Жељко Митровиќ
Пинк 15 со забава влезе во македонскиот етер
Според очекувањата, изградени врз досегашниот имиџ на ТВ Пинк и по сите купопродажни заплети и расплети, оваа српска телевизија завчера вечер свечено се претстави во Македонија. Со официјален коктел во хотелот „Холидеј ин“, а потоа и со весел жур во дискотеката „Миднајт“, сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, придружуван со бројна менаџерско-пејачко- водителска екипа од својата телевизија, најави дека ќе „бидат лојална и кооперативна конкуренција“ на македонските телевизии. Со програма од македонското студио се планира да се почне по Нова година.
Како главна атракција за гостите на коктелот и забавата (најмногу од македонската естрада и новинарските кругови, со мал број претставници од политичкиот живот) беше предвиден настапот на Аца Лукас со поддршка од Жељко Самарџиќ и ѕвездите на продукцијата „Гранд“.
И така Пинк 15 веќе стана составен дел од нашиот македонски ТВ-живот. (Ј.П.)
|