МАЈКЛ Л’БРИ
Актерот и' ја отсече главата на мајка си
Мајкл Л’Бри, актер во ТВ-сериите „Грдата Бети“ и „Степ ап“, со самурајска сабја и' ја отсече главата на својата мајка. Во текот на стравичниот чин Мајкл ја цитирал Библијата и ја терал мајка си на покајание. Несреќната Јаник е убиена во вторникот во станот на синот, во Бруклин. Пред да и' ја отсече главата, Мајкл неколку пати ја пробол со сабјата.
Полицијата дошла предоцна, на повик на соседите што слушнале врескање. Местото на злосторството било прекриено со крв, а полицајците морале да го смират актерот со електрошок. Полицијата го одвела во психијатриска установа.
Родителите на Мајкл се родени и израснале на Хаити, но решиле своите деца да ги пораснат во Америка. Мајкл, кој е роден во Њујорк, секогаш имал само пофални зборови за својата мајка. „Се сеќавам на своето детство, како мајка ми ги хранеше оние помалку среќни луѓе. Родителите ме воспитуваа секогаш да делам со другите и да подарувам во хуманитарни цели, во име на Бога“, изјавил во една пригода.
Освен што глумеше во сериите „Грдата Бети“ и „Степ ап“, Мајкл Л’Бри поседува и свој ресторан. |