МЕГАН ФОКС
Во врска со Роберт Патинсон
Деновиве Холивуд на големо зборува за врската помеѓу младиот актер Роберт Патинсон и најубавата жена на светот меѓу актерките, Меган Фокс.
По обелоденувањето во јавноста дека свршувачката помеѓу Фокс и Брајан Остин Грин била прекината, актерката очигледно не губела време во изнаоѓање нов партнер. Овој пат станува збор за Патинсон, кој по прославувањето со улогата во филмот „Самрак“, преку ноќ станал новиот заводник на Холивуд. Откако бил виден во друштво на Натали Портман, Патинсон на крајот, по се' изгледа, завршил во прегратките на атрактивната Меган Фокс. Двајцата биле видени како се забавуваат во еден клуб, по што Фокс изјавила дека навистина ужива во друштво на убави момци и дека хормоните и' работат, согласно со годините.
„Навистина уживам кога водам љубов и не се срамам да го признам тоа. Млада сум и тоа го прават хормоните во мене. Немам навика да соберам некој маж од ресторан или ноќен клуб, бидејќи тоа едноставно не е мој стил“, изјавила Фокс.
Имено, по престојот во еден хотел во Лос Анџелес, Патисон и Фокс биле видени како уживаат во алкохолот и заедничкиот разговор, по што започнале приказните дека нивното дружење е многу повеќе од пријателско.
|