Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Се очекува откуп на 25 млн. килограми тутун

Се очекува откуп на околу 25 милиони килограми тутун од годинашнава реколта. Министерството за земјоделство упати апел до тутунопроизводителите да не ги мешаат сортите тутун за да не се создаваат проблеми при откупот. „Како што се договоривме пред неколку дена со тутунопроизводителите и претставниците на тутунските здруженија, откупните листи ќе бидат предадени денеска, 15 ноември, а сите заеднички ќе вложиме максимални напори годинашниот откуп да биде регуларен и добро организиран“, изјави министерот Љупчо Димовски. Струмичките тутунари собираат потписи против резолуцијата на Канада за исфрлање на адитивите од бленд-цигарите. Околу 600 тутунопроизводители од Струмичко се спротивставија на иницијативата ориенталниот тутун да се забрани во производството на цигарите. Предупредуваат дека со евентуалната забрана, илјадници семејства што егзистираат од тутунот ќе останат во сиромаштија. Од здружението на тутунопроизводители „Јака“ остро демантираат дека ориенталниот тутун има штетни својства. Но, освен иднината на тутунот, ги загрижува и висината на цената годинава според која ќе се продава. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 537 пати.

Испрати коментар

Од: Prasanje e na vreme
Датум: 16.11.2010 09:14:26
Tutunot sodrzi preku 16 stetni i kancerogeni materii, od koj najpoznat e nikotinot. Karakteristika na orientalnite tutuni ,koi se koristat kako aditivi vo blend cigarite ,e sto istite materii se vo mnogu povisok procent zastapeni vo niv. Poradi tie pricini e i baranjeto na Kanada za zabrana na upotreba na tie tutuni kako aditivi vo blend cigarite. Toa navistina moze da ja zagrozi idninata na mnogu semejstva vo Makedonija, no prasanje e na vrem e koga tie tutuni potpolno ce bidat isfrleni od upotreba , poradiu dokazanata stetnost.

Најди! во Утрински
Економија
Старите камиони не ги сака Европа
„Фолксваген“ да го купи „Ферари“ засега е сон
За убавината никогаш нема криза
Се' уште „Бунарџик“ ја сонува инвестицијата на „Хаиер“
Во железничкиот сообраќај ќе се вложат 50 млн. евра






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry