Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Колку ќе расте БДП - Ставрески контра Груевски

Вицепремиерот очекува дека во 2009 година ќе имаме раст од 4 до 5 отсто

Александрија Стевковска

Владата нема да ја ревидира проектираната стапка на раст од 5,5 отсто за идната година, иако и самата признава дека ваков раст не може да се постигне. Стапката на раст со која се калкулира, според вицепремиерот Зоран Ставрески, засега се движи во границите од 4 до 5 отсто, што практично значи прифаќање на проекциите кои веќе ги објавија меѓународните институции, а го отсликуваат влијанието на светската економска криза врз економиите во светот, вклучително и македонската. За разлика од него, премиерот Никола Груевски се' уште цврсто се држи на ставот дека идната година земјава ќе оствари раст од 5,5 отсто.

„Доколку прашавте во септември колку ќе биде проекцијата на Владата за растот на БДП за наредната година, ќе кажевме околу седум проценти. Поради кризата, како проекција веќе го намаливме на 5,5 проценти. Засега остануваме на тоа, а во зависност од движењето на работите, ќе видиме дали ќе треба да се направи евентуална корекција на оваа проекција“, изјави вчера премиерот Груевски.

Наспроти него, вицепремиерот Ставрески вчера излезе со спротивна изјава, признавајќи дека Владата ја намалила предвидената стапка на раст.

„Економскиот раст ќе биде толкав колку што ќе произведе приватниот заедно со јавниот сектор, односно со капиталните инвестиции. Се надеваме дека Македонија ќе успее да одржи колку што е можно повисока стапка на раст во овие околности. Во досегашните анализи, ставовите и на Европската комисија и на Светска банка се дека стапката на економски раст ќе биде меѓу 4 и 5 проценти и засега сметам дека може да се оди со предвидување за таква стапка. Ако во текот на годината се покаже дека околностите се измениле, ќе се разгледуваат и другите параметри и ќе дојдеме до правилни констатации. Засега ��е согласуваме со процените на СБ и на ЕК“, изјави вчера вицепремиерот Зоран Ставрески.

Според него, засега проекциите во Буџетот за идната година остануваат исти. „Засега Буџетот за идната година останува така како што е проектиран. Ќе видиме какво ќе биде остварувањето во првите неколку месеци, а потоа во зависност од тоа колку ќе трае светската економска криза и колку ќе бидат реалните импликации врз македонската економија, подготвени сме за приспособување во која било насока“, најави Ставрески.

Досега во неколку наврати низа странски финансиски институции во своите извештаи за земјава прогнозираа стапка на раст пониска од владината, која беше оформена во септември и која не ги зема предвид последиците од светската економска криза. За разлика од нашата Влада, која цврсто се држеше за првичната проекција вградена во Буџетот за економски раст од 5,5 отсто, експертите на Меѓународниот монетарен фонд и СБ предвидоа земјава идната година да оствари стопански раст меѓу 4,5 и 5 проценти. Виенскиот институт, пак, одеше со многу пониска прогноза, односно со стапка од само 3 отсто раст на БДП за 2009 година. Слична перцепција имаше и за економиите на земјите во регионот поради финансиската криза што вовлече во рецесија повеќе европски земји. Експертите прогнозираа и забавен економски раст во земјите од Југоисточна Европа, со предупредување дека економиите во транзиција ќе се соочат со продлабочување на трговскиот дефицит, намалување на производството и забавено кредитирање.


Статијата е прочитана 617 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 23.12.2008 01:10:47
Toj sto ce se izmotava so prognozite za svetla idnina da si spremi 30000 €. Nema kaenje.
Од: Iko
Датум: 23.12.2008 08:43:20
izgleda pogresno ne ucele deka ekonomijata e egzaktna nauka. Duri i svetskite ekonomski eksperti uspesno gi prognmozirale 9 od poslednite 5 ekonomski krizi. (I dosta vece so tie 30000E)
Од: dejan
Датум: 23.12.2008 09:05:48
Eve gi golemite ekonomisti!!Kako rastiman orkestar se!!Nema uste dolgo da gledaat reklami lugjeto!
Од: Bitola
Датум: 23.12.2008 12:07:03
I ovie dvajca ke ja vodat makedonija.Kumot za pretsedatel a kumasinot premier.Pa toa ke bidi KATASTROFA.Tie sega nemozat da se usuglasat a ne togas.
Од: Saso
Датум: 23.12.2008 12:10:43
Grujo gleda na grafcinja - ke ima porast na BDP od 5,5 nasto i tocka! Dodeka svetot ne gleda i ni se smee, nie ke si napraime uste edno 5-6 reklami od po 400.000 evra,a vo najteskata ekonomska godina sto pretstoi ke jademe - treva. Svesti se makedonce so vreme kaj te vodat ovie susumigi dodeka ima vreme, zosto posle nema kaenje.
Од: maca
Датум: 23.12.2008 12:29:53
abe od sto ke go polnat buzetot koga umre se celo proizvodsstvo cela industrija umre. kravata se rani za da dava mleko i da zivee koga ke umre kravata nema mleko . umre proizvodstvoto i industrijata narod prezivuva od rezervi vlada ke puni buzet treba da ima od sto hahahahahahaha.
Од: Spurga
Датум: 23.12.2008 13:28:15
Abe ama ste se fatile vie za 0.5%.poveke ili pomalku,i ne e taka golema razlika,ili e,neznam.))))))).Sto se razbirame nie od makroekonomija,si imame nie eksperti,ekonomisti,posle si imame nie kumovi,kumasini,pa posle si imame ni premieri,pretsedateli,pa posle ke si imame duri Bogovi i Svetci...nikogas ne se znae,sto ne ceka, so vaka sirokogled narod.Pozdrav i se razbira DOLE VLADA.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Нафтата поскапе на над 43 долари
Отворена Стопанската комора на Македонија и Турција
Сите македонски рудници пред затворање
Не се знае колку енергија ни треба за 2009 година
„Тојота“ очекува загуба прв пат во историјата
Фирмите уште не знаат за полесното царинење
Бизнисот бара уривање на визните бариери
Еуродизелот поевтини за четири денари
МЕПСО во Европската асоцијација на оператори
Нови санкции за брокери