Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Забава

Стил

Судбината на Фрицл и неговите жртви излегуваат на суд

Бертолд Киплинџер, психолог одговорен за менталното здравје на семејството од ќелијата, за Елизабет вели: Таа не е ништо помалку од херој. Успеала да ги заштити сите таму долу, единствено држејќи се со љубовта спрема своите деца

Јасминка Павловска

Од понеделник, 16 март, Јозеф Фрицл ќе се соочи со својата судбина. Поротата ќе се собере во судницата во малото австриско гратче Сент Пелтен за да донесе пресуда за чудовиштето, за кое се мислеше дека може да постои само во мислите на холивудските сценаристи. Тие ќе ги слушаат сведоштвата, толку застрашувачки што судијата одреди да не се изнесуваат повеќе од два часа дневно. По пет дена тие би требало да откријат од зборовите на Фрицл, од снименото сведоштво на неговата главна жртва, како овој навидум обичен човек се претворил во силувач, темничар, измачувач и крадец на животот на својата сопствена ќерка. За многу сведоштва поротата решила дека се ирелевантни. Човекот кој се решил да ја затвори својата ќерка Елизабет и 24 години да ја користи како личен сексуален роб сигурно нема да биде ослободен. Дури и деновите што ги живее во сигурниот затвор или во психијатриската болница изгледаат „слободарски“ во однос на затвореничкиот свет создаден од неговиот монструозен ум.

Овој човек е толку суров, контролиран, арогантен за да ја открие тајната за занданата што ја направил во својот дом, каде што го измачувал својот сопствен пород - место каде што ја силувал својата ќерка околу 3.000 пати и татко на седум деца создадени со неа во просторниот и духовен мрак.

Цел тим лекари и психијатри се труделе да ја состават мапата на мрачните патишта на мислите на неговата перверзна личност за ��а дојдат до одговор на едноставното прашање: зошто? На крајот, тие веруваат дека вистината е во едноставната суровост на петте збора во реченицата што кусо ја изговорил кога го уапсија во април минатата година: „Бев роден да силувам“.

Фрицл ќе истапи пред судот, исправен и ни малку скршен, убеден, како што бил убеден низ целиот свој живот, во својата сурова супериорност. Блиндирано комби ќе го носи до судот од ќелијата и ќе го враќа назад.

На 25 километри од Сен Пелтен, во селото Митеркиршен, кошмарот продолжува. Во куќа обезбедена од властите, Елизабет Фрицл, сега 42- годишна, живее со шесте деца што ги има изродено со својот татко.



Елизабет ја обвинува мајка си

Три од нив, веднаш по раѓањето, Фрицл ги однел во горниот дел од куќата, кај сопругата Розмари (мајка на Елизабет), додека другите три никогаш, до нивното ослободување минатата година, немаа видено небо, ниту трева... Сега овие две групи деца, кои ги поврзува крвта и нешто друго, се обидуваат да се поврзат како семејство откако нивниот франкештајнски создавач засекогаш е отстранет од нивните животи. Но, ништо не може да им го избрише од меморијата тоа што било. Слободата не им донела внатрешен мир од тортурата на Фрицл. Од интервјуата со згрижувачите и полицијата е јасно дека терапијата на измаченото семејство тапка во место и никакво излекување не е на повидок. Нетрпеливоста меѓу Елизабет и нејзината мајка Розмари не е залекувана. Тоа се видело уште на психијатриската клиника, со постојаните приговори на Елизабет дека нејзините три одземени деца ја нарекуваат Розмари - „мајка“. Всушност, непријателството меѓу двете жени започнува на денот, во 1984 година, кога Елизабет дрогирана со етер е затворена во занданата изградена од татко и' во подрумот на нивната семејна куќа во градот Амстетен.

Но, корените на насилството досегаат до 1967 година, кога Елизабет имала едвај две години, а Јозеф Фрицл провалил во куќата на заспаната медицинска сестра, близу Линц, и ја силувал заканувајќи и' се со нож, велејќи и' дека ќе ја убие ако го пријави во полиција.

„Тато е на работа во странство“, им кажала тогаш Розмари на своите деца. Всушност, тој тогаш бил во затвор. Нешто одбивно се создава во психата на Елизабет за нејзината мајка кога таа го прима Фрицл назад во домот, знаејќи дека е насилник. Кога Елизабет имала 11 години, Фрицл оставал порнографски списанија под нејзината перница и мастурбирал пред неа. Прашањето што Елизабет морала да си го постави е како Розмари не знаела дека Фрицл ја злоупотребува, ниту дека подоцна го организирал нејзиното исчезнување. Тоа се сомневања што предизвикуваат непомирливост, која веројатно никогаш нема да се залекува.

