Еуродизелот поевтини за четири денари
Еуродизелот и екстралесното гориво од денеска се поевтини за четири денари за литар, ЕУРОСУПЕР-98 за два, а ЕУРОСУПЕР-95 и МБ-96 за 1,5 денар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45 проценти. Литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по 48,5 денари, ЕУРОСУПЕР-98 за 49,5, а МБ-96 51,5 денари. Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ е 43,5 денари, на екстралесното масло за домаќинство 32 денара, а екстралесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) 32,50 денари. Цената на мазутот М-2 се намалува за 1,446 денари за килограм и изнесува 14,331 денар. (Ек.Р.) |