|
|
|
|
|
|
Кети Пери флертува со Мистер Бернс
Поп-пејачката Кети Пери ќе се појави во божикното издание на популарната анимирана ТВ-серија „Симпсонови“. Таа нема да го зајми својот глас на некој од јунаците, туку лично ќе учествува во играниот сегмент на епизодата насловена „The 39 Days of Christmas“ во која популарните цртани јунаци ќе се појават како кукли. Во епизодата која во Америка ќе се прикаже на 5 декември, Пери флертува со сопственикот на нуклеарната електрана во Спрингфилд, Мистер Бернс.
„Симпсонови“ е најдолготрајната американска хумористична серија, која никако не губи од популарноста. Неа ја следат околу 8,5 милиони гледачи на возраст од 18 до 49 години во повеќе од 100 земји во светот. Симпсонови се толку популарни што веќе имаат и своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
Мет Гронинг ја започна серијата во 1987 година, а верзијата на славното американско семејство, која денес ја гледаме на малите екрани, создадена е во 1989 година и досега има освоено 27 награди „Еми“. |
#
|
Статијата е прочитана 617 пати.
|
|
|
|
|
|
|