Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Старите камиони не ги сака Европа

На вчерашната прелиминарно распределба на меѓународни транспортни дозволи - ЦЕМТ по електронски пат за 2011 година, учествуваа 678 фирми кои конкурираа за вкупно 1.114 ЦЕМТ-дозволи. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, истакна дека успеале да обезбеди дополнителни контигенти од 9.450 транспортни дозволи за Србија, Хрватска, Турција, Црна Гора, Италија, Данска, Германија, Босна и Херцеговина и за Белгија. Но, намален е бројот на дозволи за Грција од 128 на 90 за идната година, што е, според Јанакиески, поради политика на таа земја.

Тој им порача на компании и на сопственици на товарни возила со ЕУРО 3 стандард да ги заменат со ЕУРО 5 возила. „Сите оние што поседуваат ЕУРО 3 возила, а сакаат да се занимаваат со меѓународен транспорт треба да купуваат возила со минимум ЕУРО 5, бидејќи времето ќе ги прегази и потоа колку и да сакаат да им обезбедиме меѓународни дозволи ќе биде многу тешко оти контингентот на дозволи се определува од страна на ЕК и на Меѓународното ЦЕМТ-здружение. Бројот на транспортни дозволи од година на година за ЕУРО 3 возилата се намалува и прашање на време е кога ќе се сведе на нула. Тогаш товарните возила со ЕУРО 3 ќе може да се возат само на територијата на Македонија“, истакна министерот Јанакиески. Според претседателот на „Макамтранс“, Билјана Муратовска, за 2011 се издадени 220 ЦЕМТ-дозволи повеќе. Таа укажа дека најдобра покриеност од над 96 проценти имаат компаниите кои во својот возен парк имаат возила со ЕУРО 5, или ЕУРО 4 стандард со што на оние фирми што инвестираат во нови возила многу брзо ќе им се повратат инвестициите. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 875 пати.

Испрати коментар

Од: nepoznat
Датум: 16.11.2010 00:58:32
A dali znae ministerot kolku kosta edno vozilo so EURO5? Misli deka na kamiondziite ne im e poarno da vozat novi kamioni?

Најди! во Утрински
Економија
„Фолксваген“ да го купи „Ферари“ засега е сон
За убавината никогаш нема криза
Се' уште „Бунарџик“ ја сонува инвестицијата на „Хаиер“
Во железничкиот сообраќај ќе се вложат 50 млн. евра
Се очекува откуп на 25 млн. килограми тутун
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language