kamioni neka se upotrebi zeleznicata i so pveke vozovi da se nosi stokata.Kolku tolku ne ke ima najgolem efekt.
Од: ??
Датум: 08.06.2010 06:08:14
По која основа јужните соседи би смееле да контролираат кому колку му е полн резервоарот? И зар ние не можеме да воведеме исти мерки (на сите граници) тогаш? Смо ќе се на***име и овој пат, тоа ли е се што може да се направи? Нема протести, блокади и слично?
Од: BgMak
Датум: 08.06.2010 06:49:15
Minete togas preku Bugarija. Tamu nema vakvi ogranicuvanja na vlez, a posle granicata pomegju GR i BG e vnatresna za EU, demek nema kontrola.
Од: Nato-Jato
Датум: 08.06.2010 07:46:10
EEE TOA E EVROPA!!!!!
Од: SAM I OSAMEN
Датум: 08.06.2010 08:16:39
EEE TOA E EVROPA!!!!! A kaj zivees ti vo FYROM!!!aa Tebe ne ti go kontroliaraat benzionot ili mozebi tebe ti polnat benzin drugi. Ti ne plakas za plukanje posto ti plukas vo noksir, se e med i mleko "U ZEMLJI DANSKOJ" Cudno da stranskiot kapital se gubi koga ke dojde vo blizina na tvojata zemja koja se nadevam ti ke ja SREDIS!!!! EVROPA se mnogu zemji a ti so kolku zemji si zdruzen g-dine?
Од: jimmy1
Датум: 08.06.2010 08:21:29
Stom e taka nie treba da im vozvratime so uste postrogi merki, maksimum 20 litri gorivo. Na sekoj premin da ima benzinska pumpa i samo sto ke capnat na nasa teritorija pravo na benziska. Klinot so klin se isteruva.
Од: Alien from Space
Датум: 08.06.2010 09:34:03
Шверцот со Гориво е главниот проблем!Обидот,да се стори тоа повторно е спречен!Многумина се Обогатија,со Шверцување на горивото,во годините на Блокадата на Србија!Во овие зделки активно учествуваа и оние кои требаше да го спречат ваквото матно „работење“!Се работи единствено за мерка за заштита на своите граѓани и на интересите на државата!
Од: Aнгел
Датум: 08.06.2010 10:37:03
Toa се европски принципи, недемократски. Цела Европа е изградена на купишта лаги. Само наивни сами и осамени подлизурковци слепо веруваат. И фашизам му иде од еврогрција и пак молчи и прифаќа. Само сам и осамен незнае да се брани достоинствено. Грција нема право ова да го прави бе лузер еден осамен и сам.
Од: od mene
Датум: 08.06.2010 14:41:42
Ne e tochno deka Grcija gi ogranichuva vozilata od site zemi. Grcija nema nikakvo pravo da voveduva takvi merki za drzavi od Evropsjaka unija i navistina vo bugarski mediumi naprimer ovaa novina ja nema bidejki ne se odnesuva na niv. Ovie merki vazat ocignedno samo za zemi kako Makedonija, Albanija, Srbija i t.n.
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 08.06.2010 17:29:15
Što očekuvavte od mileničeto na NACIONAL SOCIJALISTIČKATA EU. krste pop-stefanija

Најди! во Утрински
Економија
Сорос
Кои се грчките банкрот-кредитори?
Странци ќе ни носат странски инвеститори
Доларот се' поскап во менувачниците
Расте обемот на стоковната размена, но и дефицитот
Бензините поевтини за еден денар
Македонските фирми можеле, а не зеле европски пари
За пет години крај на еврото?