БРУС ВИЛИС
Холивудската ѕвезда заштитно лице на руска банка
Брус Вилис ќе биде ново заштитно лице на руската банка Траст, една од триесетте водечки кредитни установи во Русија. Банката на своите филијали во Москва завчера ги закачи фотографиите на оваа холивудска ѕвезда, со текстот „Траст е како мене, само што е банка“.
Банката објаснила дека карактерот на Брус Вилис (55) ги отсликува вредностите на оваа банка, а тоа се „довербата и достоинството“.
Јунакот на филмовите „Умри машки“ ќе го замени претходното заштитно лице на оваа банка, популарниот руски кревач на тегови Владимир Турчински, кој ненадејно почина лани, во 46. година од животот.
За користењето на ликот на Џон Мекејн, главниот лик од серијалот „Умри машки“, склучен е договор со агентите на Вилис, но не е објавено колку изнесува договорениот паричен надоместок. |