ПРИЛЕП - Возило на Службата за итна медицинска помош во Прилеп вчера останало во дефект во момент на пренесување на пациент со сериозни здравствени проблеми до Градската болница. Дефектот се случил на влезот во градот на главната улица и како што велат возачите, среќа што не биле на отворен пат, зашто овој дефект можел да заврши со фатални последици.
„Се откачила виљушка и останале на пат. Јас појдов потоа со друго возило, без ротационо светло, без сирена, а пренесувавме итен пациент во болница. За среќа, се' се заврши добро “, вели Тале Соколоски, возач во службата.
Тој додава дека сите три патнички возила се неисправни и дека речиси секој ден се во дефект. Ова го потврдуваат и сите вработени доктори, медицински персонал во службата. Тие реагираат и бараат проблемот да се реши итно, зашто стравуваат за нивниот живот и за здравјето на пациентите.
„Денеска пациентот беше цијанотичен, со болки во градите и под кислород беше транспортиран кон Прилеп. Можело да се случи најлошото, но ете, имавме среќа сите. Постојано доставуваме барања до Министерството за здравство за набавка на нови возила, но добиваме негативен одговор“, вели началникот д-р Гоце Јонзоски. (Мн.Т.)
Почитувани читатели.Вчера во Прилеп се случи страшна работа,се распадна возило на ИТНАТА помош .Во 18 и 30 локалната телевизија КАНАЛ ВИЗИЈА даде видео снимка и изјави од учесниците.ПОСЛЕ ТОА ДИРЕКТОРОТ НА Здравствениот дом во Прилеп им се заканил на УРЕДНИЦИТЕ на телевизијата,доколку во 21 и 30 и 00 и 30 објават повторно ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП ќе им ја затвори телевизијата.ДПМНЕ и се е можно,не се објави ништо повеќе.Така ами како,да се знае кој владее и кој мава.НЕМА ЛАБАВО.
Од: јас
Датум: 11.11.2010 18:09:51
Таков случај не е само вчера,ами се има случувано МНОГУ ПАТИ досега..Мои пријатели работат во Итната медицинска помош и го кажуваат ова.Се плашат за своите животи секој пат кога седнуваат во дотраените возила..Ама од овие портокали не може ништо да се направи .Не може да се набави опрема за работа,а не пак нови возила..Поставија камери,но тие не помогнаа кога имаше кражба во просториите на ИМП...„Случајно “ некој го избришал снименото,за да не се открие кој е ...Потоа се ис��чени сите многу годишни дрва во кругот на ИМП, а кој се огреа со сите тие кубици дрва , си знаат само главните,кои и ги исекоа..А платите ?! Тие се посебна приказна и секој месец се се’ потенки и потенки..Еден доктор кој работи зиме на -10 степени „ака“ по планините во ниедно време на ноќта,за да помогне на пациент по селата добива некаде околу 400 евра плата..Да ти се плукнам на факултетот и звањето ДОКТОР , кога обичен порокалов пилиштар вработен во администрација , со одвај завршено средно зема толку.ОСТВАРУВАМЕ