Казни поради исчезнувањето на близнаците
Државниот просветен инспекторат најави дека ќе изрече дисциплински мерки против директорката на средното општинско училиште „Орде Чопела“ од Прилеп и против класниот раководител, зашто не бил обезбеден континуиран надзор врз двајцата ученици со психичка ретардација, кои се изгубија за време на школската екскурзија, а беа пронајдени по еден ден.
Ова е одлука на Инспекторатот откако беше извршена анализа на целата ��остапка и програма за изведување екскурзија. Според зборовите на директорот на ДПИ, Џорџе Арсов, при инспекцискиот надзор е констатирано дека од страна на училиштето не се направени никакви пропусти. Надлежните сметаат дека децата, кои биле со посебни потреби, требало постојано да бидат згрижени од наставник.
Група од петмина инспектори, како што рече Арсов, во наредниве денови ќе ја скенира целокупната состојба во училиштето за да се утврди дали, евентуално, имало други пропусти. (Мн.Т.) |