Сега Розмари живее сама во Линц и е добредојдена во куќата на Елизабет како гостинка, но секогаш завршуваат со ракување и мошне ретко со прегратка за ќерката, за која сопругот и' рекол дека побегнала за да и' се придружи на некаква секта. Елизабет би можела да разбере дека мајка и' ги голтала лагите на татко и', зашто и таа била брутално малтретирана од неговите тирански правила. Но, кога Елизабет била ослободена од ќелијата, таа ја открила темната тајна - дека тој бил осудуван силувач. Таа почнува со прашањата како мајка и' можела да остане со него, знаејќи го тоа. Со тоа прашање во заднината односите стануваат потензични.

Лекарите се надеваат дека мајчинската врска ќе се зајакне, но засега тие се повеќе сконцентрирани на физичкото и менталното здравје на Елизабет.

Елизабет мора да се прашува како Розмари можела да не знае?

Физички, она што и' го правел Фрицл на Елизабет било пострашно од средновековна тортура. Ја измачувал со огромни секс-играчки во нејзината утроба, предизвикувајќи страшни внатрешни повреди. Дури ако се' уште и денес била негов затвореник, веројатно, веќе и не ќе можела да роди друго дете. Годините минати со евтина храна, често со поминат рок, со која Фрицл ја хранел својата илегална фамилија, се одразиле со видливо отсуство на витамини во организмот на Елизабет, слаби коски и многу изгубени заби. Но, со вистинска медицинска нега и добра исхрана тоа некако и може да се исправи. Но, ментално, таа страда од нарушувања од посттрауматски стрес, како војниците со искуство во воените зони. Во куќата каде што живее, сите врати постојано се отворени. Елизабет и нејзините деца донесени од подрумот имаат фобија да бидат во соба каде шт�� вратите може никогаш повеќе да не се отворат. Во ќелијата таа била решителна жена која се грижела за другите и успеала да ги спаси со мајчинскиот инстинкт и со силната љубов да ги извади на светлината на денот. Но, во надворешниот свет, таа сега е инхибирана. На многу начини се' уште е тинејџерка, за која времето запрело во летото 1984 година. Полека и болно, сега за неа часовникот се ресетира. Лекарите се' уште не можат да навлегуваат во области кои можат да и' создадат болка. Полека и внимателно, како сите жртви на сексуално малтретирање, таа треба да се справи со гротескното злосторство што е извршено врз неа. Таа мора да сфати дека не носи вина и мора да го раздвои животот пред и по ќелијата. А таа нема совладано некои основни животни вештини, како што се купување во супермаркет, користење мобилен телефон, водење љубезни разговори...

Бертолд Киплинџер, психолог одговорен за менталното здравје на семејството од ќелијата, за Елизабет вели: „Таа не е ништо помалку од херој. Успеала да ги заштити сите таму долу, единствено држејќи се со љубовта спрема своите деца. Нејзиниот мајчински инстинкт ги спасил сите“. Оние кои и' помагаат да се справи со новиот живот се восхитени од нејзината храброст, љубовта, достоинственоста и гордоста. За луѓето кои живеат во светот на инстант-славата и популарноста не беше изненадувачка понудата од најголемите медиумски компании во јануари годинава, кои на Елизабет и' ставија на располагање 5 милиони фунти за ексклузивни права за да го сподели својот маченички живот во весници, магазини, ток-шоуа, филмови и книги. Без колебање, Елизабет сето тоа го одби: „Благодарам, не! Ве молам, оставете ме намира!“

Елизабет не сака ништо повеќе, само сигурност и сатисфакција за своите деца што ги одгледала во темнината на ќелијата, како и за оние што и' биле одземени за да живеат во горниот дом со мајка и' и татко и'. И тие, како жртви од ќелијата, треба да научат како да се справат со спомените кога татко им ја силувал мајка им пред нивните очи. Тие секогаш знаеле што ќе се случи кога Фрицл ќе го угаснел светлото. Но, тие можеле да видат, да слушнат и да ја почувствуваат агонијата на својата мајка, дури и сега по завршувањето на маченичкиот живот.

