Шенон Доерти
Свадба во сопствено реално шоу

Актерката Шенон Доерти, која го толкуваше ликот на Бренда во популарната серија „Беверли Хилс“, наскоро се враќа на малите екрани, и тоа со сопствено реално шоу, каде што гледачите ќе можат да ја видат и нејзината венчавка со фотографот Кутр Исвариенко.
Четириетсгодишната актерка и нејзиниот свршеник ќе им ги откријат на гледачите деталите од својот живот во новото реално шоу што ќе се емитува на американската УЕТВ.
Меѓу другото, ќе бидат прикажани и нивните подготовки за свадбата и реновирањето на куќата во Малибу, а главниот настан ќе биде изговарањето на судбоносното „да“.
„Луѓето ќе ја запознаат Шенон од еден сосема нов агол - Шенон каква што не можеа ни да ја замислат“- најавил продуцентот Џон Милер. Реалното шоу би требало да започне да се емитува во јануари 2012 година. |