Број 3639  понеделник, 25 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

МЕРИДИЈАНИ

Долг и заблуда

Роберт Шилер

Кога владиниот долг ќе надмине 90 отсто од БДП, земјите трпат побавен раст, губејќи еден процентен поен на годишна стапка

Економистите сакаат да зборуваат за прагови, кои ако бидат поминати, ќе донесат проблеми. Вообичаено, има елемент на вистина во она што го кажуваат. Но, јавноста честопати бурно реагира на таквите зборувања. Обрнете внимание, на пример, на односот долг - БДП, што е многу експонирано во вестите денес во Европа и во САД. Понекогаш се вели, речиси едногласно, дека долгот на Грција е еднаков на 153 % од нејзиниот годишен БДП и дека Грција е несолвентна. Неколку вакви изјави беа дополнети со неодамнешните телевизиски снимки од Грци што беснеат по улиците. Како сега изгледа тоа?

Тука во САД тоа може да изгледа како слика од нашата иднина, бидејќи јавниот долг опасно се приближува до 100% од годишниот БДП и продолжува да расте. Но, можеби оваа слика е премногу изразена во нашата имагинација. Дали можеби ова се должи на тоа што луѓето мислат дека земјата станува несолвентна кога нејзиниот долг надминува 100% од БДП?

Јасно е дека тоа би било глупост. На крајо�� на краиштата, долгот (кој се мери во монетарни единици) и БДП (кој се мери во монетарни единици по единица време) дава однос во единици на чисто време. Нема ништо необично во користење на година како единица. Година е време што и' е потребно на Земјата да го заобиколи Сонцето, која, освен за сезонските индустрии како земјоделието, нема особено економско значење. Требаше да го запаметиме ова од часовите по наука во средно училиште: секогаш внимавајте на единиците мерки. Ако погрешите со единиците тогаш сте целосно збунети.

Ако економистите вообичаено не ги анализираат кварталните БДП податоци и ги множат кварталните БДП со четири, односот долг-БДП на Грција би бил четири пати поголем отколку што е сега. И ако тие вообичаено декадализираат БДП, множејќи ги кварталните БДП бројки со 40 наместо со четири, долгот на Грција би бил 15%. Од гледна точка на способноста на Грција да плаќа, таквите единици би биле порелевантни, со оглед на тоа дека нема да мора да го плати својот долг во целост во една година (доколку кризата направи да биде невозможно да се рефинансира сегашниот долг).

Дел од националниот долг на Грција е на Грците. Како таков, товарот од долгот очајно ги изразува обврските што Грците ги имаат меѓусебно (главно во форма на семејни обврски). Во кое било време од историјата, односот долг-годишен БДП (вклучувајќи ги и неформалните долгови) во голема мера би надминал 100%.

Повеќето луѓе никогаш не размислуваат за ова кога реагираат на насловите за бројките на односот долг - БДП. Може ли тие навистина да бидат толку глупави, па да бидат збунети од овие односи? Зборувајќи од лично искуство, морам да кажам дека можат, бидејќи дури и јас, како професионален економист, повремено морам да се сопрам да не ја направам токму истата грешка.

Она што навистина се случува во Грција е операција на социјално-повратен механизам. Нешто почна да прави инвеститорите да се плашат дека долгот на Грција има малку поголем ризик од неисполнувањето на обврските. Пониската побарувачка за грчкиот долг предизвика нејзините цени да паднат. Повисоките стапки направија да биде поскапо за Грција да го рефинансира својот долг, креирајќи фискална криза што ја принуди владата да воведе сериозни мерки за штедење, што, пак, доведе до јавни нереди и економски колапс што разгоре уште поголем скептицизам кај инвеститорите околу способноста на Грција да го сервисира својот долг.

Трудот напишан минатата година од Кармен Рајнхарт и Кенет Рогоф, наречен „Раст во време на долг“ во голема мера е цитиран за неговата анализа на 44 земји во период од 200 години, и во кој се заклучува дека кога владиниот долг ќе надмине 90% од БДП, земјите трпат побавен раст, губејќи околу еден процентен поен на годишна стапка.

Фундаменталниот проблем со кој поголемиот дел од светот денес се соочува е тој што инвеститорите бурно реагираат на односите долг - БДП, стравуваат од некој магичен праг, и премногу рано бараат програми за фискално штедење.

(Авторот е професор по економија во пензија на Универзитетот Јеил и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“.)


#
Статијата е прочитана 1152 пати.

Испрати коментар

Од: jean luc picard
Датум: 25.07.2011 08:43:57
Роберт Шилер е еден од ретките економисти кои имаат свој интегритет, не се има продадено на банкстерите од Волстрит за да ја спроведува нивната агенда, размислува трезвено и некогаш знае да идат спроти ветерот ама на крај искача у право.

Најди! во Утрински
Насловна
Заталканото писмо на ОБСЕ стаса до спикерот Вељаноски
Предвидувана трагичната смрт на Ејми Вајнхаус
Двајца пешаци покосени на улица
Еванс нов освојувач на Тур де Франс
Сакам малку разбрануваност и хаос
Помрачување на умот
Милчин обвини дека против него се води политички линч
Свадба во сопствено реално шоу
Удар врз правдата и врз соживотот
Брејвик планирал егзекуција на илјадници Европејци
Подготвена да биде самохрана мајка
Една минута молчење за жртвите во Норвешка
„Пат кон Калвари“ од сликарско на филмско платно
Иванов му изрази сочувство на норвешкиот крал
Пусто лето на Пелистер
Хаџиќ за прв пат пред Хашкиот Трибунал
Александар и земјата што стана Турција
Се „топи“ кредитниот рејтинг на Грција
Проговори собарката што го обвини Строс Кан
Онлајн вести

"""