Фрицл крадец на детството, првиот танц и првиот бакнеж

Керстин, денес има 20 години, чија болест во сутеренот (таа страдала од повеќекратно нарушување на органите, предизвикано од сиромашна храна и недостиг од лекови) го потегнала крајното ослободување, не се одвојува од братот Стефан (18), со кој го делела животот под земја. Тие денес постојано се дома и ретко излегуваат надвор, деновите ги минуваат гледајќи телевизија, слушајќи музика и и' помагаат на мајка си. Како и нивната мајка, Керстин и Стефан се охрабруваат полека да почнат да зборуваат за своите чувства и да научат да се самопочитуваат - нешто што Фрицл им го украл за време на нивното детство. Тие треба да научат како да навлезат во светот што го гледале единствено низ призмата на телевизорот кој постојано работел во ќелијата и емитувал слики на далечен свет, кој никогаш не го искусиле и им било кажано дека никогаш нема да го искусат.

Феликс, кој сега има шест години, има потреба од специјални очила за да ги заштити очите од сончевата светлина што никогаш не ја видел, се чини, најдобро се снаоѓа во ситуацијата. Тој ги воодушевува сите што ќе го запознаат. Деновите ги минува качувајќи се по дрвјата во дворот, корнејќи трева, гледајќи во небото како во чудо. Лекарите веруваат дека е доволно мал за да ги заборави траумите. Покрај тоа, тој никогаш не можел да сфати што се случува кога дедо му ќе ја одвлечкал мајка му во аголот за спиење и светлата ќе се изгаснеле.

Во конфликтните чувства што ги има семејството за Фрицл се појавува уште една, многу покомплексна работа. Додека тие го мразат она што им се случувало, сепак, се појавува и некакво дуалистичко чувство на приврзаност, можеби дури и извртен вид љубов. Затоа ниту од Стефан ниту од Керстин не е побарано да сведочат против него. Последното нешто што обвинителите сакаат да го слушнат е макар и најмал вид одбрана за чудовиште како Фрицл, што би можело да се искористи за да се прикаже како грижлив, заштитнички и сакан патријарх.

Уште покомплексни се односите меѓу децата кои живееле во ќелијата и оние кои биле преместени да живеат со семејството на горниот кат. Моника (15), Лиза (16) и Александар (12), чиј брат-близнак Михаел умрел во ќелијата - имаат исти татко и мајка, но секоја сличност завршува кај заедничките гени.

„Децата од ќелијата не можеа во почет��кот да разберат зошто на децата од горниот кат им е тешко да ја нарекуваат Елизабет ’мамо‘“, кажува еден вработен во клиниката. Тие се љубезни со роднините што никогаш не ги знаеле, но како и во врските меѓу децата и таткото кој се вратил по 20 години на море - тие се странци.

И нешто друго се испречува меѓу нив. Децата од горниот кат имале живот, оделе на училиште, имаат пријатели, имале љубовни состаноци, часови по музика, пливање и вонучилишни активности. И еден ден се разбудиле и не само што откриваат дека нивната мајка се вратила туку дека имаат и други браќа и сестри.

„Наеднаш беше пресечено сето она што го знаат, што го знаеле... Всушност, се' исчезнало засекогаш. Уште повеќе, тие знаат дека нивниот строг, но не непријатен дедо го очекува судење за тоа што го сторил. Тие знаат дека таа ситуација ќе трае со години и тоа ги застрашува“, велат психолозите.

Тие деца се преместени од училиштето каде што учеле и сега посетуваат различни училишта за да се минимизира ризикот од препознавање. Дадени им се нови идентитети и се под постојан надзор на учители, запознати со нивната ситуација. Сите деца се под супервизорски надзор, но не се кажува кога ќе заврши експериментот.

За среќа, оние што се блиски до семејството велат дека сите тие имаат нескриена голема љубов и сочувство кон Елизабет. Тоа е нејзината цел, како водач на овој дисфункционален клан - да ги зближи едни со други. Тоа е нејзино барање и на крајот - нејзин триумф над Јозеф Фрицл и над сета деградација што била извршена врз сите нив.

 


Статијата е прочитана 487 пати.

Испрати коментар

Од: filip
Датум: 14.03.2009 12:18:20
i ova li e zabava
Од: vcudonevidena
Датум: 15.03.2009 08:44:43
Golem pozdrav do urednikot a i do novinarkata koi mosne vnimatelno izbrale kade da go smestat tekstot , se soglasuvam so Filip , ste go smesale malku mestoto na tekstot , ova e za najcrna hronika a ne za "zabava" i "stil" Ne sakam ni da ja zamislam realnosta na ovaa tragicna prikazna i prodolzuvam da se prasuvam kako e mozno da postoi nesto tolku monstruozno vo covestvoto

Најди! во Утрински
Забава
На Европа и' недостигаат вистински лидери
Барбика во почетокот беше Лилика
Духови - прекршување на светлината или вистина?
Нормален живот за децата
Повторно лут на новинарите
Tенискиот ас налето - татко
Во врска со Роберт Патинсон