Џенифер Анистор
Подготвена да биде самохрана мајка

Атрактивната актерка Џенифер Анистор кажала за магазинот „Лук“ дека е подготвена да биде самохрана мајка доколку се случи тоа еден ден. Четириесет и двегодишната актерка, која се забавува со Цастин Теро, решена е во намерата да има семејство и не и' е важно дали детето ќе го подигнува сама или ќе има партнер.
„Би сакала да имам деца еден ден. И тоа ќе се случи. Отворена сум за опцијата да бидам самохрана мајка, но и да посвојам дете. Тоа е сосема во ред“, изјавила актерката.
Убавата актерка, која беше во брак со Бред Пит и во врска со Винс Вон и Џон Мејер, признала дека повеќе би сакала да седи дома со пријателите отколку да излегува да се забавува надвор.
„Никогаш нема да ме видите на ’Твитер’ или нешто слично. Тоа не е за мене. Јас сум за традицијата, за телефонски повици и писма, иако купувам преку интернет и сакам аукции“, додала актерката. |