Број 3441  четврток, 25 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Забава

Северина

Би сакала да имам убав погреб

Хрватската ѕвезда наскоро издава ново ДВД од концертот во белградска „Арена“ и документарен филм „Кога ќе се претворам во Северина“

Хрватската ѕвезда Северина, која неодамна одржа спектакуларен концерт во Скопје, најавува ново ДВД-издание од концертот во белградска „Арена“, а заедно со него и документарен филм, кој го снимаше Дарко Дриновац - „Кога ќе се претворам во Северина“.

Во пресрет на новото издание Северина со хрватските медиуми ги подели новогодишните желби, за кои, како што вели, се мали и слатки. „Како подарок под елката оваа година би сакала да го добијам филмот ’Всушност љубов‘, зашто тоа е еден од моите најомилени филмови. Со задоволство го гледам за Божик. Си посакувам и парфем „ексентрик молекулс“ и книга од еден домашен писател“, вели Северина.

Вели дека се радува на пријателствата, а разделбите тешко и' паѓаат. „Има малку луѓе со кои сум се разделила, онака до крај. Можам да ги избројам на прсти. Тоа е тешко и болно“, вели пејачката, која на шега додава: „Би сакала да имам убав погреб, да ми дојдат сите луѓе што сум ги запознала“.

Таа ги прифаќа годините, не се претвора дека има 16, но ужива во животот толку како да има толку. Комплиментите дека денеска е поубава отколку со дваесет, ги прифаќа со смеење, но од 40 години не се плаши. „Всушност, им се радувам. Во триесеттите ми се случија многу работи. Многу посвесно ги проживеав 30-тите отколку 20-тите кога бев млада и немав поим за ништо. Кога со 20 години ќе го погледнеш небото, не е важно дали има облаци или сонце. Сега веќе мислам: „Никаков ден“, ако е облачно. Во 20-тите со задоволство се дотерував, сега сум си најубава по концертот, со размачкана шминка. Веројатно, затоа и толку настапувам“.




#
Статијата е прочитана 1340 пати.

Испрати коментар

Од: Лингвистички грешки
Датум: 25.11.2010 12:50:54
пази сега: "Таа ги прифаќа годините, не се претвора дека има 16, но ужива во животот толку како да има толку". во што се претвора-во чудовите. Не. таа се ПРЕПРАВА. дајте бе лектори....

Најди! во Утрински
Забава
Заминала со 35 долари, а се вратила како најбогата жена
Пинк 15 со забава влезе во македонскиот етер
Како се вика братот на Шрек? Вејн Руни!
Кети Пери флертува со Мистер Бернс
Холивудската ѕвезда заштитно лице на руска банка
Актерот и' ја отсече главата на мајка си
Славната двојка доби син Бенџамин
Кој кого го копира?
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice