Број 3639  понеделник, 25 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Пет минути интервју

Сакам малку разбрануваност и хаос

Лабина Митевска, продуцентка и актерка

Сунчица Уневска

Моментно се во тек летните одмори. Па, сепак, има уште само два месеца до 32. Фестивал на филмска камера „Брака Манаки“. Како течат подготовките?


„За да се има успешен и добар фестивал, подготовките за ’Браќа Манаки’ започнуваат во моментот кога ќе заврши неговото последно издание. Точно е дека има уште само два месеца до започнувањето на годинешниот фестивал, но некако внатрешно сите сме мирни. Селекторите си ја заокружуваат листата на филмови, гостите се канат, Битола е спремна да не' дочека, досега се' оди како што сме предвиделе“.

Се напишаа многу работи за снимањето и за содржината на новиот филм „Жената што ги избриша солзите“ каде што повторно си продуцентка и актерка. Но, можеш ли да ни откриеш каква беше приватно големата актерка Викторија Абрил?

„Викторија Абрил е една од најпрекрасните личности што ги имам запознато. Таа, пред се', е голем човек, а потоа и голем уметник. П��екрасно е да видиш и да работиш со актерка што има направено над сто и триесет филма, а која е толку скромна, креативна, едноставна и комуникативна. Во филмот вложи многу и тоа се гледа на платното. Мислам дека направи една од своите најдобри улоги во својата кариера“.

Лабина, доста време од годината живееш и во германскиот град Гетинген. Како е да се живее во овој студентски град?

„Гетинген е прекрасен град, тивок, среден, зелен, чист. Сето она што би можел да го посакаш од еден град. Но, од друга страна, за мене, сепак, е малку претивок, пресреден, пречист. Јас лично сакам малку разбрануваност, сакам малку хаотичност, се разбира, не премногу, но некогаш сакаш тоа од некаде да навира. Во Германија го нема тоа“.

Често патуваш, но секогаш се враќаш во Скопје. Имаш ли понекогаш желба ова „изгор лето“ да го напуштиш засекогаш?

„Ах, да постојано имам таква желба. Го сакам Скопје, го обожавам, со сите негови недостатоци, Скопје е град на моето детство, на мојата младост. Но, во лето е тешко. Некогаш си помислувам дека Скопје не е за летен период. Токму пред некој ден си размислував дека можеби би требало да воведеме летно работно време, на пример, од пет часот наутро до еден часот попладне!“


#
Статијата е прочитана 1206 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Заталканото писмо на ОБСЕ стаса д�� спикерот Вељаноски
Предвидувана трагичната смрт на Ејми Вајнхаус
Двајца пешаци покосени на улица
Еванс нов освојувач на Тур де Франс
Помрачување на умот
Милчин обвини дека против него се води политички линч
Свадба во сопствено реално шоу
Удар врз правдата и врз соживотот
Брејвик планирал егзекуција на илјадници Европејци
Подготвена да биде самохрана мајка
Долг и заблуда
Една минута молчење за жртвите во Норвешка
„Пат кон Калвари“ од сликарско на филмско платно
Иванов му изрази сочувство на норвешкиот крал
Пусто лето на Пелистер
Хаџиќ за прв пат пред Хашкиот Трибунал
Александар и земјата што стана Турција
Се „топи“ кредитниот рејтинг на Грција
Проговори собарката што го обвини Строс Кан
Онлајн вести

"""