Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

„Фолксваген“ да го купи „Ферари“ засега е сон

Извршниот директор на „Фијат“, Серџо Маркионе, и шефот на германскиот концерн „Фолксваген“, Мартин Витеркорн, се согласни дека продажбата на марките на „Фијат“, „алфа ромео“ и „ферари“, на германската конкурентска компанија е само „сон“ и оти тој договор не е остварлив. „’Фолксваген‘ покажа интерес за ’алфа ромео‘ и неговите намери кон производителот на спортски автомобили ’Ферари‘, во кои ’Фијат‘ држи 90 отсто од акциите, но тие се само еден убав сон“, изјави Маркионе во Торино, коментирајќи го извештајот на италијанските медиуми. Претседателот на надзорниот одбор на директори на „Фолксваген“, Фердинанд Пих, во септември рече дека најголемиот производител на автомобили во Европа го анализира ставот на „Фијат“ кон „алфа ромео“ во случај италијанската компанија да сака да го продаде. „’Ферари‘ е реална цел на интересот на Пих“, објави во ноемвриското издание германското списание „Менаџер“, повикувајќи се на аналитичарите на автоиндустријата. „Ферари“ сега е најпрофитабилен бренд на „Фијат“ и финансиските експерти тврдат дека неговата вредност се движи меѓу 2,3 милијарди до 3,5 милијарди евра. Аналитичарите оценуваат дека за „Фолксваген“, со 19,6 милијарди евра во кеш, „Ферари“ е „мал залак“, но оти тешко е да се верува дека италијанскиот познат бренд ќе отиде во рацете на германскиот производител. Покрај тоа, „Фолксваген“ веќе има доволно спортски стоковни марки, меѓу кои се „ламборџини“, „бугати“ и „бентли“, а се подготвува да се здружи и со „Порше“. (МИА)


#
Статијата е прочитана 721 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Старите камиони не ги сака Европа
За убавината никогаш нема криза
Се' уште „Бунарџик“ ја сонува инвестицијата на „Хаиер“
Во железничкиот сообраќај ќе се вложат 50 млн. евра
Се очекува откуп на 25 млн. килограми тутун






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry