Доларот се' поскап во менувачниците
Не стивнува интересот за доларот и на македонскиот менувачки пазар. Падот на еврото на светските берзи не ги натера македонските граѓани да ги продаваат еврата, но затоа со секој слободен денар купуваат долари, место евра како досега. „Не се конвертираат еврата во долари, но со вишокот денари граѓаните купуваат исклучиво долари. Се гледа многу јасно дека доларот има тенденција на раст“, вели Ангеле Миневски од Здружението на менувачници. Во однос на минатата недела вчера на менувачкиот пазар имаше нагорна корекција на доларот. Тој во банките вчера се купуваше по 51 денар, а се продаваше по 52,35 денари. (С.М.) |