Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника

Деца сонуваат за подобар живот, а завршуваат во пекол

Македонија веќе не е само транзит, туку земја на потекло на случаи со трговија со деца

Горан Адамовски

Нина и Ина се две девојчиња на иста возраст. Нина живее во град и сонува да стане фризерка. Ина е од село и мечтае за добар сопруг и за големо семејство. Но, годините врват, а нивните семејства живеат во тешки услови. Еден ден на гости кај Нина доаѓа нејзиниот братучед од странство. На сите им носи скапи подароци. На Нина и' вели дека животот во странство е многу убав и и' вели да појде со него.

Во меѓувреме, Ина запознава згодно момче, кое е многу љубезно со неа. Таа се вљубува во него. Тој и' вели да одат во странство, да заработат пари и да се вратат во Македонија, да си изградат куќа и да направат голема свадба. Ина си помислува дека нејзините соништа, конечно, ќе станат реалност.

Но, и двете девојки не ни помислуваат дека нивните животи набргу ќе се претворат во кошмар. Нина не може да поверува дека нејзиниот братучед ја втурнува во проституција, а Ина е продадена од нејзиното момче. Двете девојки стануваат робинки. Нина се' уште работи како сексуална работничка, а Ина успева да побегне, но никогаш нема да може да си го види своето семејство.

Ова е анимираниот филм што им го пуштаат на учениците од основните и од средните училишта низ градот инспекторите од Одделот за превенција на СВР - Скопје. Нивната целна група се деца од 10 до 16 години, кои сонуваат за подобар живот и повеќе пари, а трговците со деца го користат тоа, ветувајќи им се' и сешто.

„Македонија не е веќе само транзитна точка, туку и земја на потекло на случаи со трговија со деца“, призна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на вчерашната презентација на проектот „Превенција од трговија со деца“ во Општина Гази Баба.

Од 2008 година досега во земјава се регистрирани 30 случаи на трговија со деца. Само годинава кривично биле пријавени 25 лица. Најчести жртви се децата на возраст меѓу 13 и 17 години, кои потекнуваат од семејства што се соочуваат со основните егзистенционални проблеми.

„Затоа е неопходно да се развива компонента, да се препознае опасноста, да се реагира и да се одбегне. Потребна е заедничка соработка на надлежните институции и поддршка во реализирање на превентивните активности со родителите и децата, но и со наставниците и со локалните заедници“, смета Јанкулоска.

Едукативните сесии на полицијата досега ги посетиле 350 ученици, а на бесплатниот СОС-телефон помош побарале 171 лице.


#
Статијата е прочитана 2380 пати.

Испрати коментар

Од: Goce
Датум: 11.11.2010 13:27:04
I sto napravile? Sega kje gi isplasat decata od svoite rodnini vo stranstvo. Tolku idiotski reklami nema nikade...
Од: TRAJANKA
Датум: 11.11.2010 16:32:15
Odlicno Policijata sto prevzema programa da gi uci decata . Toa mnogu ke pomogne na mladite deca da ne bidat zrtvi , na kriminalci . Policijata ima avtoritet kaj decata , so programa za Droga, Kriminal , Domasno nasilstvo i slicno . Roditelite nekogas se mnogu naivni , mislejki deka toa ne niv ne moze da im se sluci Deteto da zaluta na pogresen pat ! Ovaja programa treba da e zadolzitelna vo sekoe uciliste vo Makedonija , decata da ne bidat lesen PLEN NA KRIMINALCI .
Од: sladj
Датум: 11.11.2010 16:32:54
@goce..toa e i poentata. ksenofobicnost doma, ksenofobicnost kon nadvor. rabotava, sedete si doma siromaski i mectajte za poubav zivot. snistata se besplatni

Најди! во Утрински
Хроника
Бендевска и Коњановски повторно во судница
Казни поради исчезнувањето на близнаците
Крај за криенките со двојното државјанство
На Итната помош и' треба помош
Системот се менуваше, политичарите останаа исти
Полицаец пред отказ по кражбата во ПС „Ѓорче Петров“






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'