Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника

Системот се менуваше, политичарите останаа исти

Две децении од првите повеќепартиски избори

Македонија денес ќе заокружи две децении од првите повеќепартиски парламентарни избори. На 11 ноември 1990 година граѓаните формално им кажаа „збогум“ на едноумието и на социјализмот за да зачекорат во неизвесноста на транзицијата. Два месеца претходно последното еднопартиско Собрание на СРМ изгласа 25 амандмани на Уставот, кои значеа промена на општествено-политичкиот систем на тогашната југословенска република, чија самостојност беше верификувана на референдумот на 8 септември 1991. Овие настани беа увертира во тектонските поместувања со кои се соочи државата во раните деведесетти години од минатиот век, додека политичарите се обидуваа да ја инсталираат демократијата во македонското општество.

Изборите во 1990 година се одржаа според мнозински модел, во два круга, а на нив учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Мандати во првиот парламентарен состав, кој се конституираше на 8 јануари 1991 година, освоија тројца независни кандидати за пратеници и девет партии.

Тоа што не се смени во изминатите две години е апсолутната доминација на двете најголеми партии - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Плурализмот од раните деведесетти, всушност, се сведе на бипартизам, така што политичкиот систем во земјава функционира со два потсистема - едниот на партиите на Македонците, а другиот на партиите на Албанците.

Стојан Андов, претседател на првото повеќепартиско Собрание, вели дека демократизацијата на државата се одвивала со забавено темпо.

„Мислам дека се донесе погрешен модел на приватизација, потоа моделот се искомплицира, така што не се создаде можност за странски капитални инвестиции и за нов менаџмент. Предолго останаа врските со Милошевиќ, со Југославија и тоа се одрази на економскиот развој и на меѓуетничките односи“, изјави Андов за МИА.

Вториот претседател на парламентот, Тито Петковски, пак, оцени дека и по 20 години не би можеле да се пофалиме дека сме ја збогатиле политичката култура, влијанието на граѓаните во донесувањето на одлуките, отчетноста на институциите... „Мислам дека сега сме подалеку од граѓаните отколку што бевме пред дваесет години“. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 1088 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 11.11.2010 13:06:12
Promeni ima. Denes na Vlast se starite komunisti tuku sinovite i kerkite na starite komunisti. Tie denes se tajkuni, gazdi, direktori, menandzeri,politicari.......
Од: Vistinska Makedonska Nacija
Датум: 11.11.2010 15:13:17
Obajcata citirani se podednakvo odgovorni za se zaedno so driugite. Za volja na vistinata, ovaa garnitura na novokomponiranite YUTA mnogu vesto i bez pardon se oslobodija od site koi signaliziraa sto se slucuva i sto ke se sluci. Taka DIjasporata se napolni so produktivni kadri koi gi zbogatuvaat drugite drzavi kade sto otidoa na pecalba, a vo Makedonija ostanaa neproduktivnite politicari koi se na drzavna sisa cel zivot i prodolzvuvaat da ja osiromasuvaat drzavata, no i da go unistuvaat nejziniot identitet i identitetot na NARODOT na Makedonija!
Од: од редовен читател
Датум: 11.11.2010 17:01:29
Ако сакаме вистински демократски парламент, тогаш треба да се вратиме на мнозинскиот изборен модел, вака партиите ни сервираат само сопствени послушници и луѓе кои немаат разбирање за многу прашања, ама имаат два прста и гласаат како ќе им се рече.
Од: реалист
Датум: 12.11.2010 09:12:50
Го гледав собранискиот канал, и навистина сум запрепастен зашто не го пренесовте Владимир Голубовски, тој кажа се, ја дијагностицира болеста на македонската политика, го разоткри трикот на големите мак партии со мега коалициите, предлози забрана на предизборни коалиции, објасни зашто граѓаните грешат што апстинираат на изборите, предупреди на неприфатливоста на смешниот легитимитет на владеачката и опозиционата позиција на двете мак партии, и најважно предупреди на сериозната контрадикција во услови на двопартизам и изместени позииции на законодовната и извршната власт дека всушност е компромитиран политичкиот плурализам и системот на парламентарна демократија ! Зашто воопшто од сите медиуми беше потценета оваа средба на првиот состав на Парламентот кој ја осамостои Македонија, кога знаеме дека ако овие сегашните парламентарци беа во 1990 Македонија немаше повеќе да постои !

Најди! во Утрински
Хроника
Деца сонуваат за подобар живот, а завршуваат во пекол
Бендевска и Коњановски повторно во судница
Казни поради исчезнувањето на близнаците
Крај за криенките со двојното државјанство
На Итната помош и' треба помош
Полицаец пред отказ по кражбата во ПС „Ѓорче Петров“






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'